Ердоган во посета на Сараево
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска престојува во посета на Сараево во рамки на која треба да одржи изборен митинг наменет за Турските иселеници. До ова доаѓа откако неколку земји на Европската унија забранија вакви демонстрации. Митингот во Сараево Ердоган планира да го одржи пред турските претседателски и парламентарни избори закажани за 24 јуни.
Тензиите минатата година се зголемија меѓу ЕУ и Турција откако многу земји одбија да и дозволат на турската влада да одржува митинзи пред референдумо за широко проширување на овластувањата на турскиот претседател.
Босанските медиуми објавија дека околу 20.000 луѓе се очекува да присуствуваат на митингот во спортскиот центар на градот Зетра, каде што денеска се поставени голем број постери на Ердоган и првиот претседател на Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Во Европа има околу 3 милиони Турци. Австрија и Холандија минатиот месец рекоа дека ќе ги забранат кампањите на турските политичари во нивните земји за јунските избори. Сепак, Сараево има блиски односи со Анкара.