Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 22.10.2019

Русија и Турција се договорија за повлекувањето на Курдите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вечерва изјави дека на средбата во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин се договориле курдските борци да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а за тоа имаат рок од 150 часа. По состанокот Ердоган рече дека рокот од 150 часа или нешто повеќе од шест дена ќе почне да тече утре попладне. А Турција и Русија потоа ќе почнат да организираат заеднички патроли, рече Ердоган. Договорот меѓу Русија и Турција уследи... Читать дальше...

Владата одобри еден милион евра за чистење на линданот од ОХИС

SlobodnaEvropa.mk 

Владата, на денешната седница, донесе Одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Средствата утврдени со оваа одлука ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (UNOPS), со која Владата на Северна Македонија и Кралството Норвешка, подготвија план за „Поддршка на Кралството Норвешка и Владата на Северна Македонија за чистење на еколошкото жариште ОХИС“... Читать дальше...



САД го ратификуваа протоколот за членство на Македонија во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенат го изгласа пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца беа против. Против беа републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол и републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли. Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнс на Твитер напиша дека Сенатот го ратификувал протоколот и оти тоа е резултат на напорна работа и посветеност да се инвестира во иднината. Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук им се заблагодари на САД.... Читать дальше...

Зоран Попов – нов државен секретар во МНР

SlobodnaEvropa.mk 

Нов Државен секретар во Министерството за надворешни работи е Зоран Попов, информира Министерството. Тој е професионален дипломат од 1998 година, кој најголем дел од својата дипломатска кариера во Министерството ја поминал во Директоратот за Европска унија, а бил упатен и на мандат во Мисијата при ЕУ во Брисел. На должноста Државен секретар во МНР доаѓа од Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, каде од 2016 до 2019 год. работел како виш политички советник. Магистер е по меѓународни... Читать дальше...

Големи разлики во регионалниот развој

SlobodnaEvropa.mk 

Североисточниот регион е најнеразвиен во Македонија. Надлежните се обидуваат да најдат пари – и од државата и од донатори, но проблем е и тоа што нема податоци за користење на дигиталните технологии кои можат да помогнат во развојот.

Кај Драч уловена ајкула „тигар“ од 500 килограми

SlobodnaEvropa.mk 

Во мрежите на албанските рибари од пристанишниот град Драч денеска е уловена ајкула од видот „тигар“. Рибарите се дел од екипажот на рибарскиот брод „Медуза“ што лови во водите на Јадранско Море, од каде потврдуваат дека ајкулата е уловена на длабочина од 170 метри. „Чудовиштето“, како што го нарекуваат медиумите, е тешко 500 килограми. Случаите на фаќање ајкули во Јадранско и Јонско Море од страна на албанските рибари, зачестија последниве години. Уловени се дваесеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег. Читать дальше...

Вториот Фестивал на современ грчки филм и култура – прв поголем чекор во зближувањето на двете земји

SlobodnaEvropa.mk 

Шест играни и документарни остварувања кои ја отсликуваат тамошната продукција во последнава декада и концерт со филмска музика на составот на Фоивос Деливоријас, ја чинат програмата на второто издание на Фестивалот на современ грчки филм и култура што ќе се одржи од 24 до 28 октомври во Скопје.



Церар - ЕУ „падна“ на прашањето за Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар оцени дека Европската унија покажала единство за време на Брегзит, но дека „паднала“ на прашањето за Балканот, откако не можеше да постигне договор за отпочнување на преговори за членство со Македонија и Албанија. Во интервју за АП, Церар предупреди дека одлуката на ЕУ да не отвори преговори за членство со Македонија и Албанија испраќа негативен сигнал на нестабилниот регион на Западен Балкан. „Верувам дека ова одложување и неносење на одлука беше историска грешка. Читать дальше...

Европската комисија ѝ даде зелено светло на Хрватска за Шенген

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија денеска соопшти дека Хрватска ги исполнила потребните услови за влез во шенгенскиот простор и го повика Советот на ЕУ да ја прими во заедничкиот простор без внатрешни гранични контроли. Комисијата додава дека Хрватска треба да продолжи да ги применува сите сегашни активности , особено управувањето со надворешните граници, „за да осигура тие услови да бидат и понатаму исполнети“. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ги пофали хрватските напори за исполнување на шенгенските услови.

Џонсон – Или договор за Брегзит или избори

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Парламентот рече дека ако не се ратификува договорот за Брегзит, тој ќе се откаже од обидот да се усвои договореното за напуштање на ЕУ и ќе побара избори. Се ближи 31 октомври до кога е рокот Велика Британија да си замине од Унијата, но расправата во Парламентот е неизвесна, оти пратениците не се согласни околу тоа кога, како и дали треба да се случи Брегзит. Парламентот треба да гласа за новиот договор за Брегзит денеска. Џонсон ги предупреди пратениците дека ако не го изгласаат... Читать дальше...

Судот ги одби барањата - Јанева и Боки 13 остануваат во притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кои се осомничени во случајот Рекет, остануваат во притвор, одлучи Кривичниот суд. Од Судот соопштуваат дека се одбива како неосновано барањето да и се укине притворот на Јанева со давање гаранција или заменување со мерки за претпазливост. Како неоснован судот го одбива и предлогот Јовановски да биде ослободен од притвор и мерката да му се замени со поблаги мерки. Јанева и Јовановски на овие одлуки имаат право... Читать дальше...

Сенатот на САД ќе гласа за протоколот за членство на Македонија во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за ратификување на протоколот за членство на Македонија во НАТО. Тоа треба да се случи во 18 часот по македонско, односно во 12 часот по американско време. Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати протоколот до Сенатот на 30 април годинава. Тој во дописот до Сенатот бара да се обезбеди препорака и согласност за ратификување на протоколот. Американските власти во своите изјави даваат поддршка за членството на Македонија во Алијансата. Од земјите членки на НАТО... Читать дальше...

Бараните за „Монструм“ Демири и Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани штом завршат процедурите во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани во земјава откако ќе бидат завршени сите законски процедури на Косово. Мустафа по денешната посета на Скопје, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и оти Демири и Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани откако ќе се завршат процедурите во косовското Министерство за правда. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното... Читать дальше...

Протест поради катастрофалните услови на Институтот за хемија

SlobodnaEvropa.mk 

Неопременоста на лабораториите и недостигот на кадар се причината за денешниот протест на професори и студенти пред ПМФ во Скопје. Порачаа дека не смеат повеќе да работат во лоши услови, а ги поддржаа и нивни колеги кои имаат слични проблеми на своите факултети.

За време на антивладините протести во Ирак загинале 157 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 157 луѓе биле убиени за време на неодамнешните антивладини протести во Багдад и во други ирачки градови, покажува официјалната истрага. Комитетот надлежен да го испита насилството денеска соопшти дека за време на масовните протести загинале 149 цивили и осум припадници на безбедносните сили, при што само во Багдад загинале 111 луѓе. Демонстранти излегоа на протести на 1 октомври против високата невработеност, лошите јавни услуги и распространетата корупција. Истрагата на Комитетот покажала... Читать дальше...

Спасовски - Државата подготвена за евентуална мигрантска криза

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека државата е подготвена за евентуално зголемување на бранот на мигранти, но дека засега нема индиции за тоа. На прашањето дали земјата е подготвена за можноста од Турција да биде пуштен нов бран мигранти, Спасовски вели дека Европската унија треба сериозно да остане на спроведувањето на договорот со Турција, ако сакаме навистина да не ни се случи нов мигрантски бран. Тој вели дека државата ќе ја почитува политиката на Европската унија во... Читать дальше...

Ердоган - Ако Курдите не ги исполнат обврските, операција продолжува со поголема решителност

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе продолжи со воената операција во североисточна Сирија „со поголема решителност“, ако курдските борци не ги исполнат обврските од примирјето постигнато со посредство на САД. Ердоган денеска се среќава во рускиот претседател Владимир Путин во црноморското одморалиште Сочи. Ердоган вели дека околу 700- 800 курдски војници се повлечени, а од 1.200 до 1.300 се уште се повлекуваат. Денеска истекува петдневното примирје склучено со посредство на Вашингтон. Читать дальше...

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за случајот „Триста“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, повторно доби деветгодишна казна затвор, откако Основниот суд Скопје 1 во повторена постапка го осуди за случајот Триста. Тој е осуден на деветгодишна казна затвор во која ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор, рече судијката Добрила Кацарска. Поповски во рок од 15 дена во буџетот на МВР ќе треба да врати речиси половина милион евра. Според обвинителниот акт на поранешното СЈО, обвинетиот помошник министер Поповски... Читать дальше...


Музыкальные новости
Антонио Вивальди

«Вивальди. Времена Года. Шнитке. Кончерто Гроссо»: концерт в старинном соборе при поддержке Relax FM





Персональные новости
Александр Куратов

Военные следователи провели в Судаке проверку лиц, не вставших на воинский учет





Талибанците убиле 15 полицајци во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Во борбите во северната авганистанска провинција Кундуз убиени се петнаесет полицајци, соопштија тамошните власти. Полицајците биле убиени денеска кога талибанските борци нападнале контролниот пункт во областа Али Абад и ги фатиле во заседа безбедносните сили кои биле во таа област. Портпаролот на Талибанците потврди дека тие стојат зад нападите. Талибанците контролираат неколку окрузи во провинцијата Кундуз, а контролираат и речиси половина од Авганистан. Во последно време започнаа скоро дневни... Читать дальше...

Европарламентарците го осудија неуспехот да им се даде зелено светло на Скопје и Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Сите политички групации во Европскиот парламент го осудија минатонеделниот неуспех на Самитот на лидерите на ЕУ кога не беше донесена одлуката за отворање на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија. Претставникот на најголемата групација, Европската народна партија, Манфред Вебер, вели дека ЕУ има одговорност да донесе доза на стабилност на Западен Балкан, кој, според него, и натаму е нестабилен. Тој нагласува дека Албанија и Северна Македонија заслужуваат европска перспектива. „Многу баравме од тие земји... Читать дальше...

Германија: Северна Македонија да ги интензивира реформите и да ги убеди сите дека местото и е во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

За Германија започнувањето на пристапните преговори на Европската унија со Северна Македонија е и останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа, пишува во соопштението од Германската амбасада во Скопје. Од амбасадата велат дека се уверени оти вреди да ѝ се понуди европска перспектива на земјата.  „Сметаме на тоа, Северна Македонија да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите, кои сѐ уште би имале сомнеж, дека нејзиното место е во ЕУ“, стои во соопштението.... Читать дальше...

Заев - Се уште е рано да се разговара за технички министер

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев вели дека се уште е рано за да се разговара за технички премиер и за министри во техничката влада која треба да ги спроведува изборите. Тој одговарајќи на новинарски прашања по Конференцијата на Светската царинска организација рече дека владата периодот го користи да ги додржи темпото на економските реформи. По реакциите на бизнис секторот дека изборите ќе им се одразат на работата и дека очекуваат уште една лоша година, Заев вели дека годината ќе заврши како навистина економска, а верува дека и следната ќе биде таква. Читать дальше...

Туск - Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија, рече претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент. Тој вели дека тоа отворено им го кажал на лидерите. Туск вели дека имале тешка дебата околу проширувањето, но не го постигнале потребниот консензус. „Сега се надевам дека лидерите ќе го исполнат заклучокот, дека ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб во мај догодина“, рече Туск пред ЕП презентирајќи ги заклучоците... Читать дальше...

Крунисан јапонскиот император Нарухито

SlobodnaEvropa.mk 

Јапонскиот император Нарухито денеска официјално е крунисан на престолот, на церемонијата на која присуствуваа претставници на повеќе од 170 земји. Нарухито, кој има 59 години е 126 по ред јапонски император. Тој дојде на престолот по абдикацијата на неговиот татко, императорот Акихито. Императорот рече дека искрено се надева дека Јапонија ќе се развива понатаму и ќе придонесе за пријателство и мир на меѓународната заедница и за благосостојба и просперитет на луѓето.

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Ига Свёнтек

Свёнтек: я чувствую, что с каждым годом получаю всё большую поддержку


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Zoomlion продемонстрировала последние достижения на выставке INTERMAT





Путин в России и мире
Москва

Мария Захарова раскритиковала высказывание Нэнси Пелоси о Путине и протестах в США


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Михаил Кутушов

Токсиколог Кутушов рассказал почему возникает похмелье



Москва

Пассажир авиарейса из Москвы в Барнаул устроил на борту дебош и был задержан

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net