Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 28.10.2019

Британскиот парламент го одби барањето на Џонсон за избори на 12 декември

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците од Долниот дом на Британскиот парламент го одбија барањето на премиерот Борис Џонсон предвремените парламентарни избори да бидат распишани на 12 декември. За распишување на изборите на 12 декември гласаа 299 пратеници, а против беа 70, но за усвојување на таквата одлука е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 434 од 650 пратеници. Откако пратениците го одбија неговото барање, Џонсон рече дека до Парламентот ќе испрати краток предлог на Законот за избори на 12 декември. Читать дальше...

Русија и Украина не постигнаа договор за транзит на природниот гас

SlobodnaEvropa.mk 

Преговарачите на Русија и Украина денеска не успеаја да постигнат договор за новата долгорочна спогодба за транзит на природниот гас, поради што е зголемена можноста за прекин на испораката на тој енергенс од Русија во текот на зимата. Европскиот комесар за енергетика, Марош Шевчович, изјави дека е разочаран со исходот од денешните преговори во Брисел и предупреди дека „времето лета“, зашто важечкиот договор за транзит на гасот истекува на 1 јануари. Голема количина од рускиот гас за Европа поминува низ Украина... Читать дальше...

Зелена оаза во Дубаи – Населба со нула емисија на гасови

SlobodnaEvropa.mk 

На 20 километри од центарот на Дубаи е изграден мал град, кој има за цел да стане зелена оаза во пустината. Населбата има за цел да ја произведува целата енергија што им е потребна од обновливи извори.



Поранешен советник на Трамп не се појави на сведочењето за импичмент во Долниот дом

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот советник во Белата куќа, Чарлс Куперман не се појави на сведочењето во Долниот дом за истрагата за импичмент за претседателот Доналд Трамп за тоа дали вршел притисок врз неговиот украински колега да го истражува неговиот политички противник Џо Бајден. Куперман, кој беше заменик советник за национална безбедност, ја игнорираше поканата издадена од три комитети во Домот да сведочи, обвинуваат дел од пратениците. Претседателот Трамп тврди дека Куперман има имунитет од сведочење, а тој... Читать дальше...

Битолчани ќе добијат 2500 инвертер-клими за борба против загадувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Владата најави субвенции до 1000 евра за набавка на инвертер-клими за 10 илјади семејства во Скопје, Тетово, Кичево и Битола. Една четвртина од климите ќе завршат во Битола, која веќе се загадува од производството на струја во РЕК.

Евакуација во Марибор поради две бомби од Втората светска војна

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку илјади жители на Марибор в четврток и недела ќе бидат евакуирани од нивните домови од безбедносни причини, поради деактивирање на две неексплодирани авионски бомби кои беа откриени на две локации во градот на крајот од неделава. Директорот на противпожарната бригада на Марибор, Алеш Цирингер рече дека бомбите биле 250 килограми и датираат уште од времето кога сојузниците го бомбардирале Марибор пред крајот на Втората светска војна. Според него, првата бомба е пронајдена во саботата на... Читать дальше...

Болсонаро – Аргентина избра лошо, немам намера да му честитам на новиот претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Бразил, десничарот Жаир Болсонаро денеска изјави дека Аргентинците „лошо избраа“ на вчерашните претседателски избори, затоа што победи популистичкиот „перонист“ Алберто Фернандес и дека Болсонаро „нема намера да честита“. „Жалам поради резултато на изборите. Не сум пророк, но мислам дека Аргентина лошо избра. Немам намера да му честитам [на Фернандес]. Денеска нема да ни биде непријатно. Ќе почекаме малку да видиме која е неговата политичка позиција“, изјави Болсонаро. Алберто Фернандес... Читать дальше...

Романски рудари се затворија под земја и се заканија со штрајк со глад

SlobodnaEvropa.mk 

Рударите од два јагленокопа – Паросени и Урикани денеска почнаа протест, а сто од нив се затворија под земја и се заканија дека ќе почнат штрајк со глад. Протестот е поради најавата за затворање на рудниците на почетокот од следната година. Рударите бараат продолжување на Правилникот со кој се гарантира исплата на компензација и двогодишен работен стаж за рударите кои во меѓувреме исполнија услови за пензија. Правилникот гарантира и вработување на рударите кои не се пензионирани во рудниците на Енергетскиот комплекс Хунедоара.



Венти, Гарау и Пренџова со европска слем поезија во клуб МКЦ

SlobodnaEvropa.mk 

Катарина Венти од Австрија, Серџо Гарау од Италија и нивната домаќинка, македонската поетеса Елена Пренџова се учесници на првиот пријателски интернационален слем што ќе се одржи оваа среда, на 30 октомври во 20.30 часот, во клубот МКЦ во Скопје.

Метју Палмер во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер утре ќе престојува во работа посета на Македонија. Палмер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе биде примен од шефот на дипломатијата Никола Димитров. Се очекува Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава... Читать дальше...

Стерјовски – Зошто Еди Рама ја откажа средбата со претседателот Пендаровски?

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот во албанскиот Парламент од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето пред пратениците информираше за неговата средба со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, за време на неговата официјална посета на Албанија и праша зошто албанскиот премиер Еди Рама ја откажал средбата со Пендаровски. „Планирано беше претседателот Стево Пендаровски да се сретне и со премиерот Еди Рама, но како што бев информиран од македонската делегација, половина час пред средбата... Читать дальше...

Бугарија побара отповикување руски дипломат поради шпионажа

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското Министерство за надворешни работи побара од Москва да отповикаат еден дипломат во нивната амбасада во Софија, по обвинението дека првиот секретар бил вклучен во шпионажа повеќе од една година. Во соопштението на Министерството се наведува дека бугарските власти имале средба со рускиот амбасадор, откако биле известени од страна на обвинителите и тајните служби за сомнителните активности на дипломатот, по што побарале негово повлекување до крајот на денот. Министерството соопшти дека дипломатот веќе ја напуштил Бугарија. Читать дальше...

Чавушоглу - Курдските сили не се целосно повлечени

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, вели дека сириските курдски сили не се повлекле целосно од пограничното подрачје, како што беше договорено со Русија. Тој најавува дека наскоро ќе ги разгледаат следните чекори со Москва. Турскиот министер најави дека руска воена делегација ќе дојде во Турција и тогаш ќе биде разгледано започнувањето на работата на заеднички патроли. Чавушоглу повтори дека курдските сили доколку не се повлечат 30 километри од границата, турските сили ќе ги „исчистат“. Читать дальше...

Чилеанците повикуваат на нови протести

SlobodnaEvropa.mk 

Во Чиле се најавуваат нови протести и покрај тоа што претседателот Себастијан Пинера рече дека ќе го реконструира неговиот кабинет. Тој размислува да ги разреши министерот за внатрешни работи и министерот за финансии. Чиле, најголемиот производител на бакар во светот, долго време беше една од најпросперитетните и стабилни економии во Латинска Америка, со ниско ниво на сиромаштија и невработеност. Но, проблем се втемелената нееднаквост и растот на трошоците за живот. Пред една недела почнаа протести заради повисоката цена на метрото... Читать дальше...

Убиен е и портпаролот на Исламска држава, Хасан ал Мухаџир

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Исламската држава е убиен во заедничка акција на американските сили и Курдите, соопштуваат Сириските демократски сили предводени од Курдите. Неговото убиство доаѓа по објавувањето на веста дека е убиен лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади. Главниот командант на Сириските демократски сили, Мазлум Абди, на Твитер објави дека портпаролот на Исламска држава, Абу Хасан ал-Мухаџир, бил убиен во село кое се наоѓа во близина на границата со Турција, во координирана операција на американските сили и Курдите. Читать дальше...

Нови правила за издавање безбедносни сертификати

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците од опозицијата и од власта се согласиле дека за да му се издаде безбедносен сертификат за државна тајна на едно лице тоа не треба да има двојно државјанство, а за сертификат за строго доверливо, може да го добие лице кое е државјанин на членка на НАТО. Амандман со ваква содржина прифатиле пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања на чиј дневен ред единствена точка беше Предлог-законот за класифицирани информации, во второ читање. Министерката за... Читать дальше...

Игор Спасов се бара со потерница

SlobodnaEvropa.mk 

Штипскиот суд издал согласност за потерница за специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски. Тој од денеска се бара со потерница на територијата на државата. Спасов требало да се појави пред една недела во затворот, од каде бил пуштен за лекување, но тоа не се случило. Полицијата го информирала Судот дека Спасов не е најден на подрачје на општина Штип и е во бегство. Доколку не го пронајдат на територија на државата, Судот ќе биде известен, по што... Читать дальше...

Џонсон го обвинува Парламентот за одложување на Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон вели дека е вина на Парламентот, а не негова, што земјата нема да ја напушти ЕУ, како што беше предвидено на 31 октомври. Лидерите на земјите членки на ЕУ се согласија Брегзитот да се одложи до 31 јануари, откако британскиот премиер не успеа да ги натера британските пратеници да го ратификуваат неговиот договор за излез од Унијата до крајот на октомври. Џонсон со месеци велеше дека Британија ќе ја напушти Унијата на 31 октомври, со договор за Брегзит или без него. Читать дальше...

ДИК подготвена за избори по кој било модел

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, изјави дека Комисијата е подготвена да спроведе парламентарни избори по кој било модел за кој ќе се договорат политичките партии. Тој вели дека Избирачкиот список е во ред и оти во него нема т.н. фантомски гласачи. „Во список во кој има над 1,8 милиони избирачи ќе може да се најде некоја недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка“, рече Деркоски, одговарајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Извештајот за мониторингот... Читать дальше...


Музыкальные новости
The Beatles

«Если прищуриться, мы похожи на The Beatles» // Евгений Цыганов о своей карьере музыканта





Персональные новости
ЦСКА

РОСГВАРДИЯ ОБЕСПЕЧИЛА ПРАВОПОРЯДОК ВО ВРЕМЯ ФУТБОЛЬНОГО МАТЧА «ЦСКА» - «СПАРТАК» В МОСКВЕ





Жбогар - Логично е одложувањето на пописот за да нема политичко влијание

SlobodnaEvropa.mk 

Логично е да се одложи пописот поради одлуката за предвремени избори, за да нема политичко влијание, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој во обраќањето за Европскиот ден на статистиката рече се надева оти пописот ќе се одржи најдоцна до 2021 година, кога ваква статистичка операција ќе спроведат и други европски држави. Жбогар вели дека разбрале дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред и се надева дека ќе има и политичка волја за да се заврши оваа операција. Пописот, според Жбогар... Читать дальше...

Во СМС порака за „Монструм“ - Зад убиствата стојат професионалци

SlobodnaEvropa.mk 

На денешното рочиште за случајот Монструм, за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012, се читаат СМС пораки во врска со случајот. Беа прочитан пораки меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и тогашниот заменик министер за внатрешни работи Џелал Бајрами. Бајрами му пишува на Ахмети дека станува збор за професионалци и дека тоа го немало нити во војната во Косово, ниту во војната во 2001, а наликувало на војните во поранешна Југославија. За петкратното убиство обвинети се Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири. Читать дальше...

Можно ли е партнерство со ЕУ, наместо членство?

SlobodnaEvropa.mk 

За дел од аналитичарите секоја алтернатива на нашето членство во Европската Унија е популистичка и недефинирана варијанта која може да не втурне во нови игри на големите сили. За други пак, какво било решение кое може да не приближи до ЕУ е подобро од ништо.

Верушевски бара отштета од државата од 70 илјади евра

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски во граѓанска тужба бара оштета од државата за, како што вели, неоснованите притвори за предметот „Пуч“ и за неовластено поседување на оружје. Во Основниот суд Скопје 2 Верушевски изјави дека мотивот за тужбата е да се заокружи личната семејна голгота која му ја наметнала државата, пренесуваат дел од медиумите. Тој од државата бара отштета во вредност од 70 илјади евра за 11-те месеци поминати во притвор. Читать дальше...

ЕУ го одложи Брегзит до 31 јануари

SlobodnaEvropa.mk 

Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија да го одложат Брегзит на уште три месеци, односно до 31 јануари. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Твитер објави дека 27 земји членки на ЕУ се согласиле да го одложат излегувањето на Британија од ЕУ, до крајот на јануари 2020. Но Британија може да излезе од Унијата и порано ако Британскиот Парламент успее да се договори и ако го изгласаат дoговорот постигнат со ЕУ. Британскиот парламент, пак, денеска треба да се изјасни по предлогот... Читать дальше...

Во Турција уапсени 20 луѓе поврзани со Исламска држава

SlobodnaEvropa.mk 

Турските власти денеска уапсиле 20 странски државјани осомничени дека имаат врски со Исламска држава, јави државната агенција Анадолија. Притворите доаѓаат еден ден откако претседателот на САД Доналд Трамп објави дека водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади е убиен во рацијата на американските специјални сили во северозападна Сирија, во близина на турската граница. Турција често спроведува операции против лица кои имаат врски со Исламска држава, и не е јасно дали денешните апсења се поврзани со смртта на Багдади. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Росгвардия обеспечила правопорядок во время футбольного матча «ЦСКА» - «Спартак» в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Камбэком обернулся матч вундеркинда из России перед стартом Еленой Рыбакиной в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Опыт проведения Всероссийской акции «Вода России» представлен на межведомственном заседании в Ташкенте





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время пути поездов от Москвы до Черноморья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Денис Мацуев

Мацуев — о московском дерби: Бездарное зрелище. Уснул на 15-й минуте



Москва

В Московской области сотрудники Росгвардии задержали подозреваемого в совершении серии краж

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net