Меркел: Германија е за европска преспектива на Западен Балкан
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави синоќа дека Германија се залага се европска перспектива на сите земји од Западен Балкан, но повтори дека тие мора да ги исполнат условите на Европската унија. Ова таа го изјави пред средбата во Берлин со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина. Претседавачот на Претседателството Бакир Изетбеговиќ изрази надеж дека БиХ до крајот на годинава би можело да добие статус на земја кандидат за Европската унија.