Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2021

Новости за 28.01.2021

Тимот на СЗО ќе посети лаборатории, пазари и болници во Вухан

SlobodnaEvropa.mk 

СЗО соопшти дека тим предводен од Светската здравствена организација кој го истражува потеклото на пандемијата на ковид- 19 утре ќе се состане со кинески научници и планира да ги посети лабораториите, пазарите и болниците во Вухан. Тимот денеска го напушти карантинот во Вухан за да започне со теренска работа во мисија за утврдување на факти, две недели по пристигнувањето во кинескиот град каде што се појави вирусот кон крајот на 2019 година. Тимот на независни експерти исто така ќе разговара со некои од првите пациенти заболени со ковид- 19. Читать дальше...

Влада: Свесни сме за алармот од извештајот на Транспаренси Интернешнл

SlobodnaEvropa.mk 

Владата по извештајот на Транспаренси Интернешнл за индексот на корупција во земјата соопшти дека е цврсто решена да ја промени сликата и перцепцијата во борбата против корупцијата, а тоа е и еден од главните приоритети на „Акција 21- европски стандарди дома“. За борба против криминалот и корупцијата, според Владата, потребни се независно обвинителство и независни судски органи. Владата, како што се наведува во соопштението, ги обезбедила сите услови за реформа во правосудството и со право се очекува... Читать дальше...

„Јавна соба“ затворена, но се проверуваат и слични групи

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го поздрави чекорот на Телеграм за бришење на групата, а воедно информираше дека се приведени 4 лица. Притоа МВР следи и слична група на социјалната мрежа, а по реакциите во јавноста и сведочења од жртвите се најавуваат измени на Кривичниот законик.



Спасовски: Групата „Јавна соба “ е затворена

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук соопшти дека од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика го информирале дека групата „Јавна соба“ е затворена. „Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група“, напиша Спасовски. Читать дальше...

Таџикистански опозиционер осуден на 14 години затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Таџикистанскиот опозициски политичар Махмурод Одинаев е осуден на 14 години затвор под обвинение за хулиганство и повик на екстремизам. Окружниот суд во Душанбе го осуди и синот на Одинаев, Хабибуло Ризоев исто така под обвинение за хулиганство и парична казна од околу 5000 евра. Двајцата се изјаснија за невини за време на судењето, кое започна на 25 јануари. Махмурод Одинаев исчезна на 20 ноември, откако преку Фејсбук побара од градоначалникот на Душанбе, Рустам Емомали да му дозволи на него... Читать дальше...

Заев: Може да добиеме уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето, за идентитетот и јазикот не преговараме

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека за македонскиот идентитет и јазик ниту се разговарало ниту ќе се преговара. „Може да добиеме уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето и блокада, на овие прашања нема да разговараме. Јас очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик. Тврдиме дека членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба. Не веруваме ние во таква ЕУ... Читать дальше...

Дарко Богданов: Се уште ме држи „вирусот“ за стрип

SlobodnaEvropa.mk 

„Aegri Somnia“ е насловен четвртиот стрип албум на уметникот и илустратор Дарко Богданов што се појави неодамна. Збирката е составена од седум стрипови и илустрации работени во последните осум години, а сценарист за нив е неговиот долгогодишен пријател и „соборец“ Александар Стефанов.

Маричиќ по случајот „Јавна соба“ најави измени на Кривичниот законик

SlobodnaEvropa.mk 

Mинистерот за правда Бојан Маричиќ на фејсбук порача дека случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор за потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за проблемот да се издигне на повисоко ниво. „Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба“ кој го потресе цело наше општество. Пред се како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло“, напиша Маричиќ. Читать дальше...



Украина отвори истрага за обидите за мешање во изборите во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Украина започна истрага за обидите за мешање во претседателските избори во САД во ноември, минатата година. Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина ќе стори се што е во нејзина моќ да ги изнесе пред правда силите во земјата и надвор од неа, кои се обиделе да ги нарушат односите меѓу Украина и САД. „Истрагата е во тек и ги чекаме нејзините резултати. Истрагата мора да одговори на многу прашања“, додаде Јермак. Министерството за финансии... Читать дальше...

Нови 336 случаи на корона, починати 10, а оздравени 385 пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се регистрирани нови 336 случаи на ковид-19, од направени 1964 тестирања. Оздравени се вкупно 385 пациенти, а починале десет лица. Битката со ковид- 19 ја загубиле пет пациенти од Скопје, по еден од Кавадарци, Гостивар, Кочани, Охрид и Прилеп. Сите пациенти се починати во болнички услови, а најмладиот бил на 49 годишна возраст, додека пак најстариот на 86 годишна возраст. Филипче најави најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти Досега во земјата се направени... Читать дальше...

Капелата во Тетово без соодветна комора, трета година не функционира

SlobodnaEvropa.mk 

Капелата на православните гробишта во Тетово не била соодветно изградена уште во 2018 и затоа не е пуштена во употреба. Властите велат дека работат на решавање на проблемот, но не одговараат дали ќе бараат одговорност од изведувачот.

Филипче најави најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека ќе се набави најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”. „Вчера испративме писмо до Европската комисија за резервација на оваа терапија. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас. Овој лек го набавуваме со помош на кредитот од Светска банка“, изјави Филипче. Ако не овој февруари, ќе се вакцинираме другиот март Владата по вчерашната... Читать дальше...

Навални останува во затвор, рускиот суд ја одби неговата жалба

SlobodnaEvropa.mk 

Руски суд ја отфрли жалбата на лидерот на опозицијата Алексеј Навални против неговото апсење, откако властите ја засилија кампањата против критичарот на Кремљ со нови притвори на неговите соработници и предупредувања од полицијата дека ќе дејствува против демонстрантите кои се очекува да излезат на улица овој викенд за поддршка на 44-годишниот адвокат. Судот ќе ја сослуша жалбата на Навални против притворот Судијата Муса Мусаев на денешното рочиште рече дека Навални ќе остане зад решетки до 15 февруари... Читать дальше...

Приведени уште 2 лица за случајот „Јавна соба“

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се приведени уште две лица поврзани со случајот „Јавна соба“ или вкупно 4. Две лица се од Битола, еден од Велес и еден од Штип, кои како што наведе министерот, се директни учесници во групата на Телеграм. „Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, напиша Спасовски на Фејсбук. Уапсени две лица во случајот „Јавна соба“... Читать дальше...

Бајден за решение што ќе доведе до меѓусебно признавање на Косово и Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Aмериканскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа соопшти дека новата американска администрација целосно го поддржува бриселскиот дијалог меѓу Косово и Србија чија цел е сеопфатен договор за нормализација, што ќе доведе до меѓусебно признавање. САД, како што велат официјални лица од Стејт Департментот, и натаму ќе ги поддржуваат двете земји во изнаоѓање на решение. Дали Косово го загуби својот најголем поддржувач во Конгресот на САД? „Како што рече претседателот (Џо) Бајден: сеопфатно решение што ќе доведе до меѓусебно признавање... Читать дальше...

Ѓорѓе Иванов можен сведок во случајот „Организатори на 27 април“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, треба да се појави како сведок на едно од следните рочиштата за „Организатори на 27 април“, иако адвокатите на одбраната најавија повлекување на дел од нивните сведоци. Следните рочишта се закажани за наредната недела. На денешното рочиште дојдоа 14 сведоци предложени од одбраната на ексминистерот Спиро Ристовски, кој исто така е меѓу обвинетите. Еден од сведоците, поранешниот министер за одбрана Зоран Коњановски, сведочеше дека Ристовски тој ден имал други планови... Читать дальше...

Хрватска од први февруари ќе ги олеснува ковид мерките

SlobodnaEvropa.mk 

Во Хрватска во изминатите 24 часа се регистрирани 619 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, 30 лица починаа, а владата најавува ублажување на мерките од 1 февруари. Во Хрватска денес има вкупно 3.173 пациенти со коронавирус, меѓу нив 1.326 пациенти на болничко лекување, од кои 128 пациенти се на апарати за дишење, објави Националниот штаб. „Ситуацијата е поволна. Смртноста исто така опаѓа, иако тие бројки доцнат неколку недели. Сето ова вели дека мора да продолжиме да бидеме одговорни. Читать дальше...

Димитров: Посилен Западен Балкан за посилна ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Унија (ЕУ) ќе биде посилна кога би постоел посилен и поотпорен Западен Балан, исто толку силен Јадранско-јонски макро-регион, додека пак, блиската соработка ќе има улога на катализатор во овие процеси, изјави вицепремиерот, Никола Димитров, на денешниот Петти форум на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион, на тема „Зајакнување на опоравување на Јадранскиот и Јонскиот регион преку соработка“. „На патот кон ЕУ, Северна Македонија е особено посветена на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан. Читать дальше...

Или „Телеграм“ ќе ја избрише „Јавна соба“ или Македонија ќе го блокира „Телеграм“

SlobodnaEvropa.mk 

До социјалната мрежа Телеграм испративме категорични барања да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување, објави денеска на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев. Тој додава дека доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“, каде се споделува порнографска и приватна содржина од граѓани, како и детска порнографија, ќе се разгледа и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во земјава. Читать дальше...


Музыкальные новости
Песня

Вывод Песни, Альбома, Клипа в ТОП Музыкальных Чартов – iTunes, Apple Music, Youtube Music, Яндекс.Музыка, ВК и Boom, Spotify.





Персональные новости
Казахстан

Новый транспортный хаб начали строить Казахстан, РФ и Китай





Во болниците има 579 ковид пациенти и 580 слободни места

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). „Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид... Читать дальше...

Уапсени две лица во случајот „Јавна соба“, се трага по други

SlobodnaEvropa.mk 

Две лица, едно во Битола и едно во Велес, се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, објави денеска на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите“, напиша министерот. Пендаровски бара итно расчистување и одговорност за „Јавна соба“ Случајот „Јавна соба“ повторно се актуелизира... Читать дальше...

УНХЦР бара Европа да престанe со протерување бегалци

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска ги повика европските земји да почнат истрага и да го запрат протерувањето и присилното враќање на бегалците и барателите на азил на морските и копнените граници, што во последно време станаа се позачестено, се наведува во соопштението на организација. УНХЦР предупредува дека институцијата азил стана цел на напади на европските граници и повика на прекинување на присилното враќање и употребата на сила врз барателите на азил и бегалците. Читать дальше...

Пендаровски бара итно расчистување и одговорност за „Јавна соба“

SlobodnaEvropa.mk 

Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи. Правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија, изјави за МИА претседателот на државата, Стево Пендаровски и потенцира дека насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално, е казниво со закон. Читать дальше...

Ако не овој февруари, ќе се вакцинираме другиот март

SlobodnaEvropa.mk 

Планот за вакцинација е направен, фрижидерите се набавени, недостигаат уште само вакцини. Властите постојано уверуваат дека вакцините само што не стигнале, но дел од граѓаните на социјалните мрежи иронично коментираат дека веројатно ќе пристигнат преку новата пруга до Бугарија.

Средба на Државниот врв и директорот на Статистика за пописот

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието утре ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, со градоначалниците и секретарите на советите за спроведување на Законот за попис. Претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ќе имаат официјални обраќања, а ќе зборува и директорот Симовски. Претставниците од Државниот завод за статистика ќе ги информираат претставниците на локалните самоуправа за нивните должности кои произлегуваат од Законот за попис. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

WTA озвучила Елене Рыбакиной условия для становления второй ракеткой мира


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Опыт проведения Всероссийской акции «Вода России» представлен на межведомственном заседании в Ташкенте





Путин в России и мире
Москва

Эксперт: корректировка порогов крупного и особо крупного ущерба по экономическим статьям оправдана и своевременна


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Денис Мацуев

Мацуев — о дерби ЦСКА — «Спартак»: бездарное зрелище, я уснул на 15-й минуте



Москва

Беспроводной сканер штрих-кодов Heroje S-H29W

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net