Времето денеска: умерено облачно
Ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -2 до 5, а дневната од 13 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 5, а дневната ќе достигне до 20 степени.