Русија бара пристап до Скрипал по неговото пуштање од болница
Рускиот амбасадор во Британија Александар Јаковенко изјави денеска во Лондон дека неговата земја е среќна што поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал е добро по неговото пуштање од болница. Тој порача и дека руските власти ќе продолжат да бараат пристап до него.
Скрипал е пуштен од болница по труењето со нервен гас во градот Салсбери во април. Тој и неговата ќерка Јулија беа отруени на 4 март и пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во Салсбери. Британските власти за нападот ја обвинија Русија.