Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2021

Новости за 08.01.2021

Нови 100 случаи на коронавирус, 11 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 100 нови случаи на коронавирус од 764 тестирања, а 11 луѓе во Македонија починале од вирусот, информира Министерството за здравство. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 47, Дебар 12, Тетово 10, Кавадарци 8, Прилеп и Охрид по 4, Велес, Куманово и Гостивар по 3, Кочани 2, и Штип, Крива Паланка, Радовиш и Кичево по еден нов случај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени. Починати се 11 лица на возраст од 41 до 84 години.... Читать дальше...

Извозот за 11 месеци во 2020 година со пад од 9,9 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Извозот на стоки од земјава од јануари до ноември минатата година бележи пад од 9,9 отсто во однос на тој период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува скоро 6 милијарди американски долари, а вредноста на увeзената стока е над 7,7 милијарди долари, што е за 9,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит... Читать дальше...

Ако продолжи вака, Србија ќе има 4,5 милиони жители во 2050 година

SlobodnaEvropa.mk 

Србија остана без 44 илјади жители во 2020 година, не сметајќи ги оние кои заминале во странство, а доколку продолжат сегашните трендови, за 30 години ќе има само околу 4,5 милиони жители, предупреди министерот за семејна грижа и демографија Ратко Дмитровиќ. Тој рече дека минатата година стапката на смртност во Србија се зголемила за три отсто, а наталитетот се намалил за повеќе од два отсто. „Ако ништо навистина не се промени во однос на морталитетот и стапката на наталитет, ако продолжиме да губиме 40.000 жители годишно... Читать дальше...



ЕУ ја удвои нарачката на вакцини, го резервира половина од производството на Фајзер за 2021

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија соопшти дека обезбедила дополнителни 300 милиони дози од вакцината против коронавирус на Фајзер/БиоНТек. Со тоа Унијата обезбеди скоро половина од целосното производство на компанијата за годинава. „Се договоривме со БиоНТек и Фајзер да ја прошириме нарачката. Со новиот договор ќе може да порачаме дополнителни 300 милиони дози од вакцината на БиоНТек“, рече шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на денешната прес-конференција во Брисел. Претходно Унијата нарача 300 милиони долази. Читать дальше...

Иран „не брза“ САД да се вратат во Нуклеарниот договор од 2015

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи рече дека Техеран „не брза“ да ги види САД назад во Нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили по преземањето на должноста на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден овој месец. „Не брзаме и не инсистираме да се вратат“, рече Хаменеи во денешното телевизиско обраќање, повторувајќи дека Иран бара укинување на санкциите кои претседателот Доналд Трамп ги воведе откако се повлече од договорот во мај 2018 година. Иранскиот врховен лидер... Читать дальше...

Трамп – Инаугурацијата на новата администрација ќе биде на 20 јануари

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера призна дека Џо Бајден ќе биде наредниот претседател на САД. Неговото признание доаѓа еден ден откако насилните приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот додека членовите ја потврдуваа победата на Џо Бајден. Четири лица го загубија животот на протестите, работата на Конгресот беше паузирана, а пратениците евакуирани. Сепак, неколку часа по стапувањето на сила на полицискиот час во Вашингтон, тие се вратија на работа и ги потврдија изборните резултати во корист на Бајден. Читать дальше...

Вакцината на Фајзер ефикасна и против британската мутација на коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцината против коронавирус на Фајзер/БиоНТек е ефикасна и против британската и јужноафриканска мутација на вирусот, соопшти денеска лабораторијата БиоНТек. Тринаесет земји од ЕУ бараат помош за вакцини за источните соседи на Европа „Антителата кај лицата која ја примиле вакцината Фајзер/БиоНТек ефикасно го неутрализираат вирусот со клучната мутација која се наоѓа во високопреносливите соеви“ идентификувани во Велика Британија и во Јужна Африка, се наведува во соопштението на лабораторијата. Читать дальше...

Задолжителен седумдневен карантин за сите кои пристигнуваат во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Од три на седум дена е зголемен домашниот карантин за сите оние кои од странство пристигнуваат во Грција, согласно новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство, што ќе важат од денеска до 21 јануари. Паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците. Рапид тест ќе им се прави на сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија, за кои се воведени посебни правила. Ново целосно затворање во Грција, со цел училиштата да отворат на 11 јануари По истекот на седумдневниот карантин... Читать дальше...



Иранскиот врховен лидер забрани увоз на вакцини од САД и од Велика Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамeнеи денеска забрани увоз на американските вакцини Фајзер/БиоНТек и Модерна и на британските Астра Зенека против ковид-19, што е одраз на недовербата кон Западот. Во телевизиското обраќање, тој рече дека увозот на овие вакцини е забранет, наведувајќи го се поголемиот број смртни случаи од коронавирус во двете земји. „Навистина не им верувам“, рече тој. „Тие некогаш сакаат да ги тестираат своите вакцини во други земји“, рече ајатолахот и додаде дека не е оптимист ни кога се работи за Франција. Читать дальше...

Филипче – Немаше големи прекршувања на мерките за празниците

SlobodnaEvropa.mk 

Епидемиолошката состојба е прилично стабилна и верувам дека така ќе остане, оцени министерот за здравство Венко Филипче. Тој, како што изјави денеска по посетата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, верува дека за време на празниците прекршувањата на мерките не беа чести и многу. Само вакцината може да ја прогласи короната за умрена Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека е логично барањето на угостителите за продолжување на работното време до 23 часот, но тоа никако нема да се случи пред 21 јануари. Читать дальше...

Може ли Трамп да биде сменет пред да му заврши мандатот?

SlobodnaEvropa.mk 

Упадот во американскиот Капитол од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп ги натера лидерите на демократите во Конгресот да побараат негово отстранување од функцијата пред избраниот претседател Џо Бајден да положи заклетва на 20 јануари. Дали сега е можно отповикување на Трамп?

Нетанјаху најави доволно вакцини за епидемијата на ковид-19 во Израел да заврши до крајот на март

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека Израел ќе биде првата земја во светот која ќе ги вакцинира против ковид-19 сите свои граѓани постари од 16 години до крајот на март. Фалејќи го „огромниот напредок“ во преговорите со компанијата Фајзер, Нетанјаху рече дека фармацевтскиот гигант се согласил да испрати милиони дополнителни дози во Израел и дека авионот со првата нова пратка ќе слета на меѓународниот аеродром во Тел Авив в недела. Тој рече дека Израел ќе биде „земја пример“ за Фајзер... Читать дальше...

Идентитетските теми со Бугарија се на маса, но власта тврди дека не преговара

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека идентитетските теми во разговорите со Бугарија се на маса, но дека за нив не се преговара што значи оти за нив нема компромис. Од Софија, пак, продолжуваат тврдењата дека македонската нација не постоела до 1944 година.

Бислимоски - Не се очекува поскапување на струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија и покрај намаленото производство од хидро-капацитетите во државата, коешто, пред сè, се должи на лошата хидрологија, поради што кон крајот на 2020 година имаше потреба од увоз, порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост.   Бислимоски - Вработувањата и луксузниот мебел не влијаат на цената на струјата ... Читать дальше...

Бесплатно тестирањето за ковид-19 за наставниците во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Просветните работници во Грција можат да се пријават за бесплатно тестирање за ковид-19, кое започна утрово, а е во пресрет на отворањето на училиштата и градинките в понеделник. Предвидено е брзите тестови да се прават на 386 различни локации во цела Грција, по закажан термин преку платформата, што е наменета и за наставниците, но и за учениците над 16-годишна возраст. Ново целосно затворање во Грција, со цел училиштата да отворат на 11 јануари Според локалните медиуми, во Солун, рано утрово... Читать дальше...

Една година од соборувањето на украинскиот патнички авион во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Една година по соборувањето на украинскиот патнички авион во иранскиот воздушен простор, иранските власти ги „малтретирале и заплашувале“ семејствата на жртвите наместо да спроведат „транспарентна и кредибилна“ истрага за трагедијата, соопшти Хјуман рајтс воч (ХРВ). Авионот на Украинската интернационалната авиокомпанија се урна непосредно по полетувањето од главниот аеродром во Техеран на 8 јануари 2020 година, при што загинаа сите 176 лица во авионот. Поголемиот дел од жртвите беа Иранци и Канаѓани... Читать дальше...

Облачно и дождливо време

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 литри на квадратен метар. На повисоките планини на северозапад ќе вее снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и температура до 10 степени.

ОН го осудува поттикнувањето на насилство и омраза во Вашингтон

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се одрекне од „лажни и опасни говори“ и додаде дека упадот на неговите приврзаници во Капитол Хил покажува колкаво е влијанието на „поттикнувањето на насилство и омраза“. „Длабоко сме вознемирени од нападот во средата на Капитол Хил, кој јасно покажа катастрофален ефект на долгорочно и намерно нарушување на фактите и поттикнување на насилство и омраза од страна на политичарите“, рече таа во изјавата... Читать дальше...


Музыкальные новости
Денис Мацуев

Праздник "На переднем крае", концерт Дениса Мацуева и выставка "Русская свадьба. Традиции и обряды": куда сходить в Туле и Тульской области 11 и 12 мая





Персональные новости
Бато Багдаев

В рубрике «Я - артист цирка Бурятии» Саян Дондоков - Театр и дети, Культура и Россия, национальный проект





Партизацијата причина за големата невработеност на младите

SlobodnaEvropa.mk 

Стапка на младинска невработеност и натаму е голема, или околу една четвртина од луѓето без работа се млади. Истражување на МОФ покажа дека има многу обесхрабрени млади луѓе кои сметаат дека главна пречка за доаѓање до работно место е партизацијата.

По упадот во Конгресот на САД, германскиот парламент ја зајакнува безбедноста

SlobodnaEvropa.mk 

Долниот дом на германскиот парламент - Бундестагот, во кој активистите против носење маска се обидоа да влезат кон крајот на август, сака да ја зајакне својата безбедност по инцидентот во американскиот Конгрес. Претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле изјави дека сака да разговара за безбедноста на парламентот, со службениците за безбедност на парламентарните групи и со градските власти на Берлин и Министерството за внатрешни работи. Насилни протести во Конгресот на САД Во Вашингтон, поддржувачи... Читать дальше...

Трамп го осуди насилството во Конгресот и призна дека Бајден ќе биде следниот претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД Доналд Трамп, соочувајќи се со закана од втор импичмент и барања за итно отстранување од функцијата, на 7 јануари со помирлив тон го осуди насилството што се случи во американскиот Капитол и вети дека ќе обезбеди непречена транзиција кон администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. По повеќе од два месеца одбивање да ја прифати победата на Бајден и најави дека никогаш нема да го признае поразот, Трамп сега вели дека Конгресот ги потврди резултатите од гласањето на Изборниот колеџ... Читать дальше...

Разговорите меѓу Турција и Франција за нормализирање на врските одат добро

SlobodnaEvropa.mk 

Турција и Франција работат на патоказ за нормализирање на врските и разговорите одат добро, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека Анкара е подготвена да ги подобри врските со својот сојузник во НАТО, ако Париз ја покаже истата подготвеност. Турција во повеќе наврати ја критикуваше Франција заради политиките во Сирија, Либија, источен Медитеран и Нагорно Карабах, како и за објавување на карикатури на пророкот Мухамед во Франција. Франција побара од ЕУ санкции... Читать дальше...

Помпео: Америка не е банана република

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот секретар на САД Мајк Помпео им се спротивстави на „многу истакнати лица“ кои ги споредија Соединетите држави со „банана република“ во нивните реакции на упадот во американскиот Капитол на 6 јануари. Некои коментатори, новинари и американски политичари, вклучувајќи го и поранешниот претседател Џорџ Буш, го користеа овој израз во своите реакции на нападот на толпата во Капитол од страна на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп. „Клеветата открива погрешно разбирање за банана републиките и демократијата во Америка“... Читать дальше...

Лидерите на демократите во Конгресот на САД побараа отповикување на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси од Демократската партија побара итно отповикување на Трамп. Таа побара веднаш да биде применет 25-тиот уставен амандман, кој им овозможува на потпретседателот и мнозинството во претседателскиот кабинет да го прогласат шефот на државата за „неспособен“ за понатамошно извршување на неговата функција и да го отстрани од власта. Потврдена победата на Бајден на изборите во САД Лидерот на демократите во Чак Шумер го повика потпретседателот во заминување... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Фитнес прокачивает онлайн // Благодаря чему растет спрос на видеотренировки


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Александрова не смогла обыграть Саснович и покинула турнир WTA-1000 в Риме


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Чем грозит парковка на газоне





Путин в России и мире
Москва

Си отказал Макрону в просьбе, связанной с Путиным. В Москву прибыл лидер Кубы


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: великая Победа является главным моментом становления белорусской нации




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Бато Багдаев

Гоцирк Бурятии, артист Саян Дондоков: «Я из династии культработников» - Культура и Россия, театр, дети,



Москва

Футболист Скопинцев: редко удается побаловать фанатов подарками

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net