Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 29.05.2018

СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг

SlobodnaEvropa.mk 

Од СДСМ денеска реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг после 11-годишно пустошење на државата, осиромашување и енормно задолжување на граѓаните за споменици, барок и криминални тендери. „ВМРО-ДПМНЕ е синоним за тројно зголемен јавен долг и колапс на економијата. Затоа јавниот долг е висок, поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ. Според владејачката партија, со промените, долгот е стабилизиран поради, наведуваат, успешните економски политики на Владата. Читать дальше...

Тачи верува оти договорот со Србија ќе биде победа за двете земји

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Косово Хашим Тачи по денешната средба со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц изјави дека верува оти дијалогот за нормализирање на односите со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косово во сите меѓународни организации. Според него, двете страни од дијалогот ќе излезат како победници. Тој е убеден дека Европската комисија ќе излезе со позитивен извештај во однос на процесот на визната либерализација, бидејќи според Тачи, исполнети се сите критериуми.



Голејшка: Убаво е кога песните извираат и стигаат до публиката

SlobodnaEvropa.mk 

„Напишан дом“ е втората поетска збирка на Ана Голејшка, што неодамна се појави како еден од четирите нови поетски наслови од едицијата „Огнови“ на издавачката куќа „Антолог“. Книгата доаѓа по скоро пет години од деби објавата „Љубов на улица“ и за неа рецензентот Ѓоко Здравески ќе напише дека е „метафора за цел еден разнобоен и полнострастен свет собран во едно човечко тело“.

Иранец се самозапалил во Германија бидејќи не добил азил

SlobodnaEvropa.mk 

Иранец се самозапалил откако германските власти не му го одобриле барањето за азил. Според полицијата, 35 годишниот маж им пристапил на две службенички во регионалната служба во близина на Штудгард и им го покажал писмото во кое е наведено дека било одбиено неговото барање за азил. Службеничките се обиделе да му помогнат, но како што наведуваат од полицијата, тој станал агресивен и од неговиот ранец земал шише со запалива течност и додека властите се обиделе да реагираат тој се самозапалил. Од... Читать дальше...

Сите предлози за решавање на спорот за името се во игра

SlobodnaEvropa.mk 

Се уште се отворени сите можни опции за решение за името. Ниту едно име од предложените не е фаворизирано и се уште се разговара, јавува МИА од високи извори на Владата. Во нарадените денови ќе биде познат датумот за средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на која ќе бидат финализирани клучните детали за решението. Според владините извори, останува динамиката и тајмингот на конечно надминување на разликите околу името.

ОН ги истражуваат нападите врз болници во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

ОН ги истражуваат нападите врз болници и клиники во Сирија кои беа спроведени откако нивните локации и беа обелоденети на Русија. Од организацијата не соопштија детали за тоа кој е под истрага. Две медицински установи во Гута и две во Хомс беа цел на напади во минатата година откако нивните координати биле споделени со Русија и со САД.

САД: Верските слободи прекршени во Русија, Иран, Авганистан и Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Во најновиот годишен извештај за верските слободи на САД се наведува дека прогонството од религиозни причини продолжува да се шири низ целиот свет при што прекршувања се забележани во Русија, Иран, Авганистан и Пакистан. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е клучно да се одбрани верската слобода. Тој порача дека САД остануваат посветени сега и во иднина во заштита на верските слободи. Според него, во извештајот се документирани поплаки за прекршување и злоупотреби спроведени од страна на влади... Читать дальше...



Узбекистан и Туркменистан се опоравуваат од бурата

SlobodnaEvropa.mk 

Големи делови на западен Узбекистан и северен Туркменистан се опоравуваат по бурата која ги зафати земјите и ги оштети земјоделските поседи. Бурата која траеше три дена ја однесе и солта од исушените поранешни делови на Аралското Море на полињата на фармерите и овошните дрвја при што се стравува дека ќе бидат уништени многу култури. Поради невремето беа откажани и летови на аеродромот Ургенч.

Анѓушев ветува минимизирање на штетата од гасоводот на Водно

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по барањето од граѓански организации да се промени трасата за изградба на гасоводот која минува кај Водно изјави дека ќе биде минимизирано какво било оштетување на шумата кое ќе биде компензирано. Потребно е, според него, да се изнајдат сите средства со цел максимално да се заштити зеленилото и шумата на Водно и во таа насока се прават одредени дејствија. Промената на трасата, како што наведе, ќе го одложи градењето на гасоводот и снабдувањето со... Читать дальше...

Во МВР поднесени 59 пријави за напади врз новинари од 2013 до денес

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на заедничката прес-конференција со министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски информираше дека од 2013 до сега се поднесени 59 пријави од граѓани или медуми за физички напад врз новинари, загрозување на безбедноста во вид на закани и говор на омраза. Според него, најголем број од нападите биле во главниот град каде се пријавени 33 случаи, 19 се во Охрид, два во Струмица, Штип и Велес и еден во Битола. Читать дальше...

Во „Траекторија“ треба да се преслушаат уште 260 „бомби“

SlobodnaEvropa.mk 

Околу педесетина „бомби“ за договарањето со кинеските власти, „Ексим“ банка и компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид беа пуштени на денешното рочиште од случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство во Кривичниот суд во Скопје.  За случајот треба да се слушнат вкупно 315 „бомби“. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната стратегија на власта е загрижувачка

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска предупреди дека „фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка“. „Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година според нивната фискална стратегија ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра. Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ. Заев кога стана Премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата беше 4.7 милијарди евра. Читать дальше...

Нова демократија: Не брзајте со Скопје, договорот да биде на рати

SlobodnaEvropa.mk 

Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија. Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните написи во грчките медиуми, според кои, како што утрово објави МИА, предвидена е етапна имплементација на евентуалниот договор, вели дека „грчкиот премиер е подготвен за компромис“. „Нова демократија ја предупредува владата да... Читать дальше...

Катругалос: За договор е потребна смела одлука од Заев

SlobodnaEvropa.mk 

За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, изјавил алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“ „Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на премиерот Заев за двете прашања за кои имаме дискутирано, за уставни измени во врска со името и прифаќање на ерга омнес решение, за да се реши проблемот“, рекол Катругалос.

Хрватска стравува од епидемија на мали сипаници

SlobodnaEvropa.mk 

Откако во Дубровник е хоспитализиран пациент за кој постои сомневање дека е заразен со морбили (мали сипаници), во Хрватска се шири страв од епидемија, но и се поставува прашањето зошто е зголемен бројот на невакцинирани деца, кој во Дубровник минатата година изнесувал дури 60 отсто, додека тој процент во Дубровачко неретванската жупанија изнесува 45 отсто. Како што пренесуваат хрватските медиуми, прашање на време е кога и во Хрватска ќе избувне епидемија, која во Србија годинава однесе петнаесетина животи. Читать дальше...

Иванов реагира дека не бил информиран за преговорите за името

SlobodnaEvropa.mk 

До претседателот Ѓорге Иванов нема доставено информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот на Македонија. „До Кабинетот на Претседателот нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи во Брисел и во Њујорк“, наведуваат од кабинетот на Иванов. Читать дальше...

Новото рочиште за „Траекторија“ почна со „бомби“

SlobodnaEvropa.mk 

Со слушање на „бомби“ денеска во Кривичниот суд во Скопје почна ново рочиште за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, за изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево -Охрид. Во Судот присутни се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, кои се осомничени дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања... Читать дальше...

Коалицијата на власт треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска повтори дека Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник во соодветно време, појаснувајќи дека тоа не е негова индивидуална задача, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата.    На прашањето која е пречката законот да биде испратен до Службен весник Џафери рече дека „се работи за институционално прашање, а не за индивидуалнои дека треба да се најде „форма на крајна реализација“.


Музыкальные новости
Вячеслав Бутусов

Удачные выходные в Воронеже: Вячеслав Бутусов, выставка «Агитпоезд» и экскурсия «Мир! Труд! Май!»





Персональные новости
Актёр

«Поборол это гнусное чувство». Актер Галкин — о своей маленькой дочке, зависти и настоящей любви





Димитров: Не може да ни бараат исти услови и за почеток на преговорите и за влез во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во тесен круг на експерти и новинари во Брисел, одговара на прашања за преговорите со Грција, како и за следните чекори на Македонија кон ЕУ, објави МИА. „Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ. Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како... Читать дальше...

Новото име во рацете на Заев и Ципрас

SlobodnaEvropa.mk 

Во очекување на контактот меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, официјално не се откриваат детали од постигната рамка за договор за името. Грчки телевизии и македонски опозициски пратеници пишуваат за наводни детали од фазно решение на спорот.

Аболицијата на Иванов нема да влезе во игра во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Прашањето за аболиција на обвинетите во „Титаник“ повторно е актуелно откако судот во Грција одлучи да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски, обвинети од СЈО за уништување на опремата за прислушување. Грчкиот основен суд се повика на  аболицијата на претседателот Иванов.

Застрелани двајца полицајци во Лиеж, напаѓачот убиен откако земал заложник

SlobodnaEvropa.mk 

Маж застрелал двајца полицајци во центарот на источниот белгиски град Лиеж, јави новинската агенција Ројтерс. Според локалната телевизија РТБФ, на чии информации се повикува Ројтерс, објавила дека напаѓачот, откако ги застрелал двајцата полицајци, земал жена како зложник, но бил убиен од полицијата. Локалниот обвинител не бил достапен за коментар, објави Ројтерс..

Отворен Јужниот коридор за азербејџански гас до Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска официјално го отвори проектот Јужен гасен коридор, кој транспортира азербејџански гас до Европа. „Овој проект се реализира благодарение на широката меѓународна соработка и ќе придонесе за натамошно зајакнување на односите меѓу земјите учеснички“, рече Алиев. Тој изрази благодарност до владите на САД, Велика Британија, раководството на ЕУ и меѓународните финансиски институции за постојаната поддршка при градењето на Јужиот гасен коридор. Според Алиев... Читать дальше...

Триесетина ракети истрелани од Појасот Газа кон Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Триесетина ракети и проектили денеска биле истрелани од Појасот Газа кон јужен Израел, но нема информации за жртви или причинета материјална штета. Светските медиуми јавија дека денешниот напад е еден од најмасовните од 2014 година, односно од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја контролира крајбрежната област. Повеќето од ракетите и проектилите биле соборени од израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“, соопшти израелската армија. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Учитель из Бутово стала «Гуру физкультуры»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Мария стала соперницей Азаренко на турнире WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Жёсткие экологические требования решат инновационные энерготехнологии





Путин в России и мире
Москва

Педагогов Калмыкии приглашают принять участие в Форуме классных руководителей


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Дух разделения в Святой Руси, или Можно ли лишиться сана за отпевание Навального*



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



НОПРИЗ

Уральские проекты победили в Международном профессиональном конкурсе НОПРИЗ на лучший проект – 2023



Москва

Памятную доску герою ВОВ Леониду Виноградову открыли в Мытищах

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net