Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Новости за 29.04.2019

Во Берлин разговори со лидерите од Западниот Балкан за регионалната соработка

SlobodnaEvropa.mk 

Високата претставничка за надворешна политика на Европска Унија Федерика Могерини денеска се сретна со премиерите на пет земји од Западниот Балкан и со претседателите на Црна Гора и од Косово, соопшти од нејзиниот кабинет.   На средбите станало збор за состојбите во регионот и е „повторена важноста на регионална соработка и добрососедските односи и помирувањето, за кои Преспанскиот договор претставува историски пример“, стои во соопштението.   Могерини со лидерите разговарала и за идните перспективи на земјите на патот кон ЕУ. Читать дальше...

Пендаровски ветува орден „Киро Глигоров“,Сиљановска очекува граѓаните да гласаат по свое

SlobodnaEvropa.mk 

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска го посети Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип каде што најави дека како иден претседател ќе иницира воведување орден „Киро Глигоров“, Орденот ќе се доделува на заслужни граѓани, кои, дале голем придонес за мирот и безбедноста на државата, рече Пендаровски. “Политиките на Глигоров се пример, показател колку е важно за една држава да го задржи вистинскиот правец на движење за нејзината иднина”, вели Пендаровски. Тој рече дека за него... Читать дальше...

Заев на средба со Меркел во Берлин

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел која со францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на средбата со лидерите на државите од Западен Балкан „За стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција по Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција“, се согласиле премиерот  Заев и потпретседателката на Европската... Читать дальше...



САД го објавија извештајот за верски слободи во светот

SlobodnaEvropa.mk 

Стејт департментот на САД денеска го објави годишниот извештај за меѓународните верски слободи во 2018 година Во него се вели дека членовите на муслиманското население Ујгур и понатаму се предмет на "исклучителни злоупотреби", но оти владата во Пекинг се занимавала само со неколку од случаите, но без какви било последици. Во извештајот објавен од американската комисија за меѓународна верска слобода исто така, се препорача дека Стејт департментот треба да ги вклучи Русија и Узбекистан заедно со Иран... Читать дальше...

Во текстилните и кожарските фабрики најмногу се кршат работничките права

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип денеска обајви дека се пријавени и од нивна страна се следат два случаја на кршење на работничките права. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека во првиот случај се следат отказите на 50 работнички, кои биле пред пензионирање, а потпишувале договори за работа на еден или три месеци со работодавачот. Во вториот случај се следи можноста за ликвидацијата на уште една фирма во Штип која има 40 вработени. Прашана каде најмногу се кршат работничките права... Читать дальше...

Во Кабул се одржува Големото собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани  денеска го отвори Лоја Џирга или Големото собрание на кое присуствуваат над  3.200 делегати кои се обидуваат да се договорат за заеднички пристап кон мировните разговори со талибанците. На Големото собрание присуствуваат политичари, племенските старешини и други истакнати личности, но отсуствуваат неколку високи функционери, меѓу кои  и главниот извршен директор Абдула Абдула, партнер на Гани во владата за единство.  Специјалниот пратеник на претседателот Гани... Читать дальше...

МВР го расветлува случајот со албанското знаме на Самоиловата тврдина

SlobodnaEvropa.mk 

По случајот на поставувањето на знамето на Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид од МВР информираат дека знамето било поствено од лица кои се претставиле како членови на фолклорна група и додаваат дека нивни претствници веднаш излегле на терен и го тргнале знамето. Две лица се повикани во полициска станица, велат од МВР и додаваат дека се работи на расчистување на случајот. Како што се дознава лицата кои го поставиле знамето наводно сакале да се сликаат. Дел од медиумите објавија дека фолклорна... Читать дальше...

Циклонот Кенет однесе 38 животи во Мозамбик

SlobodnaEvropa.mk 

Во циклонот Кенет кој го погоди Мозамбик загинаа 38 лица, соопшти Институтот за управување со кризи од земјата. Циклонот во четвртокот предизвика лизгање на земјиштето на западниот брег и ветрови со јачина од 280 километри на час. Големите врнежи од дожд предизвикаа и поплави во земјата.



Пакистан и ММФ во преговори за спасувачки пакет од 8 милијарди долари

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанските власти и ММФ ја започнаа последната рунда од преговорите за спасувачкиот пакет од 8 милијарди долари за земјата во услови на продлабочување на економската криза. Пакетот се очекува да биде потпишан наредниот месец. Целта на преговорите, според властите, е да се одредат условите за тригодишниот план. ММФ претходно соопшти дека економскиот раст на Пакистан од 5 отсто се очекува оваа година да биде 3 проценти. Инфлацијата во земјата беше над 9,4 отсто во март, највисока од 2013 година.

Путин им нуди руски пасоши на Украинците

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русите и Украинците би имале корист од делењето на заедничко државјанство. Путин пред некој ден порача дека размислува да им понуди на украинските државјани руски пасоши, што разлути некои политичари во Украина која е во војна со проруските сепаратисти од 2014 година. Тој веќе издаде наредба за олеснување на процедурата за издавање на руски пасоши за жителите на реоните кои се под контрола на бунтовниците во источна Украина. Новоизбраниот... Читать дальше...

Тачи порача дека нема дијалог со Србија без САД

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска во Берлин изјави дека нема да има дијалог и преговори со Белград без САД. „Без САД нема дијалог и преговори. Косово е независна и суверена држава“, изјави Тачи по денешната средба на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Тачи и косовскиот премиер Рамуш Харадинај порачаа и дека немаат информации за каков било нацрт-договор што би бил постигнат во Берлин.

Осум кандидатури за претседателските избори во Казахстан

SlobodnaEvropa.mk 

Осум лица поднеле кандидатура за претстојните претседателски избори во Казахстан, вклучувајќи го и актуелниот шеф на државата. Касим Зомарт  Токаев, соопшти Централната изборна комисија. Владејачката партија Нур Отан го номинираше Токаев, кој се очекува да победи на изборите, бидејќи останатите кандидати или се релативно непознати политички фигури кои се номинирани од провладините партии и групи или пак немаат доволно време за кампања до изборите. Единствената регистрирана партија во земјата кој се смета за опозициска... Читать дальше...

Меј на средба со Лабуристичката партија за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј, Џејмс Слак соопшти дека разговорите за Брегзит со Лабуристичката партија се закажани за денеска попладне. Според него, Меј би сакала да го претстави законот за повлекување од ЕУ што поскоро, но мора да има и реална основа со која ќе се осигура негово усвојување во Парламентот. Меј се обидува да постигне компромис со лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, со цел неговата партија да го поддржи усвојувањето на Договорот за Брегзит во Парламентот.

Осомничениот шпион за ОАЕ се самоуби во турски затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Турското министерство за правда соопшти дека еден од двајцата осомничени дека шпионирале за Обединетите Арапски Емирати извршил самоубиство со бесење во истанбулскиот затвор Силиври. Тие беа уапсени на 19 април, а Турција истражува дали едниот од нив е поврзан со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Двајцата осомничени го признаа делото, а се товарат за меѓународна, политичка и воена шпионажа.

Шри Ланка им забрани на жените да го покриваат лицето во јавност

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во Шри Ланка им забранија на жените да го покриваат лицето во јавност по самоубиствените бомбашки напади од страна на милитантната група Исламска држава во кои загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици беа повредени. Кабинетот на претседателот соопшти дека со закон за вонредни состојби е воведена мерката, која од денеска стапува на сила. Ниџабот и бурката, кои ги носат муслиманските жени со цел да го покријат нивното лице не се конкретно спомнати во наредбата на претседателот. Хјумант Рајтс Воч ја осуди забраната.

Двојна битка – против ривалот и за цензусот од 40 проценти

SlobodnaEvropa.mk 

Сиљановска-Давкова ги повикува и разочараните од СДСМ и оние од Шарената револуција и од Бојкотирам, а Пендаровски смета дека ако противкандидатката биде на власт, ќе влече потези кои се рецепт за конфликт.

Изборна победа на шпанските социјалисти и на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија на премиерот Педро Санчес освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори, но за формирање влада ќе и биде потребна поддршка од други партии.

Русија демне за враќање во Македонија?

SlobodnaEvropa.mk 

Русија не сака пад на груевизмот во Македонија и сака нестабилен Балкан за полесно да се врати во регионот со своето политичко антизападно влијание, за што имаат нов план и само демнат шанса, оценуваат политичари, експерти и регионални аналитички центри.


Музыкальные новости
Оззи Осборн

Своим трудом: Келли Осборн отрицает, что похудела с помощью препаратов





Персональные новости
Россия

Путешествовать по России в майские праздники будут 2,8 миллиона туристов





Зголемени воените трошоци во земјите од Централна и Источна Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Воените трошоци во Украина и неколку други земји од Централна и Источна Европа драстично се зголемија во 2018 година, во голема мера како реакција на заканите од Русија. Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм. Воените трошоци во Украина се зголемија за 21 отсто на 4,8 милијарди долари, а сличен раст има и во Бугарија, Романија, Летонија и Литванија. „Ова зголемување во голема мера се должи на растечките перцепции за заканата од Русија“... Читать дальше...

Болтон: Трамп не сака други во преговорите со Северна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон изјави дека САД немаат посебен интерес да ги здружат силите со другите држави со цел да ја натераат Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје. Според него, претседателот Доналд Трамп и севренокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повеќе би сакале да преговораат во четири очи. Во минатата недела Ким Џонг Ун во Владивосток имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Тачи: право е на Прешевската долина да се присоедини со Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека на самитот во Берлин по покана од германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон Косово нема да дозволи размена на територии, но оти е право на Албанците од Прешевската долина да се присоединат со Косово. Покрај Тачи на денешниот самит во Берлин ќе учествува и премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

На изборите во Шпанија победија социјалистите

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија на премиерот Педро Санчес освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори, но за формирање влада ќе и биде потребна поддршка од други партии. Според досега преброените гласови, социјалистите освоиле 29,3 насто и за формирање влада ќе им биде потребна поддршката на левичарската коалиција Унидас подемос која има 14,2 проценти, но и на каталонските сепаратистички и на баскиските националитсички партии. Во парламентот за прв пат од 1982... Читать дальше...

Премиерот Заев на средба со Меркел и Макрон во Берлин

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се сретне со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларката на Германија Ангела Меркел, во рамките на отворените средби на Берлинската конференција за Западен Балкан, чии покровители се Франција и Германија. Според агендата на германската влада, на конференцијата ќе присуствува и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Времето денеска: сончево со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Облачноста ќе е поголема во планинските региони каде што попладне ќе има услови да се појави краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од 13 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Спорт в России и мире
Москва

РОСГВАРДИЯ ОБЕСПЕЧИЛА ПРАВОПОРЯДОК ВО ВРЕМЯ ФУТБОЛЬНОГО МАТЧА «ЦСКА» - «СПАРТАК» В МОСКВЕ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина рассказала о проблемах на турнире в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Huawei представила IDS на 26-м Всемирном энергетическом конгрессе





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время движения поездов от Москвы до курортов Черноморского побережья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Анастасия Волочкова

«Это будет для вас сюрприз и фурор!»: Анастасия Волочкова взяла с собой на Мальдивы свадебное платье



Москва

Нокаут от Русской Кувалды: Кудряшов сокрушил Робутти в первом раунде

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net