ЕП бара позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани изјави денеска дека Европска унија треба да испрати позитивен сигнал до земјите од Западен Балкан за нивно приклучување во заедницата.
„Треба да испратам позитивен сигнал на сите кандидатки, за да им помогнам да поверуваат дека се блиску до ЕУ. Треба да гледаме на Балканот како приоритет на ЕУ, рече Тајани на прес-конференцијата по дебатата на тема „Иднината на Европа".