Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Новости за 19.04.2019

Стартуваат тридневни преговори во Доха

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска стартуваат тридневните преговори во Доха на кои ќе присуствуваат претставници на авганистанската влада и делегација од талибанските бунтовници. Тема на преговорите ќе бидат мерки за доверба меѓу двете страни. Првата средба на авганистански политичари и талибанците се одржа во февруари во Москва, но на неа не присуствуваа претставници на Владата во Кабул. Ова е првпат талибанците да прифатат средба со претставници на авганистанската Влада.

„Бомбите“ станаа дел од политичкиот фолклор

SlobodnaEvropa.mk 

Нема кој нема прислушувани разговори кои можат да се користат за уценување, а особено се корисни пред избори, кога се праќа пораката- „знам нешто за тебе“. Дел аналитичари се сомневаат дека новите „бомби“ може да влијаат на изборите.

Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат догодина

SlobodnaEvropa.mk 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко најави дека следните претседателски избори ќе се одржат во 2020 година додека парламентарните избори се закажани за годинава. Лукашенко ова го соопшти на денешното годишно обраќање на нацијата во Парламентот. Претседателката на белоруската изборна комисија Лидија Јермошина изјави дека според законските рокови, претседателските избори треба да се одржат најдоцна до 30 август 2020 година додека роковите за парламентарните избори налагаат тие да бидат закажани најдоцна до 6 септември 2020 година.



БиХ со протестна нота до Хрватска за аферата „селфи“

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателството на БиХ донесе одлука да упати протестна нота до Хрватска во врска со шпионската афера „селфи“ која босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ ја поврза со хрватската Безбедносно разузнавачка служба – СОА. Станува збор за аферата „селфи“ која е поттикната од тврдењата дека агенти на СОА се обиделе да регрутираат граѓани на Босна и Херцеговина поврзани со „радикални структури” за да подметнат оружје во џамиите и на тој начин да докажат оти се точни тврдењата на хрватската претседателка... Читать дальше...

Свеченост за поставувањето на споменикот на Александар Велики во Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Во грчкиот главен град утрово свечено беше откриен споменикот на Александар Велики откако 26 години беше „заглавен“ во грчката бирократија, јавува новинската агенција МИА. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, поранешниот грчки министер за култура и некогашен лидер на ПАСОК, Евангелос Венизелос, градоначалникот на Пела, Григорис Стамкос и на синот на скулпторот Јанис Папас, Александрос Папас, Атинскиот градоначалник Каминис во обраќањетоистакна дека станува збор за вистинско и големо уметничко дело... Читать дальше...

Фејсбук тестира интерфејс како на Инстаграм

SlobodnaEvropa.mk 

„Фејсбук“ тестира сосема нов интерфејс за својата апликација со која почетната страница и сторито би биле во една, што значи дека корисниците ќе можат да ги прегледуваат на ист начин како на „Инстаграм“ и „Снепчет“, откри креаторот на интерфејсот на ФБ за андроид, а од Фејсбук потврдија дека дека тестирањето не се прави јавно. Сторито и почетната страница сега се различни интерфејси во апликацијата, но со редизајнот овие два интерфејса, како и текстуални постови, слики, видеа и спонзорирани постови, ќе се појавуваат во еден ист интерфејс. Читать дальше...

Светска банка одобри нова рамка за партнерство со Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бордот на извршни директори на Светска банка денеска ја одобри новата четиригодишна рамка за партнерствочија цел е побрз и одржлив раст во Република Северна Македониjа. Министерот за финансии Драган Тевдовски неодамна изјави дека станува збор за рамка од 420 милиони долари. Новата Стратегија има три фокусни области стои во соопштението на Светска Банка.Првата област ќе го подобри опкружувањето за конкурентен приватен сектор преку зголемување на поврзаноста и подобрување на пристапот до пазарите... Читать дальше...

Пиштоли и рози и Бардовци со бајадери – кога беа изборите?

SlobodnaEvropa.mk 

На митингот на сдсмовските „рози“ во Гостивар немаше ни барање за посвојување, ни културно-уметнички настап, но стигнаа првите закани со пиштоли. Сиљановска, пак, повика да се гласа на 21 септември.



СЈО со полн распоред во Кривичен суд

SlobodnaEvropa.mk 

Во основниот суд Скопје 1 денеска се одржуваат нови рочишта за случаите „Таргет-Тврдина“ и „Т.Н.Т.“ и „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство. Во предметот „Насилство во Општина Центар“обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и актуелната пратеничкаод ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и тогашниот советник во Општина Гази Баба, Александар Трајковски. Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот... Читать дальше...

Дезир: Шокиран сум од повикот за насилството врз новинарите на БИРН

SlobodnaEvropa.mk 

Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за медиуми Арлем Дезир на својот официјален профил на Твитер напиша дека е шокиран од објавената видео-снимка на интернет, која е „отворен повик на насилство врз новинарите на БИРН Србија и Слободан Георгиев“. Тој посочи дека прикажувањето на новинари како предавници во Србија може сериозно да ја загрози нивната безбедност . Дезир ја повика полицијатапод итно да го истражат случајот.

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за „крвавиот четврток“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска е повикан на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал како осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Тој е осомничен дека заедно со дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ ги диригирале настаните во Парламентот. Меѓу осомничените се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Спиро Ристовски, поранешниот спикер Трајко Вељановски и поранешниот началник во УБК Никола Бошковски. Читать дальше...

Крај на кампањата, од вечерва политички молк

SlobodnaEvropa.mk 

Вечерва на полноќ завршува тринеделната претседателска кампања и стартува политички молк пред неделните избори за претседател на државата и за градоначалник во три општини. Денеска е последен ден кога политичките кандидати ќе им се обратат на гласачите со политички пораки со цел да ја побараат нивната поддршка пред првиот изборен круг. Кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања. Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево... Читать дальше...

За ДУИ е прифатливо претседател да се бира во Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. Тој во синоќешното интервју на ТВ 21 истакна дека оваа тема со проблемот за цензусот е стара 10 години. „Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано,“ изјави Ахмети. Читать дальше...

Стартува теренска вакцинација на ученици

SlobodnaEvropa.mk 

Медицински тимови од денеска ќе почнат со теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во училиштата следува откако беше прогласена епидемија на морбили во целата држава. Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми изјави дека во соработка со министерот за здравство се во потрага на подобро законско решение и во Законот за основно образование... Читать дальше...

Синдикалната потрошувачка кошница тешка 530 евра

SlobodnaEvropa.mk 

На едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати. Според минималната кошница најмногу пари или 13.870 биле потребни за храна, додека за сметки за домување биле потребни минимум 10.414 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари. За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.

Во Белград митинг во организација на власта

SlobodnaEvropa.mk 

Во Белград денеска ќе биде одржан собир во рамките на кампањата „Иднина на Србија“ на кој освен претседателот Александар Вучиќ ќе говорат и премиерката Ана Брнабиќ, шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, претседателот на претседателството на БиХ Милорад Додик и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто. Претседателот Вучиќ изјави дека на митингот во Белград ќе има карневалска атмосфера и оти на собирот ќе дојдат граѓани не заради него, туку заради иднината на Србија.

Кој од тројцата професори ќе биде претседател на Северна Македонија?

SlobodnaEvropa.mk 

Од полноќ почнува молкот за претседателските избори. Во 19 дневната изборна кампања, тројцата кандидати заедно со претставниците на партиите што ги поддржуваат ги испраќаа своите пораки до можните гласачи преку директни средби, интервјуа, билборди, телевизиски спотови, социјални медиуми.

Кандидатот за претседател на Украина Зеленски најави референдум за НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседателски кандидат Володимир Зеленски вети дека, доколку биде избран, ќе одржи референдум за тоа дали Киев треба да влезе во НАТО. Комичарот Зеленски кој, според анкетите, пред вториот круг од изборите има голема предност пред сегашниот претседател Петро Порошенко рече дека „Украина јасно го избра својот пат кон Европа“. „Очигледно дека НАТО значи сигурност, но јас сакам да ја обединам земјата“, изјави тој, наведувајќи дека секојдневно ќе им кажува на источните региони на Украина дека „НАТО не е ѕвер кој ќе ги голтне“.

Романскиот министер за правда поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Романскиот министер за правда Тудорел Тоадер денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата, затоа што „ја загубил поддршката“ од владејачката Социјалдемократска партија. Оставката на Тоадер следи откако беше изложен на критики поради серијата закони што ги предложи, а кои беа оценети дека ќе ги ослабат напорите за спречување на политичката корупција. Критики на сметка на законите упати и ЕУ.

Во Турција 11 лица осудени на доживотен затвор за обидот за преврат

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Истанбул изрече доживотни затворски казни за 11 поранешни припадници на жандармеријата во Истанбул, кои се товарат за учество во обидот за воен удар пред три години, за чија организација официјална Анкара го сомничи имамот Фетулах Ѓулен. Тие се осудени за членство во „терористичка организација“ и „обид за уривање на уставниот поредок во Турција“. Фетулах Ѓулен се наоѓа во самонаметнат егзил во САД, а Турција постојано бара негова екстрадиција.

Претседателски кандидат и украински олигарх

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседателски кандидат Володимир Зеленски води кампања како аутсајдер кој ќе ја исчисти политиката, но тој е поддржан од еден од најбогатите луѓе во земјата.

Албанската опозиција ќе ги попречува локалните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Националниот совет на албанската опозициска Демократска партија едногласно ги поддржа одлуките на партиското Претседателство за бојкот на локалните избори во Албанија, предвидени за 30 јуни. Партијата реши дека ќе учествува на избори, дури откако ќе се создадат услови за гарантирање на изборните стандарди. Освен одлуката да не учествува на изборите, Демократската партија одлучила и да не дозволи одржување на „фасада избори“, но начините и средствата за постигнување на ова цел остануваат нејасни.

Времето денеска: умерено облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -2 до 5, а дневната од 13 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 5, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Спорт в России и мире
Москва

Пресс-служба «Лужников» опровергла информацию о концерте Канье Уэста в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев не отстал от «Реала»! Как русская звезда тенниса покорила Мадрид


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Погода на 9 мая в Москве и по России: Синоптики пугают аномальными холодами





Путин в России и мире
Москва

Начались переговоры Путина с Пашиняном


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко предупредил Запад о молниеносной атаке в ответ на любую агрессию




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

В США прокомментировали подготовку покушения на Зеленского


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Queen

White Queen Birthday party «Королева морей»



Москва

Парк «Пехорка» признали самым посещаемым в Подмосковье за неделю

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net