Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 02.10.2019

Албанските граничари за девет месеци открила повеќе од седум илјади имигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Во периодот јануари – септември албанската гранична полиција открила 7.288 нелегални мигранти, соопшти директорот на Управата за граница и миграција, Едуарт Меркај. Тоа е за 37 отсто повеќе споредено со истиот период лани, односно за 5,7 отсто повеќе отколку во целата 2018 година. Меркај соопшти дека во рамки на спроведувањето на стратегијата за интегрирано управување на границата „Отворени но сигурни граници“, засилени се мерките за спречување на меѓуграничниот криминал и за менаџирање на движењето на луѓе и стока. Читать дальше...

Независниот синдикат на полицијата по протестите на средби во Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на Независниот синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција денеска се сретнале со министрите за внатрешни работи и земјоделство, шумарство и водостопанство, Оливер Спасовски и Трајан Димковски. Претходно претставниците на синдикатот протестираа и го блокираа центарот на градот со автомобили, барајќи повисоки плати за 25 отсто иколективни договори. Од владината прес-служба велат дека на средбата била изразена определба од страна на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка. Читать дальше...

Демократите и дадоа рок на Белата куќа да ги предаде документите за Трамп и Зеленски

SlobodnaEvropa.mk 

Американските пратеници од редовите на демократите побараа Белата куќа да предаде документите поврзани со разговорот меѓу претседателот Доналд Трамп и украинскиот претседател Влодимир Зеленски. Ако не ги предадат документите тогаш ќе им биде доставен судски повик да сведочат во Конгресот. Поради разговорот беше побарана постапка за импичмент на Трамп. Тројца претседавачи на Комитетот од Претставничкиот дом, кој ја води истрагата, денеска соопштија дека Белата куќа има рок до 4 октомври да ги предаде документите. Читать дальше...



Гоџи бери од Азија го бидува и на тетовската почва

SlobodnaEvropa.mk 

Агрономите објаснуваат дека во изминатите десетина години земјоделците одлучуваат на промена на културите на одгледување. Причините се во тоа што за новите култури има обезбеден откуп, помали трошоци, како и побрзо добивање на род.

ЕУ најде „проблематични точки“ во новиот предлог на Лондот за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Европската комисија, Жан-Клод јункер го предупреди британскиот премиер Борис Џонсон дека има „проблематични точки“ во новопредложениот договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Јункер ја истакна загриженоста во врска со предлогот на Лондон за царински режим, насочен кон избегнување на проверките на границата меѓу Северна Ирска која е под британската управа и членката на ЕУ Ирска. Но, тој ги призна „позитивните достигнувања“ во британската понуда за време на телефонскиот разговор со Џонсон... Читать дальше...

Путин - Смешна е загриженоста на САД дека ќе им се мешаме во изборите во 2020

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е „смешно“ да се мисли дека Русија ќе се меша во претседателските избори во САД следната година и покрај заклучоците на американските власти дека Москва тоа го сторила на изборите во 2016. За Путин е смешно тоа што американскиот специјален советник Роберт Милер обвини дека Москва се мешала во изборите во 2016 и што изрази загриженост дека тоа може да се случи и во иднина. „Ова е смешно. Ќе беше смешно да не беше толку тажно“, рече Путин. Во извештајот објавен во април... Читать дальше...

Во Иран ќе може да се добие и државјанство по мајка

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти усвоија амандман на законот за државјанство со кои им се дозволува на жените да им ја пренесат својата националност на децата. Активистите за човекови права веќе долго време бараа реформа на законот, нарекувајќи го „дискриминаторски“. Според нив на овој начин може да им се помогне на илјадници деца кои живеат во законска неизвесност во земјата. Амандманот им овозможува на Иранките кои се оженети со мажи со друга националност да бараат иранско државјанство за своите деца. Но децата... Читать дальше...

Макрон лично ќе ја носи одлуката за датум за преговори за Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Не се донесени нови нацрт заклучоци за Северна Македонија и за Албанија на денешниот амбасадорски совет во Брисел, на кој се очекуваше да се постигне напредок во дискусијата за проширувањето. Но Франција сѐ уште нема конечен став, се чека одлуката лично да ја донесе  претседателот Емануел Макрон, јавува МИА. Од Советот велат дека од Франција не се очекува да ја дефинира јасно својата позиција најрано до самиот Совет за општи работи на 15-ти октомври во Луксембург, но не е исклучено прашањето да... Читать дальше...



„Валпургиска ноќ“ и „Кармен“ за чествувањето 70 години македонски балет

SlobodnaEvropa.mk 

Со премиерните изведби на „Валпургиска ноќ“ од операта „Фауст“ на Шарл Гуно и „Кармен“ од Жорж Бизе и Родион Шчедрин, во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, в сабота на 5 октомври во 20 часот ќе започне сезоната 2019/20 на Националниот балет.

Нема повеќе деца до три години во институциите

SlobodnaEvropa.mk 

Ниту едно дете до три годишна возраст повеќе не живее во институциите во земјата, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика. Со денешното отворање на петте мали групни домови во Битола, Министерството за труд и социјална политика со своите партнери го започна процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти коишто наликуваат на топол семеен дом, соопштуваат од Министерството. „Процесот на вадење на сите деца од институциите ќе го завршиме една година порано од предвидениот рок. Читать дальше...

Вработени во Агенцијата за безбедност без да поминат полиграф и тест за интегритет

SlobodnaEvropa.mk 

По неколку часа седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање, директорот на новата Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски рече дека атмосферата била конструктивна. Две работи - полиграф и тест за интегритет кандидатите не поминале.

Руски граничари пукале кон севернокорејски брод во Јапонското море

SlobodnaEvropa.mk 

Руски граничари отвориле оган кон севернокорејски брод за риболов, кој ловел во Јапонското Море, соопшти руската служба за безбедност. Руските медиуми повикувајќи се на Службата, јавуваат дека по инцидентот се приведени 21 член на екипажот, од кои петмина биле повредени за време на инцидентот. Ова е четврт ваков инцидент во последните неколку недели. Минатата недела руските служби запленија три риболовни бродови од Северна Кореја и повеќе од 200 членови на екипажот. Областа во која бил бродот се граничи со Јапонија... Читать дальше...

Поранешниот претседател на ДИК Чичаковски и Елеонора Ајро избрани за судии на Управниот суд

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешен претседател на Државна изборна комисија, Александар Чичаковски и кандидатката од Академија за судии и јавни обвинители, Елеонора Хамулиќ – Ајро се избрани за судии во Управниот суд . Нив денеска ги избра Судскиот совет.Од Советот информираат дека на денешната седница се избрани и претседатели на основните судови воБитола, Велес, Делчево, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Прилеп и Штип, и на Основен граѓански суд Скопје.Судијата од Управен суд, Исмета Амет е избрана за претседател на Виш управен суд. Читать дальше...

Една година од убиството на Кашоги: Одговорност мора да има

SlobodnaEvropa.mk 

Пријатели, колеги и поддржувачи на убиениот саудиски новинар Џамал кашоги денеска се собраа да му оддадат почит пред Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде беше ликвидиран новинарот. Тие се собраа точно во 13.14 часот по локално време, часот кога Кашоги влегол во Конзулатот и последен пат бил виден. Тие побараа одговорност од сите кои биле вмешани на каков било начин во убиството на нивниот роснина и пријател, пренесе АП. По повод годишнината од убиството на Кашоги, со соопштение се огласи и Европската служба за надворешни работи.

Бектеши: Потпишана одлуката за раскин на договорот за Иловица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информираше дека веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со „Еуромакс рисорсис“ за рудникот „Иловица“ и дека таа предлог-одлука ќе оди во владина процедура. Според него, решението на Второстепената комисија за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица во општините Босилово и Ново Село на Еуромакс рисусрсис е конечна. Министерството за економија постапило по ова решение... Читать дальше...

Помпео потврди дека присуствувал на спорниот разговор Трамп - Зеленски

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска потврди дека присуствувал на разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Украина, Володомир Зеленски, што предизвика бура, велејќи дека станува збор за легитимен разговор што се фокусирал на приоритетите на политиката на САД, пренесе „Ројтерс“. По минатонеделната дојава од „свиркачи“, демократите го испитуваат наводното барање на Трамп до украинскиот претседател Зеленски за испитување на случајот Бајден во Украина, за време на телефонскиот повик на 25 јули... Читать дальше...

Ѓукановиќ: Северна Македонија заслужува да биде во ЕУ и НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија веќе го обезбеди своето место во НАТО и тоа го сметаме многу важно за внатрешната сигурност на земјата и за регионалната стабилност. Не треба да има двоумење и за почетокот на преговорите со ЕУ, истакна црногорскиот претседател

Пендаровски: Нема најава за бугарска блокада за датумот, тоа се бенчмаркови за преговорите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, туку е тоа најава за поставување барања кои би биле врамени како нивни бенчмаркови во понатамошниот тек на преговорите со Унијата. „Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори... Читать дальше...

На Рохани му се допаѓа планот на Макрон за разговори со Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, изјави дека планот за разговори презентиран од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, пред САД и Иран начелно е прифатлив. Тој додаде дека треба да се изменат некои формулации во планот, во кој се потенцира дека Иран нема да продолжи со изработката на нуклеарно оружје и дека ќе помогне да се осигура безбедноста на регионот и неговите пловни патишта, доколку Вашингтон би ги укинал сите санкции, пренесе новинската агенција „Ројтерс“. Според Рахани... Читать дальше...


Музыкальные новости
Сергей Прокофьев

Мариинский театр исполнил оперу Прокофьева в честь дня рождения композитора





Персональные новости
Спартак

Тренер "Спартака" Слишкович заявил, что доволен ничейной игрой против ЦСКА





ПССЕ вечер ќе го разгледува извештајот за Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) доцна вечер ќе расправа за извештајот за постмониторинг дијалогот со Северна Македонија, поточно за следењето на обврските на земјата како членка на Советот на Европа од 1995 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во заклучоците на извештајот, Мониторинг комисијата на ПССЕ констатира дека „од последниот извештај за пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија објавен во 2013 година, се случија важни промени. И покрај поларизацијата... Читать дальше...

Ѓукановиќ - Пендаровски: Заедно да дадеме нова динамика во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Односите помеѓу Црна Гора и Македонија не се прекинати и имаме традиција на одлични односи. Нашите односи се пријателски, имаме меѓусебна поддршка и делиме заеднички цели. Важно е силно да ја поддржиме Северна Македонија, изјави денеска црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, по средбата со неговиот македонски колега, Стево Пендаровски, во Претседателската вила во Скопје. „Тој пат е без алтернатива. Северна Македонија од познати причини го изгуби чекорот на патот на интеграциите, но сметам дека лекциите се научени... Читать дальше...

Опозицијата со критики за вработувањата во Агенцијата за Национална Безбедност

SlobodnaEvropa.mk 

Еден месец откако официјално почна со работата Агенцијата за национална безбедност почнаа и реакциите од опозицијата за копромитирано, партиско и роднинско преземање на кадри од старата УБК во новата АНБ. Директорот на Агенцијата, Виктор Димовски денеска ја информира собраниската комисија.

Северна Кореја пак истрела ракета, САД бараат да престанат провокациите

SlobodnaEvropa.mk 

Ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од провокации и да се придржува кон своите обврски во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како и да остане вклучена во преговорите за да се обезбеди мир и стабилност на Корејскиот полуостров и да се спроведе нејзината денуклеаризација, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент, откако Северна Кореја лансираше најмалку една ракета од својот источен брег, пренесе новинската агенција Ројтерс. Претходно, Јужна Кореја... Читать дальше...

Захариева: Историското прашање меѓу Софија и Скопје е потешко од Преспанскиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

По изјавите на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека Бугарија не ѝ дава безусловна поддршка на Македонија за ЕУ, и шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, се огласи со иста порака. „Нашата поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна – има еден многу јасен услов, а тоа се добрососедските односи. Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски критериум, туку еден од критериумите за членство во ЕУ ... Читать дальше...

Полициски протест во Скопје: Колективни договори и поголема плата

SlobodnaEvropa.mk 

Независниот полициски синдикат денеска организира мирен протест во Скопје, со блокирање на неколку улици на клучни места во градот, со барање за „враќање на достоинството на полицајците, колективни договори и покачување на платите за 25 отсто“. Припадниците на Независниот полициски синдикат, најпрво 15 минути ја блокираа крстосницата кај МТВ, а потоа се упатија кон ССМ. Следна локација е крстосницата кај зградата на Европската Унија и на крајот демонстрантите ќе ги вклучат сирените од автомобилите пред зградата на МВР. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Вторая ракетка Казахстана опустилась в чемпионской гонке WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Компания ICDMC стала победителем престижной премии в сфере ЗОЖ – Green Awards 2023/24





Путин в России и мире
Москва

Строители мостов и дорог удостоены государственных наград


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко пообещал потенциальным агрессорам ответ всеми видами оружия




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Певица

Певица Юлианна Караулова пожалела, что увеличила губы



Москва

Проще, чем кажется: как сэкономить на пикнике

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net