Иванов може да го блокира евентуалниот договор со Грција
Според најавите министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го информира шефот на државата Ѓорге Иванов за последните детали од преговорите со Грција. Уставните експерти посочуваат дека шефот на државата има правни механизми да го спречи спроведувањето на евентуалниот договор.