Времето денеска: сончево со умерена облачност
Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Облачноста ќе е поголема во планинските региони каде што попладне ќе има услови да се појави краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од 13 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.