Бесплатно тестирањето за ковид-19 за наставниците во Грција
Просветните работници во Грција можат да се пријават за бесплатно тестирање за ковид-19, кое започна утрово, а е во пресрет на отворањето на училиштата и градинките в понеделник.
Предвидено е брзите тестови да се прават на 386 различни локации во цела Грција, по закажан термин преку платформата, што е наменета и за наставниците, но и за учениците над 16-годишна возраст.
Ново целосно затворање во Грција, со цел училиштата да отворат на 11 јануари
Според локалните медиуми, во Солун, рано утрово има редици на локациите каде што се врши тестирање, поради големиот интерес на просветните работници.
По позитивната препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција в понеделник ќе се отворат основните училишта, забавиштата и градинките, додека, пак, средношколците ќе продолжат со онлајн настава.
Во меѓувреме, Грција ја продолжи одлуката за ограничување на копнени поврзувања на земјата и за забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари за да се ограничи ширењето на коронавирусот.