Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 25.10.2019

Руски војник убил 8 колеги во воената база во Сибир

SlobodnaEvropa.mk 

Руски војник убил осум воени лица и ранил уште двајца во воена база во Сибир, соопшти Министерство за одбрана. Министерството денеска соопшти дека војникот започнал да пука кон неговите колеги кога се менувала смената. Според министерството, војникот можеби имал нервен слом кога започнало пукањето. Делегација од министерството, предводена од заменик министерот за одбрана се упатила кон базата, за да го испитаат инцидентот.

Брнабиќ го потпиша договорот за слободна трговија со Евроазиската Унија во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Москва го потпиша Договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската унија со кој се проширува списокот на српски производи што можат да се извезуваат на територијата на Евроазиската унија без царина. Договорот ги заменува постојните билатерални договори на Србија со Русија, Белорусија и Казахстан и ја проширува зоната на слободна трговија со Ерменија и Киргистан, опфаќајќи пазар од околу 185 милиони луѓе. Министерството за трговија на Србија соопшти... Читать дальше...

Разочарување по француското „затворање на вратата пред нос“ за ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Негативното расположение и разочарувањето, и кај домашната, но и во европската јавност, по француската блокада за почеток на преговори на Македонија со ЕУ се главни теми во дневниот печат.



Шекеринска: Подготовките за НАТО течат според планираното

SlobodnaEvropa.mk 

Течат подготовките, според планот, за прием на Македонија во НАТО, рекла министерката за одбрана Радмила Шекеринска, соопштува Министерството за одбрана. Таа ги видела просториите во кои ќе биде сместена мисијата на Македонија која ќе биде членка на НАТО. Шекеринска е на состанокот на министрите за одбрана на сите земји – членки на Алијансата. За време на средбите, тие испратиле порака дека ја очекуваат земјата што поскоро да стане полноправен член на НАТО. На сесијата на Северноатлантскиот совет... Читать дальше...

Полицијата го бара Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски, на неколку можни локации

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи се уште трага по затвореникот Игор Спасов за кој денеска попладне добиле наредба од Судот во Штип да го бара, откако на Спасов му изминал рокот за оправдан прекин на издржување на затворска казна поради здравствени проблеми. Рокот му истекол минатиот петок, а наредбата до МВР од Судот пристигнала денеска, велат од МВР. Оттаму додаваат дека по него се трага на неколку можни локации. Спасов е осуден на 14 години казна затвор за убиството на Мартин Нешковски, што... Читать дальше...

Заев: МОН и СОНК со преговори да изнајдат решение

SlobodnaEvropa.mk 

Да продолжат преговорите меѓу СОНК и Министерството за образование за зголемување на платите во образованието и да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, апелираше денеска премиерот Зоран Заев. Тој изјави дека како власт се свесни оти платите на просветните работници се ниски, но капацитетите на државата се такви, па затоа бара разбирање од синдикатите. Тој додаде дека Владата прави максимални напори да се дојде до решение, бидејќи, како што рече, „ние може да понудиме тоа што навистина може да го дадеме... Читать дальше...

Гремингер:ОБСЕ не носи политички одлуки, може само да го олесни дијалогот во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

ОБСЕ може да го олесни дијалогот во Албанија, но не и да носи политички одлуки за изборните реформи, рече денеска генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој престојува во Тирана.  На заедничката прес-конференција со албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај, Гремингер рече дека на сите соговорници им кажал „што може и што не може да направи ОБСЕ“. Тој вели дека ОБСЕ може да донесе техничка експертиза, да ги потсети земјите на обврските што ги имаат, и да го олесни дијалогот... Читать дальше...

Загинати и повредени за време на антивладините протести во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Ирачката комисија за човекови права соопшти дека најмалку двајца демонстранти загинале во последните немири во Багдад. Во извештајот се вели дека 227 лица се повредени во насилство низ целата земја, повеќето од нив во главниот град. Ирачката полиција употреби солзавец и шок-бомби за да растера демонстранти кои протестираат против корупцијата, невработеноста и лошите основни услуги. Протестите денеска продолжија после тринеделна пауза. Во неколку други градови, демонстрантите ги запалија зградите... Читать дальше...



Вучиќ - Србија го посакува руското оружје, но не може да си го дозволи

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го посетил центарот каде српски и руски воени сили ја спроведуваат воената вежба „Словенски штит 2019“. За првпат надвор од Русија се донесени руските системи за противвоздушна одбрана С-400 и Панцир. Вучиќ изјавил дека „не видел вакво нешто“ и дека тоа е „страотно оружје“. Тој вели дека Србија посакува вакво оружје, но може да го имаат само ако Русија им го остави, оти во овој момент не може да си го дозволат. Тој потсети дека Србија нарачала еден... Читать дальше...

Уапсени уште двајца во врска со 39-те жртви пронајдени во камион во Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Британската полиција уапси уште двајца луѓе во врска со смртта на 39 жртви пронајдени во приколка во југоисточна Англија. Уапсени се маж и жена, и двајцата на 38 годишна возраст од северозападна Англија. Тие се сомничат за убиство и за трговија со луѓе, соопшти полицијата. Претходно полицијата го уапси и возачот на камионот 25 годишен човек од Северна Ирска, кој е во притвор под сомнение за убиство. На 23 октомври беа пронајдени 39 тела во приколка од камион во близина на Лондон. Полицијата вчера соопшти дека се верува оти жртвите... Читать дальше...

За ВМРО-ДПМНЕ можна е и предизборна коалиција

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека контактираат со партиите од албанскиот опозициски блок и, како што вели, не гледа пречка за предизборно коалицирање, но и за можност самостојно да се оди на избори, па потоа да се прават преговори за коалицирање. Мицкоски не беше дециден за тоа дали би коалицирале со ДУИ, но вели дека и со оваа партија комуницираат. Мицкоски на прес-конференцијата посветена на економските политики на владата, рече дека властите не прават реформи, нема странски вложувања и капитални инвестиции. Читать дальше...

Руски сили пристигаат во Сирија за да патролираат

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 300 руски припадници на воена полиција пристигнале во Сирија за да го спроведуваат планираното патролирање во пограничното подрачје со Турција, соопштија руските власти. Патролирањето е дел од договорот меѓу Москва и Анкара. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека воената полиција и оклопните возила биле пренесени од базите во Русија во Сирија. Русија и Турција се договорија курдските сили да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а руските... Читать дальше...

Владата малку нуди - просветарите најавија штрајк од 11 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Понудените 10 насто на Владата за раст на платите во образованието, од СОНК не ги прифаќаат и најавуваат генерален штрајк од 11 ноември. Освен ниските плати просветните работници дополнително се загрижени по најавите за реорганизација на вработените поради сериозен недостаток на ученици.

Просветарите најавуваат генерален штрајк на 11 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Од 11 ноември просветните работници ќе стапат во генерален штрајк, било одлучена на денешната седница на СОНК. Од Синдикатот соопштија дека не го прифаќаат понуденото покачување на платите од 10 отсто. Во меѓувреме нудат две недели простор за помирување. Просветните работници бараат повисоки плати за повеќе од 10 отсто и тоа од јануари, а не од април како што беше најавено. Власта им понуди на СОНК зголемување пред две недели, за што потоа требаше да размислува членството.

Блокирани патишта во Либан, претседателот бара средба со демонстрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Демонстрантите во Либан ги блокираа главните патишта, на деветтиот ден од протестите против корупцијата. Тие велат дека ќе ја парализираат земјата и покрај понудата на претседателот да се сретне со нивни претставници. Демонстрантите поттикнуваат затворање на банки и на училишта. Тие бараат оставка од сите политички лидери во Либан, обвинувајќи ги за систематска корупција. Бројот на демонстрантите се намали за разлика од неделата, но може пак да се зголеми во текот на викендот. Во обидите да го смири гневот... Читать дальше...

ЕУ го изневери Заев, вели Рама

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ го изневери Зоран Заев, изјавил албанскиот премиер Еди Рама во телевизиско интервју. Тој вели дека настаните во Северна Македонија се различни со оние во Албанија. Рама вели дека од Заев беше побарано да го смени името на државата. „А знаете ли што значи да се смени името на земјата? Тоа е исто како да го смениш името, па наместо Февзиу да те именуваат во Сами“, вели Рама. Албанскиот претседател го повторува ставот дека нема да поднесе оставка откако земјата не доби датум за преговори со ЕУ... Читать дальше...

Македонски државјанин во Швајцарија обвинет дека регрутирал луѓе за ИСИС

SlobodnaEvropa.mk 

Швајцарското обвинителство поднесе обвинение против двајца луѓе обвинети дека регрутирале луѓе за Исламската држава, пренесува Асошиејтед прес. Обвинителството денеска соопшти дека тие се обвинети за поддршка и учество во ИСИС. Двајцата живеат во североисточна Швајцарија, но нивните имиња не беа соопштени. Првоосомничениот има швајцарско и италијанско државјанство и наводно патувал на територијата под контрола на ИСИС во Швајцарија, а на враќање регрутирал неколку луѓе за организацијата. Другиот обвинет... Читать дальше...

Граѓаните сè повеќе купуваат електронски

SlobodnaEvropa.mk 

Третина од граѓаните кои имаат пристап до интернет купуваат електронски. Годинава се потрошени 84 милиони евра за електронско купување, што е раст од 26 проценти во однос на тој период лани, заклучуваат претставници на власта и на Асоцијација за е -трговија на Македонија пред годишна конференција за е-трговија „Бизнис раст со е-трговија’. Тие влеат дека во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата. Услови постојат, законодавството дава можност, а оформен е и Електронскиот регистар на население. Читать дальше...

Кина бара строга казна за виновниците за смртта на 39 жртви најдени во камион

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти побараа од Велика Британија строга казна за виновните за смртта на 39 кинески државјани најдени во камион во близина на Лондон. Полицијата засега го сомничени возачот на камионот за убиство, но се уште нема обвинение против него. Се води истрага за тоа како починале и кој бил вмешан во трговијата со луѓе. Осум од жртвите се жени, останатите се мажи. Британските власти велат дека процеост на идентификација ќе потрае некое време, додека завршат со обдукции за да се утврди како точно починале. Читать дальше...


Музыкальные новости
Певец

Певца Николая Баскова заметили на публике с обручальным кольцом по цене квартиры в Москве





Персональные новости
#123ru.net

Заместитель генерального директора сети клиник «Евроонко» выступил на конференции онкологов в Белгороде





Симболични обиди за спас на македонските евроинтеграции

SlobodnaEvropa.mk 

Како симболичен обид и колективна реакција на разочараноста, домашните аналитичари ги гледаат напорите на одредени земји членки да го променат исходот од Европскиот Самит кој заврши неповолно за Северна Македонија и Албанија

Бугарската држава „им ги врзува рацете“ на бугарските историчари

SlobodnaEvropa.mk 

Позициите во бугарската декларација не се изненадување за историчарите-членови на македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Оценките се дека таа ќе има влијание врз работата на комисијата. Бугарските членови пак, предупредуваат дека ако работата на Комисијата пропадне ќе има последици.

Србија и Евроазиската унија ќе потпишат договор за слободна трговија

SlobodnaEvropa.mk 

Србија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија денеска треба да потпишат договор за слободна трговија. Договорот, кој ќе биде потпишан за време на посетата на српската премиерка Ана Брнабиќ на Москва, ќе ги замени постојните договори за слободна трговија што Белград ги има потпишано со Русија, Белорусија и Казахстан. Србија нема такви спогодби со Ерменија и Киргистан, останатите две членки од Унијата.  Министерството за трговија на Србија соопшти дека со договорот за слободна трговија... Читать дальше...

Солзавец и шок бомби против демонстрантите во Багдад

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата во Ирак употреби солзавец и шок бомби за да растера стотици демонстранти кои протестираа во Багдад. Антивладините протести продолжија после тринеделна пауза. Демонстрантите се собраа во Багдад и во други градови во јужниот дел на земјата за да протестираат против корупцијата, невработеноста и немањето основни услуги. Демонстрантите во Багдад, од кои некои преноќија на плоштадот Тахрир, маршираа кон Зелена зона во која се сместени владини згради и странски амбасади, но беа спречени од безбедносните сили. Читать дальше...

Курти - Министерот Србин во новата влада не мора да е од Српската листа

SlobodnaEvropa.mk 

Новата влада на Косово ќе ја испочитува уставната обврска во неа да има министер од редовите на српската етничка заедница во земјата, вели лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање влада откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори. Но Курти вели дека , изјави дека Уставот не го обврзува во владата да вклучи претставник од Српската листа (СЛ), иако таа партија и на овие избори извојува уверлива победа во средините со мнозинско српско население. Читать дальше...

Во Бугарија в недела локални избори

SlobodnaEvropa.mk 

В недела во Бугарија ќе се одржат избори за општински советници и градоначалници во сите 265 општини во 28 окрузи во целата земја. На изборите за градоначалници, каде што ќе нема победник во првиот круг, се повторува гласањето на 2 ноември. Претходните избори во Бугарија се одржаа на 25 октомври 2015 година. Тогаш партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов освои најголемо мнозинство, околу 34,5 проценти од гласовите.

Спорт в России и мире
Москва

В Московской области прошел чемпионат Центрального округа Росгвардии по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Арина Соболенко призналась в том, что не любит женский теннис


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Жёсткие экологические требования решат инновационные энерготехнологии





Путин в России и мире
Москва

Петербургский автопром вышел из кризиса, заявил Беглов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Алсу

Алсу ире белән аерылышканмы?



Москва

Астраханский проект стал лауреатом Международного профессионального конкурса НОПРИЗ на лучший проект – 2023

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net