Иран го поздрави добриот почеток на разговорите со ЕУ
Шефот на иранската дипломатија Мухамед Зариф синоќа во Брисел го поздрави „добриот почеток“ на разговорите со Европската унија во обид за спасување на нукеарната спогодба по американската одлука за повлекување. „Мислам дека почнуваме еден процес“, рече тој по состанокот со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и со министрите за надворешни работи на Франција, Британија и Германија. Зариф додаде дека очекува напредок во наредните неколку недели.