Врховен суд ги одби барањата за изземање на судиите во „Титаник“
Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за изземање на судии на Апелацискиот и на Кривичниот суд што беше побарано од одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“. Обраната побара да бидат изземени судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев од овој предмет, бидејќи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, изјавила во интервју дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во бомбите.
Во случајот „Титаник“, обвинет е поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.