Помпео најави историски најсилни санкции против Иран
Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека Вашингтон ќе ги воведе „најсилните санкции во историјата“ [против Иран], откако ќе влезат во полна сила и оти санкциите ќе стануваат сè поболни „ако режимот не го промени својот курс“. Во денешниот говор во фондацијата Херитаџ, Помпео постави 12 услови кои Иран треба да ги исполни за САД да се согласат со нов нуклеарен договор со Техеран.
Пред две недели претседателот Доналд Трамп соопшти дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор од 2015 година постигнат меѓу Иран и шесте светски сили – САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина и Германија.
Помпео рече дека со санкциите ќе се направи „невиден финансиски притисок врз Иран“, кого го нарече најголем спонзор на тероризмот во светот. Тој рече дека Иран ќе се бори да ја одржи својата економија во живот и ќе мора да избере меѓу одржувањето на економијата и спонзорирањето терористички и бунтовнички групи во земји како Либан, Сирија, Ирак или Јемен.
ЕУ се труди да го убеди Иран да го почитува договорот и без учество на Вашингтон.