Десетици загинати по пукање на брана во Кенија
Најмалку 47 лица загинале во Солај, Кенија, кога по повеќенеделни врнежи од дожд пукнала брана, соопшти претставник на полицијата. Тој изрази страхување дека конечниот биланс би можело да биде потрагичен, бидејќи и натаму се извлекуваат тела од калта.
Кенискиот Црвен Крст и службата за вонредни ситуации досега спасиле 40-ина лица.
Во поплави што ја зафатија Кенија во март годинава загинаа 132 лица, а над 220 илјади беа принудени да ги напуштат домовите.