Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Новости за 10.04.2019

Нетанјаху на пат кон обезбедување на петтиот мандат

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обезбеди патот до рекордниот петти мандат во кабинетот, откако неговата конзервативна партија Ликуд се чини дека контролира доволно места во Парламентот за да формира владина коалиција по националните избори на 9 парил. Со скоро сите преброени гласови, Ликуд со поддршка на помали националистички партии е во можност да контролира 65 од 120 места во Кнесетот. Лидерите од партијата на поранешниот воен шеф Бени Ганц, го призна поразот по пребројувањето на гласовите.

Хан: Западен Балкан во ЕУ е заедничка цел на двете страни на Атлантикот

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Атлантскиот совет во Вашингтон изјави дека европската интеграција на Западен Балкан е заедничка цел на двете страни на Атлантикот и влез на сите шест западно-балкански земји во ЕУ. Тој додаде дека тоа е нивен „личен геополитички интерес“, предупредувајќи дека се доведува во ризик кредибилитетот на ЕУ. Тој рече дека мора да бидат цврсти, но и чесни и да оддадат признание кога е тоа потребно. Хан се состана со меѓународните партенри во главниот град на САД за да укаже на широкиот спектар на прашања... Читать дальше...



Дебата на Порошенко и Зеленски на стадионот во Киев

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека го прифаќа предлогот на Волофомир Зеленски да одржат дебата на Олимпискиот стадион во Киев во пресрет на претседателските избори оваа година, но се чини дека двајцата се уште се поделени за датумот на настанот. Порошенко денеска пред новинарите изјави дека она што тој го нарекува „дебата 14-14-14“, ќе се одржи на 14 април во 14 часот и 14 минути. „Како што рече г-дин Зеленски, треба да биде на стадиониот, па нека биде на стадионот, јас ќе ве чекам тука“, рече Порошенко. Читать дальше...

Трамп: Победата на Нетанјаху е добар знак за мир

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека победата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху на парламентарните избори, е добар знак за мир. Трамп пред новинарите во Белата куќа оцени дека можеби е малку прерано да се прогласи Нетанјаху за побендни, но истакна дека слушнал оти тој победил, пренесува новинската агенција АП. Независните изборни резултати покажуваат дека цврсто мнозинство во парламентот има конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху со националистичките и верските партии.

Помпео: Трамп ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Иран, изјави денеска во Сенатот државниот секретар Мајк Помпео. „Можам да го уверам остатокот остатокот од светот дека претседателот Трамп ќе продолжи да го зголемува притисокот во Исламската република Иран, така што нивното однесување ќе се промени“, изјави Помпео во панелот за надворешни односи во Сенатот. Но највисокиот дипломат на САД одби да даде дополнителен коментар за можноста за откажување од земјите кои увезуваат иранска нафта. Читать дальше...

Ноз Зеланд забрани поседување автоматско и полу-автоматско оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Новозеландскиот Парламент со само еден глас против го усвои предлог-законот со кој се забранува поседување на најголем дел од автоматското и полуавтоматското оружје, објавија новинските агенции. Овој потег на пратениците доаѓа на неполн месец по нападот во двете џамии во Крајстчрч, при што загинаа 50 муслимански верници. Според најавите, се очекува предлог-законот да биде потпишан в петок од страна на главниот гувернер на Нов Зеланд, по што и ќе стапи во сила. Премиерката Џасинда Ардерн обезбеди поддршка од речиси сите партии за законот... Читать дальше...

Антикорупциска одби осум од девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Осум од девет приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ одби Државната комисја за спречување на корупцијата на денешната седница, за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси од распишувањето на претседателските избори. За приговор во однос на злоупотреба на имот во сопственот на општина Шуто Оризари за одржување на прес-конференција од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ДКСК побара дополнителни информации од локалната самоуправа, а претставниците од... Читать дальше...



Објавени први фотографии од црна дупка

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународен научен тим ја претстави првата фотографија на црна дупка – комсичко тело со многу силно гравитациско поле, направена со користење на мрежа телескопи. Нивните податоци беа комбинирани во супер компјутер. Сликата на темното јадро со огнено-портокалов ореол од гас и плазма, ја покажува супермасивната црна дупка оддалечена 50 милиони светлосни години во галаксијата позната како М87. Објавувањето беше направено преку симултани прес-конференции во Вашингтон, Брисел, Сантијаго, Шангај, Тајпеј и Токио. Читать дальше...

Димитров - почеток на преговорите со ЕУ поттик за домашните реформи

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија годинава претставува успешна приказна за регионот и Европа и затоа е важно да биде искористен политичкиот моментум и засилен преку одлука за почеток на преговори во јуни, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Берлин остварија средба со државниот министер во рамки на Министерството за надворешни работи на Германија Михаел Рот. Димитров додаде дека почетокот на преговорите ќе значи потврда... Читать дальше...

Рудиќ: Треба конечно нашите фотографии да се вреднуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Со изложба на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуси „Appearing - Disappearing“ и „EXIT“, Боро Рудиќ ја отвора својата галерија како единствено специјализирано изложбено место за фотографија и визуелни медиуми во земјава.

Израел во живо ќе ги пренесува консултациите за формирање нова Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Следната недела израелскиот претседател Реувен Ривлин ќе ги почне консултациите со партиите што освоија пратеници во новиот состав на Кнесетот, за формирање нова влада на Израел, соопшти денеска Кабинетот на шефот на израелската држава, објави ДПА. Во соопштението се посочува дека консултациите меѓу Ривлин и претставниците на политичките партии ќе бидат пренесувани во живо на сите платформи, во име на транспарентноста, што претставува историска и пионерска одлука во историјата на Беит Ханаси - резиденцијата на претседателот. Читать дальше...

Јазбец: Изгледа предвреме ќе ми заврши мандатот, Северна Македонија брзо оди во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Членството во НАТО за Северна Македонија значи стабилност за земјата, можност за економски развој и да се биде дел од голем систем на колективна одбрана и превенција на конфликти меѓу земјите, порача денеска словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, зборувајќи за предизвиците и перспективите на Балканот и Евроинтеграцискиот процес пред студенти од повеќе од 20 држави на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје. „Изминатите два месеци дури 11 од вкупно 29 земји членки го ратификуваа пристапниот... Читать дальше...

Бошњаковски: Членот 11 од Законот за помилување е избришан

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Ѓорге Иванов не може да даде помилување на осудени за 27 април, бидејќи така би го прекршил Уставот и законот, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. „Постојат две причини поради кои не може да се води постапка за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда. Со оглед дека не постои законска можност за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда, со оглед... Читать дальше...

Русија подготвена да ѝ продаде на Турција уште ракетни системи С-400

SlobodnaEvropa.mk 

По изјавата на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, дека Турција може да нарача од Москва уште ракетни системи ако САД не ѝ ги испорачаат авионите Ф-35, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија дека би можела да ја прошири таквата соработка со Анкара. „Русија е заинтересирана за проширување на воената и техничката соработка со другите земји и е подготвена да ги разгледа плановите за потпишување нови договори за испорачување на системот за ракетна одбрана С-400 во Турција. Читать дальше...

НАТО ќе ѝ подари на Црна Гора 3Д радар вреден 20 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО ќе ѝ подари на Црна Горa радарски систем 3Д вреден 20 милиони евра кој ќе биде инсталиран на Бјеласица. Министерството за одбрана на Црна Горе претходно до НАТО упатило барање за отстапување на радарот, објави МИА, повикувајќи се на информации од неколку црногорски медиуми. „Можеме да потврдиме дека на црногорските власти им е доделен радарски систем. Овој важен чекор претставува уште еден силен напор да се обезбеди одбрана и заштита на воздушниот простор на земјата, заедно со воздушните полициски... Читать дальше...

Заев - Хамачек: Чешка поддршка за Северна Македонија во НАТО и ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Оваа поддршка што доаѓа од Владата на Република Чешка, како и од народот на таа земја, е од исклучителен позитивен интензитет и во меѓународните форуми, особено во Европската Унија, и доаѓа како признание за Република Северна Македонија и за нејзините политики, изјави премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со владина делегација на Република Чешка предводена од вицепремиерот на чешката Влада, Јан Хамачек. Како што соопштија од владиниот кабинмет, премиерот Заев истакна дека Владата... Читать дальше...

Документите потпишани при посетата на Ципрас јавно достапни на сајтот на Владата

SlobodnaEvropa.mk 

На веб страницата на Владата денеска ќе бидат објавени потпишаните документи при неодамнешната посета на грчката делегација на чело со премиерот Алексис Ципрас на Северна Македонија. На страницата vlada.mk јавноста ќе има пристап во оригинална верзија до Акцискиот план, што го потпишаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, документ пропишан и во Преспанскиот договор, со структура на целата идна соработка во девет области во однос на примената на договорот. „Ќе биде објавен и Меморандум за соработка во ЕУ... Читать дальше...

Хан: Мицкоски ми вети дека нема да ги бојкотираат изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му ветил дека партијата ќе игра конструктивна и зрела улога во претстојните претседателски избори и нема да ги бојкотира. Еврокомесарот, во интервјуто за МИА, се осврнува и на досегашниот напредок на државата на патот кон ЕУ, без коментар на изјавите на опозицијата дека Северна Македонија „не е подготвена за преговори со ЕУ, дека има голема корупција, партизација на администрацијата, дека судството не... Читать дальше...


Музыкальные новости
Елена Волкова

ПРОЕКТ «КЛАССИКА: ИСТОРИЯ И СОВРЕМЕННОСТЬ»





Персональные новости
#123ru.net

ENERGON поделился успешным кейсом внедрения системы управления предприятием 1C:ERP





Осуди за говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ

SlobodnaEvropa.mk 

Владата го осудува секој говор на омраза во Република Северна Македонија без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини, на конгреси, на прес-конференции, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. „Секогаш сме го осудувале говорот на омраза и во овој случај го осудуваме, потенцираше Бошњаковски, на новинарско прашање за говорот на омраза од поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија реис Сулејман Реџепи упатен на церемонија на поставување камен темелник на џамија... Читать дальше...

Министерство за правда чека предлози од ВМРО-ДПМНЕ за СЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за правда е подготвено за средба, но кога ќе се одржи зависи од ВМРО-ДПМНЕ, која треба да достави свој предлог за клучните разлики за Предлог законот за јавното обвинителство што ќе бидат во согласност со европските препораки. „Се чека ВМРО-ДПМНЕ да достави свој предлог за клучните разлики, кој ќе биде во согласност со европските препораки. Штом ВМРО-ДПМНЕ бидат спремни со предлог, ќе има средба. Зависи од нив“, изјавиле од Министерството за правда за МИА. Според Министерството... Читать дальше...

Попладне невреме со поројни дождови во цела држава

SlobodnaEvropa.mk 

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува за денеска попладне во западните, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови, соопшти УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Како што информира УХМР, под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во Северна Македонија продолжува периодот на променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.

Бошњаковски: СЈО не заминува во историјата и не се преговара тајно за него

SlobodnaEvropa.mk 

СЈО не заминува во историјата и не е точно дека во разговорите со опозицијата кога било се заклучило дека повеќе нема да функционира, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања за преговорите со опозицијата за законот за јавно обвинителство. Тој нагласи дека преговорите не се водат зад затворени врати затоа што, како што рече, секогаш има информации во јавноста, а министерката за правда Рената Дескоковска секогаш е достапна и ги дава сите детали. „Намерата е да имаме двотретинско мнозинство... Читать дальше...

Први приговори за злоупотреба на државни средства во кампања

SlobodnaEvropa.mk 

До овој момент во Антикорупциската комисија има само една пријава за злоупотреба на службено возило во изборната кампања, иако дел од интернет порталите пишуваат за неколку такви случаи. Експертите велат дека за вакви злоупотреби може и кривично да се одговара.

Чавушоглу: Ако САД не ни испорачаат авиони Ф-35, можеме да купиме уште ракетни системи од Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Ако САД се откажат од договорот за продажба на американски ракети „Патриот“ и ловци Ф-35 на турската армија, Турција би можела да купи дополнителен број С-400 или некои други системи од Русија, се закани турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во интервју за турската телевизија НТВ. Според него, „апсурдно е да се доведува во прашање членството на Турција во НАТО, поради договорот на Анкара со Москва за набавка на руски противвоздушни системи С-400“, и додаде дека руските системи за противвоздушна одбрана С-400... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Росгвардия обеспечила правопорядок во время футбольного матча «ЦСКА» - «Спартак» в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева замыкает год // 16-летняя российская теннисистка успешно стартовала на крупном турнире WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

На площадке МВЦ «Казань Экспо» открылся XVIII Российский венчурный форум





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время движения поездов от Москвы до курортов Черноморского побережья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Минск не исключает попыток оппозиции оторвать часть территории Белоруссии в пользу НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Денис Мацуев

Денис Мацуев выступит на «Владивостокских сезонах» в рамках ВЭФ-2024



Москва

На съезде РСПП «Норникель» получил национальную премию «Лидеры ответственного бизнеса» I степени

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net