Филипче – Немаше големи прекршувања на мерките за празниците
Епидемиолошката состојба е прилично стабилна и верувам дека така ќе остане, оцени министерот за здравство Венко Филипче. Тој, како што изјави денеска по посетата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, верува дека за време на празниците прекршувањата на мерките не беа чести и многу.
Само вакцината може да ја прогласи короната за умрена
Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека е логично барањето на угостителите за продолжување на работното време до 23 часот, но тоа никако нема да се случи пред 21 јануари. Барањето ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести.
Владините рестриктивни мерки, меѓу кои беше и скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот, стапија во сила на 18 декември 2020 година. Нивната цел беше да се спречи ширењето на коронавирусот за новогодишните и божиќните празници. Мерките треба да престанат да важат на 21 јануари 2021 и работното време да се врати до 21 часот.
Од почетокот на епидемијата досега во земјава има над 85 илјади потврдени случаи на коронавирус, а во моментов активни се под 17 илјади случаи. Од ковид-19 досега починаа над 2500 луѓе.