ОН го осудува поттикнувањето на насилство и омраза во Вашингтон
Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се одрекне од „лажни и опасни говори“ и додаде дека упадот на неговите приврзаници во Капитол Хил покажува колкаво е влијанието на „поттикнувањето на насилство и омраза“. „Длабоко сме вознемирени од нападот во средата на Капитол Хил, кој јасно покажа катастрофален ефект на долгорочно и намерно нарушување на фактите и поттикнување на насилство и омраза од страна на политичарите“, рече таа во изјавата, додавајќи дека наводите за изборни измами се со цел да се дискредитира правото на политичко учество.
Бајден - Ова е мрачен момент за демократијата во САД
„Воодушевени сме што гледаме дека процесот продолжи и покрај сериозните обиди да се наруши ... ги повикуваме политичарите од сите страни, вклучително и претседателот на Соединетите држави, да се одречат од лажната и опасна реторика и нивните приврзаници да го сторат истото“, рече таа, изразувајќи зачуденост и за сериозните закани кон новинарите и уништувањето на нивните материјали и ги поддржа барањата за темелна истрага за настаните во Капитол Хил.