Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2021

Новости за 31.01.2021

Данска го одбрани светското злато во ракомет

SlobodnaEvropa.mk 

Данска е светски ракометен шампион, откако во финалето на Светското првенство во Египет ја победи репрезентацијата на Шведска со 26:24, со што ја одбрани титулата од пред две години. Финалниот натпревар на полувремето беше изедначен 13:13, но во вториот дел Данците во последните десет минути имаа предност до три гола разлика и ја освоија светската титула. Данската репрезентација стигна во финалето, откако во полуфиналниот натпревар ја совлада селекцијата на Шпанија со 35:33, а Шведска ја победи Франција 32:26. Читать дальше...

Нови 175 позитивни на коронавирус, 365 оздравени и 7 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 175 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 1.733 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 92.693. Починати се 7 пациенти во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.855 лица. Во моментов во земјава има 8.157 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство. Читать дальше...

Во Грција потврден случај на јужноафриканскиот вид на Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во Грција е потврден прв случај на јужноафриканскиот сој на Ковид-19, по што грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Хардељас и претседателот на Националната организација за јавно здравје Аркуменс, итно заминале во градот Солун, каде е открен случајот, јавува МИА. Секретаријатот на цивилната заштита на Грција соопшти дека по состанок кој денеска бил одржан со епидемиолозите во земјата, било одлучено Хардељас и Аркуменс да заминат за Солун и да ја оценат ситуацијата. Ова е прв потврден... Читать дальше...



Протест за поддршка на Навални во Подгорица

SlobodnaEvropa.mk 

На Плоштадот на Независноста во Подгорица денеска се собраа неколку десетици луѓе, главно руски државјани кои живеат во Црна Гора, во знак на поддршка на рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални. Присутните на протестот носеа транспаренти со пораки „Слобода за Навални“, „Русија убива“, „Трибунал за Путин“, во знак на протест поради апсењето на рускиот опозиционер. Поради истата причина, на 23 јануари група руски и црногорски државјани протестираа во Херцег Нови и пред амбасадата на Руската Федерација во Подгорица. Читать дальше...

На инфективните клиники во Скопје хоспитализирани 263 ковид пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради копликации од коронавирусот, со што вкупно 263 лица сомнителни и потврдени на ковид се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие според Министерството имало осум приеми на интерните клиники, три нови приеми во ГОБ „8 Септември“, додека четворица пациенти биле примени на Инфективната клиника. Во изминатите 24 часа пет оздравени пациенти се пуштени дома на лекување, наведува институцијата. Читать дальше...

Израел најави дека ќе им даде 5.000 вакцини на Палестинците

SlobodnaEvropa.mk 

Израел прифати да им даде на Палестинците 5.000 вакцини против коронавирусот, за да се вакцинираат здравствените работници кои најмногу се изложени на можна зараза, соопшти денеска кабинетот на израелскиот министер за одбрана Бени Ганц. Еврејската држава сега за прв пат го потврди трансферот на вакцини на Палестинците кои многу заостануваат зад израелската брза кампања за вакцинација, односно немаат примено ниту една вакцина. Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост поради... Читать дальше...

Земјотрес со епицентар кај Кичево

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со јачина од 3.0 степени по Рихтеровата скала денеска е регистриран во западниот дел на државата, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот е лоциран на седум километри од Кичево, на длабочина од околу два километри.

Средношколците продолжуваат со бојкот на наставата

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на средношколците соопшти дека донел одлука за продолжување на бојкотот на наставата од страна на матурантите и следната недела. Од Министерството за образование и наука (МОН) регираат дека бојкотот е „неоправдан.“ Бојкотот на наставата на средношколците беше започнат поради нивните барања за измена на матурскиот испит поради онлајн наставата. Тие бараат, наместо четири, да полагаат два предмети, едниот да биде задолжителен мајчин јазик, додека вториот да биде изборен, како и проектна задача. Читать дальше...



Дописник на РСЕ приведен пред почетокот на протестите во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Андреј Афанасјев, допосник за рускиот сервис на Радио Слободна Европа, е приведен додека патувал да известува од антивладините протести во рускиот град Благовешченск, во Далечниот Исток. Новинарот денеска бил запрен од сообраќајната полиција, пред одржувањето на протестите на национално ниво против затворањето на познатиот активист и критичар на Кремљ, Алексеј Навални.   Афанасјев, кој поседувал прес-легитимација и доказ дека бил на работна задача, бил однесен во локалната полициска станица.... Читать дальше...

Германија се закани со тужби поради доцнење на анти-ковид вакцините

SlobodnaEvropa.mk 

Германската влада се закани дека ќе ги тужи лабораториите кои „не ги почитуваат обврските“ за испорака на вакцините во Европската унија, во момент на зголемување на тензиите околу доцнењето со испораката на британската компанија „АстраЗенека.“ „Ако се покаже дека фирмите не ги почитувале своите обврски треба да одлучиме за судските последици. Ниту една земја не може да фаворизира друга земја во однос на ЕУ“, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмајер во разговор за германскиот весник... Читать дальше...

Напредок на повеќе земји за вакцинација против Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Програмите за вакцинирање против Ковид-19 во Пакистан, Украина, Иран, Грузија, Египет и во други земји беа поттикнати за време викендот, а здравствените власти објавија напредок кон вакцинацијата на населението. Пакистан на 30 јануари објави дека се обезбедени 17 милиони дози од вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ преку програмата КОВАКС координирана од Светската здравствена организација (СЗО) за поддршка на земјите со пониски примања за пристап до вакцини. Почнувајќи следната недела,... Читать дальше...

Почнаа протестите за ослободување на Навални, десетици приведени

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици демонстранти се наводно приведени откако Русите на 31 јануари излегоа на улиците на протестите кои се одржуваат на национално ниво втор викенд по ред. Тие бараат да биде ослободен од затвор критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, во услови на голема акција против неговите приврзаници.   Демонстрантите на Далечниот Исток и Сибир ги започнаа протестите кои се очекуваат во целата земја и покрај ниските температури и силното присуство на полицијата. ОВД-Инфо објави повеќе од 260 апсења на... Читать дальше...

Времето денеска - облачно со врнежи

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а во попландневните часови почнувајќи од западниот дел на земјата ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, локално се очекува да наврнат 25 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 4... Читать дальше...

Милевски - Децентрализирани општини не треба да зависат од милоста на централната власт

SlobodnaEvropa.mk 

Ако законски се ограничи бројот на вработувања во општините и јавните претпријатија, ќе се намали притисокот врз функционерите за вработувања и ќе се реши проблемот со превработеност, што потоа генерира несуштински трошоци, наместо инвестиции, вели министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Милевски - Потребно е системско решение за општинските долгови

SlobodnaEvropa.mk 

Треба да се најде системско решение за проблемот со долговите кој го имаат јавните претпријатија основани од општините, вели министерот за локална самоуправа Горан Милевски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Со Милевски зборуваме и за длабокиот кои постои меѓу осумте плански региони, за развојот на руралните средини и за ИПА фондовите.

Спорт в России и мире
Москва

Росгвардия обеспечила правопорядок во время футбольного матча «ЦСКА» - «Спартак» в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Как Рыбакиной стать второй ракеткой мира: расклад от WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

На площадке МВЦ «Казань Экспо» открылся XVIII Российский венчурный форум





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время движения поездов от Москвы до курортов Черноморского побережья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

Блогер Алена Водонаева заявила, что Тимати нужно похудеть



Москва

Ефимов: в Перове возвели девятый дом в рамках программы реновации

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net