123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 18.10.2019

Мицотакис - Исходот од Самитот не е добар ни за Балканот, ни за Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Резултатот беше таков што не ни дозволи да донесеме одлука и ова не е добро ни за Балканот ни за Грција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за резултатите од Самитот на ЕУ, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече, за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме“, jави дописничката на МИА од Атина. „Не беше изводливо да се постигне едногласност. Три земји не се согласија, па така, резултатот не беше таков да ни дозволи да донесеме одлука. Читать дальше...

Победниците на косовските избори се договорија за заедничка Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Работни групи на партиите победнички на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) денеска одржаа состанок, по кој објавија дека постигнале согласност за содржината и принципите на договорот за заедничко владеење, јави дописникот на МИА од Приштина. Во заедничкото соопштение на двете партии се наведува дека на состанокот, одржан во седиштето на ЛДК, се разгледани главните политички теми за клучните реформи кои ја очекуваат новата влада. Читать дальше...

Барселона парализирана од протести

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата соопшти дека повеќе од половина милион луѓе денеска протестирале во главниот град на Каталонија, стопирајќи го железничкиот сообраќај и блокирајќи ги патиштата.



Ердоган се заканува интензивирање на офанзивата ако не се почитува примирјето во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе ја продолжи офанзивата во североисточниот дел на Сирија уште поинтензивно од претходно ако договорот со САД за петдневно примирје не биде реализиран во целост, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека за Турција не претставува проблем влезот на сириските сили со поддршка на Русија во подрачјата исчистени од курдските Сили за заштита на народот, истакнувајќи оти Анкара не планира да остане на подрачјата под нивна контрола во северниот дел на Сирија. Претходно, турскиот... Читать дальше...

Две космонаутки на првата „само женска“ прошетка во вселената

SlobodnaEvropa.mk 

Американските космонаутки Кристина Кох и Џесика Меир влегоа во историјата како првите космонаутки коија направиле првата „само женска“ прошетка во вселената. Се очекува двете космонаутки денеска да поминат 5,5 часа надвор од Меѓународната вселенска станица за да заменат дел од електричната мрежа на вселенската лабораторија. Кох веќе има четири излегување во отворената вселена, но ова е прва „прошетка“ на Меир, која ќе биде 15-та жена која излегла во вселената. Светлана Савицкаја од СССР во... Читать дальше...

„Скупи фест 2019“ со порака „Логирај се на театар!“

SlobodnaEvropa.mk 

Седум грижливо одбрани претстави на театри од Русија, Словенија, Бугарија, Србија, Косово, Албанија и од Македонија ќе бидат прикажани на 13-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фест“, што под мотото „Логирај се на театар!“ од 21 до 27 октомври ќе се одржи во Скопје.

Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел, поздравувајќи ја храброста на премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери, јави дописникот на МИА од Париз. Тој денеска на прес-конференцијата истакна дека немало едногласност за датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија. Имало големо мнозинство, но голем број земји кажале „не“ за Албанија. „Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Читать дальше...

Османи - Продолжуваме со изградбата на европска Република Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Ние сме дел од Европа и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформите, изградбата на добрососедските односи и негувањето на соживотот и мултикултурното општество, односно едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Северна Македонија, објави денеска на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашање Бујар Османи. „Јас немам дилеми дека европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денеска е нарушен“, пишува тој.



Адеми - Вакцинирањето е услов за запишување во училиште

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцинирањето на децата е услов за да бидат запишани во училиште, вели министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тој вели дека тоа е предвидено и со новиот и со стариот закон за основно образование. Според законот, родителите треба да ги вакцинираат децата и да достават потврди за вакцинирање пред да ги запишат децата во прво одделение. Тој вели дека сè уште се обработуваат податоците колку деца требало да се запишат во училиште, а колку се запишале. Како влада остануваат на тоа дека ќе има... Читать дальше...

Лидерска кај Пендаровски в недела

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерска средба ќе се одржи в недела попладне во претседателската „Вила Водно“. Средбата е на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, а уследи по недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ. На средбата ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата. На лидерската се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците... Читать дальше...

Експлозии во џамија во Авганистан, десетици жртви

SlobodnaEvropa.mk 

Во двојна експлозија во џамија во источен Авганистан за време на петочната молитва, загинале 29 луѓе, соопштија властите. При експлозиите се повредени речиси 100 луѓе. Нападот се случил во областа Хаска Мена во провинцијата Нангархар, соопштија официјалните лица. Тие велат дека бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи спасувачите се уште вадат тела од урнатините. Засега ниту една милитантна група не презеде одговорност за нападот, но и талибанците и групата Исламска држава се активни во источниот дел на Авганистан, особено во Нангархар.

Власта апелира на трезвеност по одлуката на ЕУ, а опозицијата бара избори

SlobodnaEvropa.mk 

Политичките лидери во Скопје по одлуката на земјава да не и се додели датум за почеток на преговорите со ЕУ зборуваа за емоции и разочарување, а побараа единство. Опозицијата пак побара и оставка од премиерот Зоран Заев и предвремени избори.

Јункер - Ако сакаме да бидеме почитувани мора да ги одржуваме ветувањата

SlobodnaEvropa.mk 

Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел. На прашањето кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер рече ако ова е крај на проширувањето, треба да се соочиме со сериозни критики. „Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме... Читать дальше...

Макрон го доведе во прашање проширувањето на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Нема да има проширување на ЕУ, додека Унијата не се реформира, рече францускиот претседател, Емануел Макрон по Самитот на кој лидерите на ЕУ не дадоа датум за преговори на Македонија и Албанија.Тој вели дека полноправното членство во ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на Унијата. За ова прашање синоќа имале долга расправа. „Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече... Читать дальше...

Туск: Грешка е, не се откажувајте

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за проширувањето пред Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година. Тоа е единствената реченица во заклучокот од дводневните неизвесни расправии за проширувањето на ЕУ.

Туск – Нема датум, но не се откажувајте

SlobodnaEvropa.mk 

Немаше согласност од сите земји членки за почеток на преговори со Македонија и со Албанија и на ова прашање ќе се навратиме во мај 2020 година, пред наредниот Самит на ЕУ во Загреб, рече претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск на денешната прес-конференција по завршувањето на Самитот. Тој рече дека Македонија и Албанија не се криви и оти направиле сè што се барало од нив и оти Преспанскиот договор е извонредно достигнување, но, иако големо мнозинство од членките сакале, „неколку земји“ не биле подготвени да дадат датум за преговори. Читать дальше...

Меркел - На Северна Македонија ќе се навратиме на следниот самит

SlobodnaEvropa.mk 

Не успеавме да постигнеме консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, ќе се навратиме пак на самитот во Загреб, рече германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел. Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ.  Ставот на Германија беше дека треба да почнат преговори, но немаше консензус и не донесовме заклучок, рече таа.

Пендаровски свика лидерска - Не е време за разочарување, туку за обединување и реформи

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерска средба ќе се одржи в недела на покана на претседателот Стево Пендаровски, во врска со последните случувања на евроинтегративниот пат. Тој вели дека упатил покана до власта и до опозицијата и добил позитивен одговор од нив. „Не е време за разочарувања, апатија, калкулации за политички поени. Време е за обединување за нашата иднина и иднината на нашите деца. Само ако работиме заедно ќе успееме“, рече Пендаровски во своето обраќање. Тој вели дека најмалку што ни е потребно сега е незадоволството... Читать дальше...

Мицкоски повика на средба на државниот врв

SlobodnaEvropa.mk 

Недобивањето датум е лоша и непосакувана вест. Ваквата одлука е пораз, но не за народот и граѓаните, туку за политиките на Зоран Заев и неговата власт, рече на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој повика на средба на државниот врв на која ќе се дискутира за актуелната ситуација и за, како што вели, иднината на Македонија. Мицкоски вели дека е оправдано чувството дека политиките на Заев ја втурнале државата во круг на отстапки, подголтнувања и себеодрекување, за на крај да заврши со неуспех. Читать дальше...


Музыкальные новости
Концерт

Концерт Дениса Мацуева «Jazz and friends»





Персональные новости
Желдорреммаш

Команда АО "Желдорреммаш" стала призером СпортЛиги ТМХ





Рама - Нема предвремени избори и ако ЕУ каже „не“ за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека доколку Советот на Европа каже „не“ за отворање преговори на Албанија со ЕУ, нема да има предвремени избори и Владата ќе ја продолжи со својата работа. Тој вели дека нема зошто Албанија да оди на предвремени избори, бидејќи земјата направила сè за овој процес. „Доколку предвремените избори би го решиле проблемот меѓу Франција и Германија ќе размислував сериозно“, изјави Рама. Во земјата, сè почести се ставовите на аналитичарите, поранешни министри и опозицијата... Читать дальше...

Реакции за датумот- разочарување, жалење, отворање врата за Москва и Пекинг

SlobodnaEvropa.mk 

Откако стана јасно дека нема да има отворање на пристапни преговори со Скопје и Тирана не стивнуваат реакциите од странските политичари кои недвојбено изразуваат разочарување и предупредуваат на одговороност за можна дестабилизација.

Хан - Лидерите на ЕУ не успеаја да ги оживеат нивните ветувања за датум за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот Јоханес Хан на својот Твитер профил напиша дека лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање на преговори за пристапување со Северна Македонија и до Албанија. „Ова е екстремно разочарувачки“, напиша Хан. Тој пишува дека сега ЕУ треба да разјасни колку сериозна е нивната заложба за интеграцијата на Западен Балкан. Им благодарам на сите кои минатата ноќ ја ставија целата своја тежина на постигнување одлука од големо стратегиско значење за ЕУ и праќање сигнал а надеж за граѓаните на Западен Балкан“... Читать дальше...

За неполни две години девет деца жртви на трговија со луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Девет деца биле жртви на трговија со луѓе во Македонија лани и годинава, односно биле сексуално експлоатирани и принудувани на бракови. Полицијата поднела девет кривични пријави против 23 лица, а првопријавениот добил и казна затвор од 17 години додека второ и третообвинетите по 14 години затворска казна. Денеска се одбележува Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе. „Со жалење можеме да констатираме дека се поголем е бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, се поголем е бројот на деца кои се сексуално експлоатирани... Читать дальше...

Уште петмина бугарски навивачи приведени за расистичките злоупотреби

SlobodnaEvropa.mk 

Уште петмина бугарски фудбалски навивачи се приведени за расистичките извици на натпреварот за квалификациите за Еуро 2020 против Англија, објави денеска Министерството за внатрешни работи на Бугарија. Расистичките извици и нацистички поздрави предизвика низа реакции, а оставка си даде и шефот на бугарската фудбалска репрезентација. Полицијата досега идентификуваше 16 лица осомничени дека биле вклучени во расистичката злоупотреба, соопшти министерот за внатрешни работи. А уште по пет луѓе се трага.

Спорадични судири во Сирија по прекинот на огнот, Ердоган негира

SlobodnaEvropa.mk 

Во североисточна Сирија и денеска има гранатирања и истрели во пограничниот град Рас ал Аин и покрај прекинот на огнот, кој беше постигнат синоќа со посредство на САД. Во другиот дел се чини дека преовладува мир. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека имало спорадични судири во Рас ал-Аин, но дека има смирување на другите места во регионот. Меѓутоа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган негираше дека неговата армија продолжила со операцијата по синоќешниот договор за прекин на огнот. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Фитнес-эксперт Каневский назвал далеко не новым трендом копирование детьми поведения животных


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

WTA сообщила о достижении Рыбакиной после победы над Швентек


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Подмосковный «ЭкоЛайн» и «Сбер» начали сотрудничество





Путин в России и мире
Москва

Президент Азербайджана Ильхам Алиев прибыл в Москву по приглашению Путина


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

В Минске прошла рабочая встреча Александра Лукашенко и Александра Цыбульского




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Байден заверил Зеленского в скорых поставках новых пакетов помощи


Навальный в России и мире
Москва

Мосгорсуд оставил в СИЗО журналистку Фаворскую, обвиняемую в экстремизме за репортажи о Навальном



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт Дениса Мацуева «Jazz and friends»



Москва

Крупный логистический комплекс в Долгопрудном готов на 70%

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net