123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2021

Новости за 15.01.2021

Безбедносни мерки во Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Американските власти затвораат делови во центарот на Вашингтон поради загриженоста за насилство на протестите и митинзите во деновите пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден на 20 јануари. Затворањата кои почнуваат од денеска до 21 јануари ја вклучуваат областа околу Националниот трговски центар и паркот во главниот град на САД, во кој се наоѓаат национални споменици каде што традиционално се собира огромна маса на народ за да ја набљудува инаугурацијата која се одржува на скалите на Капитол. Читать дальше...

Над 2 милиона смртни случаи од коронавирус во светот

SlobodnaEvropa.mk 

Бројката на смртни случаи од ковид-19 во светот надмина 2 милиона, според проценката на универзитетот Џон Хопкинс, а вкупно во моментов има регистрирано 93.418.283 заболени од почетокот на пандемијата. Податоците на американскиот универзитет исто така покажуваат дека инфекциите продолжиле да растат стабилно во многу земји од божиќните и новогодишните празници. Нови 403 случаи на корона, починати 10, а оздравени 339 пациенти Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос... Читать дальше...

Заврши собраниската расправа за пописот, ќе се гласа дополнително

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието ја заврши расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. Гласањето по Предлог законот ќе биде дополнително закажано. Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќање пред завршувањето на расправата порача дека државата и системот се подготвени за попис, а тоа било утрдено и во извештајот на ЕК. Според него, сомнежи за тоа како ќе се спроведе пописот има само уште кај опозицијата, која бара начин тој да биде одложен. „Најавата... Читать дальше...



Германските власти дадоа дозвола за гасоводот „Северен тек 2“

SlobodnaEvropa.mk 

Германските власти дадоа дозвола да продолжи изградба на подводниот гасовод „Северен тек 2“ од Русија и покрај заканите од санкциите на САД и противењето на еколошките групи. Против одлуката на Федералната поморска и хидрографска агенција сè уште може да се поднесе жалба. Владата на САД и некои членки на ЕУ сакаат да спречат гасоводот да биде завршен, велејќи дека тоа ќе ја зајакне енергетската моќ на Русија во Европа и ќе ја намали улогата на Украина како транзитна земја за рускиот гас. Гасоводот... Читать дальше...

Нови 403 случаи на корона, починати 10, а оздравени 339 пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 2118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи со ковид-19. Починати се 10 пациенти од кои двајца од Скопје, еден од Куманово, два пациенти од Прилеп, еден од Охрид, пациент од Гевгелија/Богданци, од Струмица, од Делчево/ Македонска Каменица и еден пациент од Кичево. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Најмладиот починат пациент е на 54 годишна возраст, а најстариот на 90 годишна возраст. Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти. Читать дальше...

Министерството за економија ги повлекува измените на Законот за минерални суровини

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за економија донело одлука да и предложи на Владата да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини поднесен до Собранието по скратена постапка. „По барање на Алијанса на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри се“ кое што беше доставено до Министерството за економија, Министерството одлучи да го повлече Предлог- законот со цел за негово доработување и усогласување со забелешките изнесени во барањето и потоа повторно да го достави за донесување по редовна постапка. Читать дальше...

САД го намалија нивото на војници во Авганистан на 2500

SlobodnaEvropa.mk 

Пентагон соопшти дека е намалено нивото на американските војници во Авганистан на 2.500. Со тоа, нивото на силите во земјата е сведено на најмалиот број во скоро две децении. Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на околу 1.500 војници во ноември, минатата година, предизвикувајќи реакција од Конгресот во време на континуирани напади на талибанците врз авганистанската влада и покрај мировните разговори меѓу двете страни. „САД се поблизу од кога и да е на завршување на скоро две... Читать дальше...

Општина Вевчани го осуди палењето на бугарското знаме

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денеска најостро го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија за време на Вевчанскиот карневал. Тој порча дека чинот не соодејствува со ставот на општината и најголемиот процент на нејзиното население. „Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимена со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, истакна Јанкоски. Тој порача и дека таквиот чин на изразување револт е недопустлив. Читать дальше...



ФБИ ја анализира можноста за немири пред инаугурацијата на Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј изрази загриженост за можното насилство на протестите и митинзите во деновите пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден на 20 јануари. Тој рече дека агенцијата следи огромна количина на онлајн содржини, кои повикуваат на вооружени протести. Безбедносни мерки во САД пред инаугурацијата на Бајден Според него, се анализира потенцијалот на закана во комуникациите за да се „разликува што е аспиративно наспроти намерно“. Вреј ги даде коментарите... Читать дальше...

Холандската Влада поднесе колективна оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на холандскиот премиер Марк Руте колективно поднесе оставка поради извештајот во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за згрижување деца, што доведе илјадници семејства во финансиска пропаст, јави новинската агенција ДПА. Според извештаите, поради „лошо управување“ со субвенциите, над 10.000 фамилии морале да вратат повеќе десетици илјади евра од субвенции откако биле погрешно обвинети за измама, што довело до раст на невработеност, банкрот или разводи, пренесоа локалните медиуми. Читать дальше...

Најмалку 10 загинати во напад на талибанците во северен Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку десет припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени кога талибанците нападнале контролен пункт во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска авганистанските власти, јави германската новинска агенција ДПА. „Други 11 припадници на безбедносните сили се ранети во ноќниот напад во областа Имам Сахеб“, изјавија за ДПА тројца провинциски советници. Најмалку седум војници се ранети во југоисточната провинција Газни, откако владините сили погодиле талибански бомбаш-самоубиец... Читать дальше...

МВР: Го расчистуваме случајот со палењето на бугарското знаме

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи (МВР) работи на расчистување на случајот со палењето на знаметото на Бугарија во Вевчани, изјави денескапортпаролот на Министерството, Тони Ангеловски, на прес-конференција во Штип. „Да, за жал имавме таков немил настан. Ние работиме на целосно расчистување на тој случај и очекуваме наскоро да биде расчистен“, вели Ангеловски. По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. Читать дальше...

Годинава ќе заврши процесот за прогласување на Водно за заштитено подрачје

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за животна средина (МЖСПП) денеска најави дека годинава ќе заврши процесот за прогласување на планината Водно за заштитено подрачје откако претходно нацрт одлуката за прогласување ќе помине низ јавна расправа, на која своите забелешки ќе можат да ги дадат екологистите и другите заинтересирани страни. МЖСПП ги најави јавните расправи за почетокот на февруари. Во ноември лани Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и донесе Одлука за прифатливост... Читать дальше...

Русија го напушта Договорот за отворено небо

SlobodnaEvropa.mk 

Русија вели дека ја започнува постапката за повлекување од меѓународниот Договор за отворено небо, откако САД минатата година го напуштија договорот што дозволува невооружени летови за надзор на воздухот над десетици земји учеснички. Во денешното соопштение од руското Министерство за надворешни работи се вели дека повлекувањето на САД „значително ја прегази рамнотежата на интересите на државите потписнички“ и дека предлозите на Русија да го одржи договорот во живот биле отфрлени од сојузниците на Вашингтон. Читать дальше...

ССМ бара субвенциите за плати од 5. пакет да не одат преку газдите

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска побара од Владата, во рамките на најавениот петти пакет антикризни ковид мерки, да се обезбедат пари и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради болеста или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците. „ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки... Читать дальше...

Деспотовски: Незадоволен сум од платите во технолошко-развојните зони

SlobodnaEvropa.mk 

Апсолутно сум незадоволен, не само за нивото, туку и од фактот дека просечната плата во рамки на зоните е пониска во однос на просечната плата во рамки во македонската економија, изјави денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони, Јован Деспотовски. „Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите. Искрен да бидам за мене беше изненадувачки во... Читать дальше...

Два ипол милиони евра за непотребни антибиотици

SlobodnaEvropa.mk 

Речиси два и пол милиони евра од фондот за здравство се исплатени за речиси 400 илјади антибиотици и ампули клексан од почетокот на пандемијата до ноември минатата година покажуваат податоците на ФЗО кои ги доби РСЕ. Доктор Никола Пановски смета дека непотребно многу се препишувале антибиотици

Ќе се отвори ли пат за спроведување на пописот?

SlobodnaEvropa.mk 

И додека пратениците од власта и опозицијата не можат да најдат заеднички јазик за законот за попис кој се носи во скратена постапка, упатените велат дека тој мора да се одржи што поскоро. Од Заводот за статистика уверуваат дека се исполнети сите предуслови за успешно спроведување на попис напролет

Пендаровски: Палењето на бугарското знаме е недопустливо и за осуда

SlobodnaEvropa.mk 

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, напиша македонскиот претседател Стево Пендаровски на неговиот официјален фејсбук профил, по реакцијата на Софија за „палењето на бугарското знаме на завчерашниот Вевчански карневал“. Демарш на Софија до Скопје поради запалено бугарско знаме во Вевчани Спасовски за Вевчани: Од политички причини сакаа инцидент Претходно, министерката за надворешни работи на бугарија... Читать дальше...


Музыкальные новости
Пианист

Пианист из Электроуглей получил областную премию





Персональные новости
Владимир Путин

Тема дня: Путин назвал сохранение духовных ценностей условием укрепления суверенитета





Северна Кореја на парада го покажа „најмоќното оружје на светот“

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја на вчерашната воена парада прикажа како што се чини нова балистичка ракета со подморница (SLBM), неколку дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, која е закажана за 20 јануари. Фотографиите на државните медиуми покажуваат дека лидерот Ким Јонг Ун се смее и мавта додека го надгледуваше настанот на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг. На парадата дефилираа војници, тенкови, ракетни фрлачи и неколку од, како што рекоа аналитичарите, нови варијанти на... Читать дальше...

Новата ДИК се обврза да работи чесно и непартиски

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на новоизбраната Државна изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Новиот претседател на ДИК, Александар Даштевски, кој е избран на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е добро што сè се завршило навреме и вети стручно и професионално работење на Комисијата. „Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски... Читать дальше...

Комитетот за заштита на новинари бара Русија да го укине законот за странски агенти

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти ги изготвија своите први осум административни протоколи, сите против Радио Слободна Европа, за прекршување на законот за странски агенти. Комитетот за заштита на новинари бара да престанат заканите и цензурата врз новинарите.

Спасовски за Вевчани: Од политички причини сакаа инцидент

SlobodnaEvropa.mk 

Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по завчерашната интервенција на полицијата за спречување на одржувањето на Вевчанскиот карневал без почитување на задолжителните мерки за заштита од ковид-19. „Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам да ги почитуваме мерките и на тој начин да му помогнеме на здравствениот систем и да им помогнеме на медицинските работници. Читать дальше...

За 24 часа во Македонија 381 казна за неносење заштитна маска

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа, на територијата на цела Македонија, казнети се 381 лице за неносење лична заштита на лице, согласно задолжителните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). МВР и во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. Казната за непочитување на оваа мерка изнесува 20 евра.

Прекини на струја и инвестиции во мрежата

SlobodnaEvropa.mk 

Дефекти во мрежата поради невреме го оставија на еден ден Дебар без струја зимава, претходно во текот на есента делови од Скопје останаа без напојување. Според стручните лица, потребно е да се инвестира во преносот и дистрибуцијата за да се овозможи непрекинато снабдување со енергија.

Спорт в России и мире
Москва

RU.TV превращает Русскую Музыкальную Премию в Мюзикл


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Теннисистка Касаткина выразила сожаление, что у нее нет коннекта с Шараповой


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Мокрый фасад: как сделать отделку по технологии СФТК





Путин в России и мире
Москва

МИД РФ иронично прокомментировал высказывание Шольца о Путине и Канте


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: на территории Польши и Прибалтики готовят атаки на восток




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Проводивший панихиду по Навальному* священник запрещен в служении



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Филипп Киркоров

Киркоров и Пелагея спели для амурчан-бамовцев в Москве



Москва

Чернышенко считает, что санкции являются подарком для российского спорта

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net