123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 05.10.2019

Помпео-Дендиас: Нова ера во однoсите меѓу САД и Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и американскиот државен секретар Мајк Попмео на нивната денешна средба потпишаа протокол со амандмани на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу двете земји. Тие се согласија дека започнува нова ера во билатералната соработка. Помпео изјави дека Грција е важна за стратешката стабилност во Европа и источниот Медитеран. Дендиас истакна дека неговата земја по кризата се враќа на меѓународната сцена како столб на стабилност во поширокиот регион. Читать дальше...

Заев до 15 октомври очекува обвинение за „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува до 15 октомври да биде покренато обвинение за случајот „Рекет“.  „Пред 15ти завршуваат 90 дена од истрагата, по што очекувам да биде завршена со обвинителен акт и граѓаните да ги знаат сите вистини. Тоа ќе го охрабри правосудството и понатаму да одлучува исклучиво и по Устав и по Закон и по сопствено убедување и затоа што ветивме правна држава, владеење на правото. Право еднакво за сите, еднакви граѓани пред правниот систем“, порача Заев на денешната трибина „На прав пат“ во Штип. Читать дальше...

Талибанците убиле 6 полицајци во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците убиле шест полицајци во авганистанската покраина Каписа при напад на контролен пункт. Локалните власти соопштија дека тројца полицајци се повредени. Според нив, зголемено е присуството на талибанците во регионот и повремено спроведуваат напади врз контролни пунктови. Нападот се случува кога талибанските преговарачи соопштија дека се сретнале во Исламабад со американскиот мировен претставник за Авганистан, Залмај Халилзад за прв пат откако претседателот на САД, Доналд Трамп во септември изјави дека мировниот процес е мртов.



Сириската опозиција со предупредување за „војна“ против Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Сириските демократски сили поддржани од САД, предупредија за „целосна војна“ против Турција, доколку земјата ја спроведе својата закана да изврши воздушни и копнен напад против нив во североисточна Сирија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека земјата ќе спроведе воздушна и копнена воена операција, врз цели на подрачјето под контрола на сириските демократски сили источно од реката Еуфрат во Сирија. Сириските демократски сили се составени пред се од курдските, арапските и асирските милиции.

Десет жртви во сообраќајна несреќа во Романија

SlobodnaEvropa.mk 

Десет лица загинаа, а седум се повредени во југоисточниот дел на Романија кога се судрил камион со минибус. Романските власти соопштија дека четворица од повредените се во сериозна состојба. Романија има највисока стапка на сообраќајни несреќи во ЕУ.

Нуклеарни преговори меѓу САД и Северна Кореја во Стокхолм

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на американските и севернокорејските власти пристигнаа во изолиран конференциски центар на периферијата на Стокхолм во обид да стават крај на застојот во нуклеарните преговори. За прв пат тие формално ќе седнат на маса откако претседателите на двете земји Доналд Трамп и Ким Џонг Ун се сретнаа во јуни и донесоа одлука да ги рестаритираат преговорите кои пропаднаа по неуспешниот самит во Виетнам во февруари. Делегацијата на Вашингтон е предводена од американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Биган. Читать дальше...

Стејт Департмент: Палмер и Гренел ќе соработуваат за договор меѓу Косово и Србија

SlobodnaEvropa.mk 

„САД гледаат историска можност Србија и Косово да постигнат сеопфатен договор за нормализација на нивните односи. Одлуката за именување на претседателски претставник за мировните преговори ја подвлекува посветеноста на САД за мир, стабилност и просперитет на народот на Србија и Косово“, изјави за РСЕ еден од портпаролите на Стејт Департментот.  Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го назначи американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел за негов претставник во преговорите меѓу Белград и Приштина. Читать дальше...

Расте бројката на загинати демонстранти во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за човекови права на ирачкиот Парламент соопшти дека бројката на жртви на масовните протести низ Багдад и земјата пораснала на 93 лица, откако немирите продолжија петти ден по ред. Речиси 4000 луѓе, според комисијата, се повредени откако започнаа протестите против невработеноста, корупцијата и лошите јавни услуги. Последните бројки за нови жртви доаѓаат откако истакнатиот шиитски свештеник Моктада ал Садр ја повика Владата да пдонесе оставка и да се спроведат вонредни избори под надзор на ОН. Читать дальше...



Намалена потрагата по исчезнатите морнари во Атлантскиот океан

SlobodnaEvropa.mk 

Властите од францускиот остров Мартиник соопштија дека ја намалуваат потрагата по седум морнари кои исчезнаа откако нивниот брод кој пловел под знамето на Луксембург претрпел тешкотии поради урганот Лоренцо и потонал. Поголемиот дел од членовите на екипажот биле Украинци, меѓу нив имало и Јужно Африканец и Филипинец, а двајцата капетани биле од Русија и од Хрватска. Тројца членови на екипажот беа спасени на 28 септември. Телата на четворица други морнари беа пронајдени по неколку дена. Според соопштението на властите... Читать дальше...

Демократскиот кандидат Сандерс имал срцев удар

SlobodnaEvropa.mk 

Доктори потврдија дека демократскиот претседателски кандидат Берни Сандерс претрпел срцев удар. Членови на неговиот тим соопштија дека 78 годишниот Сандерс ја напуштил болницата во Лас Вегас и се чувствува одлично и со нетрпение очекува да се врати на работа. Сандерс беше примен во болница на 1 октомври откако се пожалил на непријатност во градите. Тој ги суспендираше неговите јавни настапи, но планира да им се придружи на останатите 11 кандидати во Охајо каде на 15 октомври ќе се одржи наредната демократска претседателска дебата.

ЕУ одби викендов да го разгледува предлогот за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ го одби барањето на Британија викендов да разговара за Брегзит откако премиерот Борис Џонсон го поднесе предлогот за измена на договорот за напуштање на европскиот блок. Европската комисија соопшти дека новиот предлог за Брегзит не обезбедил основа за негово финализирање. Портпаролката на комисијата, Наташа Бертауд изјави дека на Британија ќе и се даде нова можност да го презентира предлогот в понеделник.

Помпео во Атина ќе потпише договор за одбранбена соработка

SlobodnaEvropa.mk 

Во фокусот на посетата и средбите на американскиот државен секретар Мајк Помпео во Атина ќе биде потпишувањето на договорот за одбранбена соработка САД- Грција. Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изјави дека разговорите ќе ги покријат и сите останати теми од грчки интерес, Турција, Кипар, како и ситуацијата на Балканот. Помпео најпрвин ќе оствари средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, потоа со министерот за одбрана, Никос Панајотопулос, а на средбата со Дендиас ќе биде потпишан договорот. Читать дальше...

Трамп наредил кратење на бројката на вработени во Советот за безбедност

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил намалување на бројката на персонал во Советот за национална безбедност, јави Блумберг. Таквиот чекор доаѓа во период кога Трамп се соочува со импичмент откако беше отворена истрага по тврдењата на свиркач поврзана со работата на Советот за национална безбедност. Во моментов во советот работат 310 лица, а не се знае за колку бројката ќе биде намалена. Свиркачот тврди дека Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски барал... Читать дальше...

Изборен молк во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Во Косово денеска е изборен молк пред утрешното гласање на вонредните парламентарни избори. Кампањата за седмите по ред повеќепартиски избори во земјата започна на 25 септември. За гласањето акредитирани се околу 33 илјади набљудувачи. На изборите учествуваат околу 25 политички субјекти, од кои 20 партии, четири кoалиции и еден независен кандидат. За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати. Право на глас имаат 1.937.868 лица.

Променливо облачно време со сончеви периоди

SlobodnaEvropa.mk 

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Се лажат тие што мислат дека ќе си го сочуваат здравјето со електронска цигара

SlobodnaEvropa.mk 

Општо позната е штетноста на цигарите, но експертите предупредуваат дека и електронските цигари, кои се користат како замена, се исто така штетни. Индија, Бразил, Турција размислуваат целосно да ја забранат употребата на познатата електронска цигара, додека во САД почнува постапка за забрана само на ароматизираните електронски цигари.

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудники Росгвардии приняли участие в чемпионате Центрального округа по боксу.


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Потапова победила Самсонову в первом круге турнира WTA в Штутгарте


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о сохранении экологии Севастополя





Путин в России и мире
Москва

На окружном полуфинале конкурса «Это у нас семейное» Калмыкию представляют четыре семьи


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Григорий Лепс

Телефон раздора: что грозит Лепсу за удар по смартфону фанатки



Москва

СК: подозреваемого в убийстве из-за парковки поймали в Ростовской области

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net