Нови 100 случаи на коронавирус, 11 починати
Во изминатото деноноќие се регистрирани 100 нови случаи на коронавирус од 764 тестирања, а 11 луѓе во Македонија починале од вирусот, информира Министерството за здравство. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 47, Дебар 12, Тетово 10, Кавадарци 8, Прилеп и Охрид по 4, Велес, Куманово и Гостивар по 3, Кочани 2, и Штип, Крива Паланка, Радовиш и Кичево по еден нов случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени.
Починати се 11 лица на возраст од 41 до 84 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592, а бројот на активни случаи изнесува 16.242.