Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 23.10.2019

Акар: Турција и САД да ги надминат несогласувањата за авионите Ф-35

SlobodnaEvropa.mk 

Турција очекува дека ќе бидат надминати несогласувањата со САД за борбените авиони Ф-35, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Тој додаде дека Анкара „останува во центарот на НАТО“ и покрај критиките на сојузниците поради нејзиниот упад во Сирија. Пентагон во јули ја исклучи Турција од својата програма за развој на авионите Ф-35 бидејќи Анкара одби да го стопира купувањето на рускиот ракетен систем С-400. Акар изрази надеж дека ќе бидат привремени американските санкции, воведени... Читать дальше...

Герберих: Северна Македонија заслужува полноправно членство во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих, во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, изјави дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија. „Ве молам продолжете со овие реформи и убедете го секој оној што може да има какви било дилеми во однос на вашиот пат кон ЕУ“, порача денеска германскиот амбасадор на одбележувањето на почетокот на градбата на германската компанија „Гересхajмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик. Читать дальше...

Српски функционер вратен од косовската граница оти не ја најавил посетата

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција не му дозволила влез во земјата на заменикот директор на српската Канцеларија за Косово Душан Козарев, затоа што претходно не добил дозвола и не ги информирал за посетата надлежните косовски институции, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата ја објави портпаролот на косовското Министерство за надворешни работи Јетлир Зиберај, кој изјави дека Козарев е вратен единствено поради тоа што не ја испочитувач формалната процедура за посети на официјалните лица од едната држава во другата. Читать дальше...



Фабрици: Регионот не теба да се разочарува по одлуката на ЕК за Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

По француското вето за отварањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со видео порака до медиумите се огласи и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград Сем Фабрици. Како што јави дописникот на МИА, Фабрици порача дека регионот не треба да се препушти на разочарување, „по одлуката за жал да не се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека ЕУ ќе остане со Србија и партнерите во Западен Балкан“. „Не дозволувајте да се изгуби фокусот, ЕУ е посветена на Западениот Балкан, кој е клучен за нас. Читать дальше...

Израелскиот претседател ќе му даде мандат за состав на влада на Ганц

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот претседател Рувен Ривлин вечерва ќе му го даде мандатот за состав на владата на поранешниот израелски командант Бени Ганц, во обид земјата да го надмине најдолгиот политички ќор-сокак во својата историја. По парламентарните избори на 17-ти септември, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обиде да формира владејачка коалиција, но во понеделникот се откажа и го извести претседателот дека го враќа мандатот. Ривлин тогаш најави дека ќе ја довери задачата на Ганц, 60-годишен новодојденец во политиката... Читать дальше...

Во декември ќе се знае кој ќе биде технички премиер

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали таа ќе биде новиот технички премиер одговори негативно и појасни дека за техничкиот премиер дискусијата ќе се води тогаш кога ќе дојде моментот. „Апсолутно сметам дека тоа занимавање со прашање кое што е техничко ни го троши времето и енергијата. Фокусот сега мора да ни биде на работи што опозицијата како да сака да ги одолговлечи. Јас спомнав дека НАТО е наша точка на кохезија, меѓутоа членството во НАТО значи и наши обрски што сме ги презеле... Читать дальше...

Откриена иранската група која планирала терористички напад во Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Албанската полиција разоткри иранска терористичка ќелија, која лани подготвувала терористички напад во Албанија, на празник на бекташката верска заедница Султан Невруз, изјави генералниот директор на полицијата, Арди Велиу. Тој на прес-конференција ги објави и имињата на иранските терористи, чија мета била Албанија и рече дека „главата“ на оваа ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како Пејман. Поглаварот на Бектешката заедница Хаџи Едмонд Брахамај (Баба Монди) изјави дека веста за планираниот... Читать дальше...

Славниот Рено Гарсија Фонс во „Сите лица на басот“ на Филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

„Сите лица на басот“ е насловен концертот што овој четврток, на 24 октомври, со Филхармонија ќе го одржи врвниот француски контрабасист Рено Гарсија Фонс. На програмата се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел, а со оркестарот и по прв пат со класика ќе раководи Џијан Емин.



Турција и Русија разговараат за уште С-400

SlobodnaEvropa.mk 

Турција разговара за купување на ракетни одбранбени системи С-400 од Москва, тврди рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт. Шефот на компанијата, Александар Микејев, за Интерфакс изјави дека двете страни разговараат за финансирањето и за испораката. Турција, која е членка на НАТО, во јули ја доби првата серија од руските противракетни системи С-400, што ги натера Соединетите Држави да ја запрат испораката на нивните борбени авиони Ф-35 на Турција. Вестите за купување оружје, доаѓаат... Читать дальше...

Жители од северна Грција не дозволија мигранти да бидат сместени во нивното село

SlobodnaEvropa.mk 

Жители на северна Грција не дозволија 380 мигранти да бидат сместени во хотели во близина на Солун. Мигрантите, поголемиот дел од нив семејства со деца од Сирија, Ирак и Авганистан ќе бидат сместени во камп на островот Евија на југот од земјата. Жителите на селото Врасна во северна Грција, со блокади, протести и реакции, ги премислија хотелиерите кои требаше да ги примат барателите на азил. Хотелите претходно потпишале договори за сместување на шест месеци, но под притисокот на населението попуштиле и ги затвориле вратите на објектите. Читать дальше...

Не се знае од каде потекнуваат 39-те жртви најдени во камионот во Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Британската полиција соопшти дека камионот, во кој биле пронајдени тела на 39 лица, пристигнал во англиското пристаниште Пурфлит со траект од белгиското пристаниште Зебриж, пренесува Ројтерс. Полицијата на Есекс претходно објави дека камионот пристигнал од Бугарија, но бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека возилото е регистрирано во Бугарија на 19 јуни 2017 година и ја напуштило земјата еден ден подоцна. Министерството посочува дека возилото и припаѓа на компанија во сопственост на жена од Ирска. Читать дальше...

Мицкоски - Власта мехерски ги надмина сите работи што ги плукаше кај претходната

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека власта на Зоран Заев паѓа затоа што Заев тргувал со Македонија, а за возврат не добил ништо. Паѓа, вели Мицкоски, затоа што криминалот е голем и извира од власта, затоа што нема правда, а, како што вели. нема ни мир. Мицкоски од Прилеп на одбележувањето на 23 октомври рече дека цехот од штетните политики на Заев ги плаќаат граѓаните. Тој вели дека сегашната власт само ги усовршила и махерски ги надминала сите работи што ги плукале и ги оцрнувале кај претходната власт. Читать дальше...

Руските сили се подготвуваат за патролирање во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Руски сили влегле во сирискиот град Кобани за да започнат со патролирање според новиот договор постигнат со Турција. Од руското Министерство за одбрана, се наведува дека членови на руската воена полиција се состанале со локалната администрација за да се договорат за соработката во остварување на мисијата. Вчера лидерите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, се согласија курдските борци да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а за тоа имаат рок од 150 часа. Читать дальше...

Вучиќ - Одлуката на ЕУ за Македонија е потврда за нашите врски со Русија и Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформските напори, е потврда на српската политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија, оценува српскиот претседател Александар Вучиќ. Мораме сами за себе да се грижиме, тоа е единствен начин, вели Вучиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“. Вучиќ исто така рече дека Балканот треба повеќе да стори за зајакнување на регионалната соработка, оти како што вели не може земјата да зависи од... Читать дальше...

САД и Ирак дискутираат за повлекувањето на војниците од Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот секретар за одбрана, Марк Еспер, пристигна во ненајавена посета на Багдад, во време кога американските трупи се повлекуваат од североисточна Сирија преку Ирак. По разговорот со Еспер, ирачкиот министер за одбрана Наџа ал-Шамари изјави дека американските сили што се повлекуваат од Сирија преку Ирак ќе ја напуштат неговата земја во рок од четири недели. А од Ирак треба да се упатат кон Кувајт, Катар или САД. Еспер отпатува за Багдад, еден ден откако ирачката армија соопшти дека американските... Читать дальше...

Столтенберг - Не е мое да ја коментирам одлуката на ЕУ, но вратата на НАТО е отворена

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг денеска изјави дека не е негово да коментира за одлуката на ЕУ да не и даде датум за преговори на Северна Македонија, но она што може да го каже е дека вратата на НАТО е отворена и Алијансата и посакува добредојде на Северна Македонија, која наскоро ќе биде полноправна земја членка. Тој вели дека мнозинството земји членки го потпишале протоколот за пристапување, а тоа вчера го сторија и САД. Столтенберг вели дека со пристапувањето во Алијансата,... Читать дальше...

Европарламентарци со резолуција за осуда на недавањето датум на Скопје и Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Речиси сите политички групации во Европскиот парламент поднесоа нацрт резолуција со која се осудува резултатот од последниот Самит на лидерите на ЕУ, кога Унијата не одлучи за отворање на преговори со Албанија и со Северна Македонија. Се работи за забрзана процедури, оти целта е резолуцијата да се изгласа за време на пленарната седница на ЕП која е во тек во Стразбур. Гласањето треба да биде в четврток. Меѓу иницијаторите е и политичката групација во која е и партијата на францускиот претседател Емануел Макрон. Читать дальше...

На изборите ВМРО-ДПМНЕ со „Рекет“, власта со НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Според аналитичарите, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напаѓа власта за криминал и неостварени ветувања, но ќе мора да го каже својот став за Договорот од Преспа. Власта, пак, ќе се фали со НАТО, со некои реализирани ветувања, а ќе мора да одговори како во ЕУ и покрај блокадата.

Британската полиција открила 39 тела во камион од Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Британската полиција открила 39 тела во камион што дошол од Бугарија. Полицијата денеска соопшти дека го уапсиле 25-годишниот возач на камионот, кој е од Северна Ирска, под сомнение за убиство. Телата на 38 возрасни луѓе и на една тинејџерка се пронајдени во индустриска зона во близина на Лондон. Началникот на полицијата, Ендрју Маринер, изјави дека истрагата е во тек за да се утврди што се случило. „Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубија животот“, рече тој. Началникот изјави... Читать дальше...


Музыкальные новости
The Beatles

«Если прищуриться, мы похожи на The Beatles» // Евгений Цыганов о своей карьере музыканта





Персональные новости
Динамо

Расплата за расточительство! ФК «Оренбург» на домашнем поле уступил ФК «Динамо» (Москва) – 1:2





Западот останува посветен на постигнување мир во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународниот фактор уште еднаш ја повтори заложбата за одржлив мировен договор со кој треба да се стави крај на 18-годишната војна во Авганистан. Заедничката изјава беше објавена во Брисел, каде американскиот специјален пратеник во Авганистан, Залмај Калилзад, се сретна со претставници на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Норвешка, ЕУ и ОН. Во текстот се повикуваат авганистанските лидери да се фокусираат на подготовката на преговори со талибанците, со тоа што ќе се именува формален тим за преговори. Читать дальше...

Грција го поддржува еврoпскиот пат на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан и затоа очекува тие да одговорат правилно на обврските за нивната европска перспектива. „Поддршката не е само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи и за решавање на билатералните разлики“, рече грчкиот премиер, говорејќи во Солун на меѓународен симпозиум. Читать дальше...

Волјата клучна во борбата против дрогата

SlobodnaEvropa.mk 

За оној кој длабоко зачекорил во светот на дрогата, враќањето во реалноста претставува вистински предизвик и макотрпен процес. Но, за да се победи злото кое се јавува во разни форми на наркотици, пресудна е волјата и одлучноста да се истрае на тој пат.

Предвремени избори, правдата ќе почека

SlobodnaEvropa.mk 

Без меѓународен притисок политичките партии нема да се договорат за законот за Јавно обвинителство, велат аналитичарите. Во меѓувреме, во предизборието не се очекува забрзување на судските постапки во кои се инволвирани политичари.

Албанија ќе се повлече од „мини Шенген“ ако не се вклучи Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Aлбанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај изјави дека Албанија ќе се повлече од балканскиот „мини Шенген“, доколку Приштина не биде вклучена во таа соработка. Министерот вели дека премиерот Еди Рама тоа го поставил како услов, за кој нема преговори, и доколку Косово не биде вклучено, Албанија веднаш ќе се повлече. Тој смета дека треба да се промени терминот „мини Шенген“. Иницијативата за ваквата соработка беше на српскиот претседател Александар Вучиќ, а на првата средба присуствува и Еди Рама и македонскиот премиер Зоран Заев. Читать дальше...

Во Чиле 15 загинати во текот на петдневните нереди

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Чиле соопшти дека 15 луѓе загинале во текот на петдневните нереди, подметнати пожари, насилства и судири што ја парализираа земјата и го нарушија нејзиниот долгогодишен имиџ на оаза на стабилност во Латинска Америка. Во скоро половина од 16-те чилеански региони и натаму е на сила вонредна состојба, а во некои е воведен и полициски час, за прв пат од обновата на демократијата во 1990 година кога беше завршена крвавата 17 годишна воена диктатура. Немирите беа поттикнати од зголемувањето на цената на билетите за метро.

Спорт в России и мире
Москва

Андрей Мидловец выиграл якутский финал на первенстве России


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Линетт сыграет против Соболенко во втором круге турнира WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Опыт проведения Всероссийской акции «Вода России» представлен на межведомственном заседании в Ташкенте





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время движения поездов от Москвы до курортов Черноморского побережья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Александр Розенбаум

Александр Розенбаум рассказал о дополнительном источнике дохода: "Не бомжовые заведения"



Москва

Жители Хакасии могут принять участие в конкурсе «Слава России»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net