123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Новости за 13.04.2019

Сиљановска – Давкова се надева дека АРМ ќе добие и жена - генерал

SlobodnaEvropa.mk 

Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска – Давкова вечерва рече дека ако стане претседател, жените ќе бидат доминантни во нејзиниот кабинет и оти се надева дека ќе биде претседателка во чие време за првпат ќе има и жена генерал во Македонија. „Тоа е фантастична шанса за прекрасните македонски мажи да докажат дека поддржуваат успешни жени. Така новите генерации ќе може да споредуваат што е разликата во владеењето оти ние не сме имале можност да ги покажеме своите способности. Со мене ќе ги имате тие можности... Читать дальше...

Во вторник одлука дали ќе се прогласи епидемија на морбили во цела држава

SlobodnaEvropa.mk 

Минатата недела биле регистрирани 126 заболени со мали сипаници, што е најголем број досега. Од нив 57 се од Скопје. Меѓу заболените имало и бремени жени, а една трудница го изгубила плодот во шестиот месец од бременоста откако се заразила со морбили. Досега од мали сипаници се разболеле и над 100 здравствени работници. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека бројките не се изненадување и дека епидемиолозите тоа го предвиделе. Тој вели дека се подготвени капацитетите на Инфективната клинка и еден оддел од детска болницата Козле. Читать дальше...

Порошенко ќе оди на дебата на стадион, но можеби ќе дебатира сам

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Петро Порошенко, кој е во трка за уште еден мандат, најави дека утре ќе присуствува на Олимпискиот стадион во Киев каде е предвидено да се одржи дебата за претседателските избори. Неговиот противкандидат Володимир Зеленски можеби нема да присуствува на дебатата. Порошенко ќе се соочи со Зеленски во вториот круг од претседателските избори закажани за 21 април. Зеленски во првиот круг освои најмногу гласови, а анкетите покажуваа дека тој ќе биде победник на изборите. Двајцата кандидати се согласија да одржат дебата... Читать дальше...



Започна опозицискиот протест во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Пред Народното Собрание во Белград започна протестот на опозицијата „Сите како еден – 1 од 5 милиони”. Во Собранието на Србија се наоѓаат полицајци. Лидерите на Сојузот за Србија апелираа до граѓаните мирно да го искажат своето незадоволство од „режимот на СНС”. Според најавите од Сојузот, опозицијата ќе ги прочита нивните барањата, а на говорницата ќе се обратат лидерите на опозицијата и јавни личности. Александар Мартиновиќ од Српската напредна партија рече дека пратениците ќе останат во Собранието и ќе го штитат од оние кои... Читать дальше...

Пендаровски - Во Кабинетот ќе има и советничка за родова еднаквост

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на денешната трибина за родова еднаквост „Еднакви“ рече дека како како претседател ќе назначи посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Тој вели дека тоа ќе биде еден неговите први осум проекти најавени за првите осум месеци од мандатот. „Се заложив за заштита на сите девојки и жени кои се уште се соочуваат со родово базирано насилство, кои се уште немаат еднаков пристап до образование, работа, здравство. Читать дальше...

Ципрас: Грција повеќе не е „црна овца” на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со зачленување на Грција во Иницијативата 16 + 1, која ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина, неговата земја ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутацијата. Ципрас изјави дека Грција ецентарот на поврзувањето на регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката во североисточниот Медитеранот, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор. „Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца” на Европа... Читать дальше...

Израел бомбардирал воени цели во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Шестмина сириски војници биле ранети, а неколку објекти се уништени во израелски напад врз воен комплекс во централна Сирија, објави сириската државна новинска агенција САНА. Воен претставник за агенцијата изјавил дека Израел ја нападнал воената академија во близина на градот Масјаф во провинцијата Хама. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека Израел нападнал три цели и ранил 17 сириски војници. Според нив, има и загинати, но не се знае колку, како... Читать дальше...

Убиени двајца припадници на Исламската држава во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот истражен комитет соопшти дека биле „ликвидирани“ двајца припадници на Исламската држава во безбедносна операција во централна Русија. Во рацијата во сибирскиот град Тјумењ биле пронајдени две експлозивни направи и средства за производство на бомби, соопшти Комитетот. Руските агенции уште вчера објавија дека во тек е „антитерористичка операција“ во Тјумењ, каде што биле чуени истрели. Според руските власти, двајцата осомничени „планирале терористички напади во регионот“. Се проценува дека... Читать дальше...



Бродот со спасени мигранти пристигна на Малта

SlobodnaEvropa.mk 

Бродот со 64 мигранти кои пред 10 дена беа спасени кај брегот на Либија, пристигна на Малта, а тамошните власти соопштија дека мигрантите ќе бидат префрлени во четири земји од ЕУ. Мигрантите беа спасени на 3 април кај Либија, но ниеден нема да остане на Малта, наведуваат властите и додаваат дека мигрантите ќе бидат примени во Германија, Франција, Португалија и Луксембург. Малтешките власти претходно наведоа дека бродот нема да биде примен во пристаниште и дека мигрантите ќе бидат префрлени во другите европски земји со малтешки бродови.

Драги – Финансискиот сектор да ги продолжи подготовките за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Финансискиот сектор треба да ги продолжи подготовките за сите можни сценарија за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави претседателот на Европската централна банка, Марио Драги. Одложувањето на Брегзит „значи дека ризикот од работ на безднатае избегнат во краток рок“, но „финансискиот сектор треба да продолжи да се подготвува за сите можни сценарија, вклучувајќи и неуреден Брегзит“, рече Драги на пролетното заседание на ММФ во Вашингтон. ЕУ оваа недела одобри дополнително одложување на Брегзит до 31 октомври. Читать дальше...

Почина поранешниот градоначалник на Тетово Алајдин Демири

SlobodnaEvropa.mk 

На 65-годишна возраст, почина Алајдин Демири, поранешен градоначалник на Тетово, и дипломат, политички аналитичар и универзитетски професор, пренесува ТВ21. Семејството соопштило дека погребот на Демири ќе се одржи денеска во Тетово. Демири беше избран за градоначалник на Тетово во 1997 година. По деветојулските немири од 1997 година, откако власта се обиде да ги симне албанските знамиња истакнати пред општинските згради во Тетово и во Гостивар, Демири беше осуден на две години затвор, но потоа беше амнестиран.

Протест на српската опозиција пред Парламентот во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Пред Парламентот во Белград денеска во 15 часот ќе се одржи протест против актуелната власт „Сите како еден – Еден од пет милиони“. Лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија апелираа до граѓаните мирно да го изразат своето незадоволство кон „режимот“ на владејачката Српска напредна партија (СНС). Според најавите од СзС, на учесниците во протестот ќе им бидат прочитани барањата на опозицијата и незадоволните граѓани, а од говорницата ќе се обратат опозициските лидери и јавни личности. Првиот... Читать дальше...

Ким Џонг Ун спремен за нов Самит со Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун изрази спремност за трет состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, под услов Вашингтон да дојде на преговарачката маса со „добар став“, јави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Ким рекол дека ќе го почека крајот на годината за „САД да донесат храбра одлука“ за нов состанок. Вториот самит меѓу Трамп и Ким на крајот на февруари во Ханој заврши без договор поради несогласувањата околу укинувањето на санкциите кое го бара Северна Кореја. Читать дальше...

Албанската опозиција денеска на масовен протест пред Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетата албанска опозиција за денеска го најави одржувањето на „најголемиот национален протест“ пред Владата во Тирана со истите барања за заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе предвремени парламентарни избори. Од февруари, кога почнаа протестите, досега се одржани осум протести, од нив шест пред Парламентот, а два пред Владата. Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, од градот Фиер рече дека „криминалната банда на Еди Рама мора да си замине“. Читать дальше...

Силјановска вечерва на централен митинг во Скопје, Пендаровски утре

SlobodnaEvropa.mk 

Централни митинзи ќе одржат викендов во Скопје кандидатите за претседател поддржани од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска. Според најавата од изборниот штаб Силјановска – Давкова, вечерва таа ќе има централен митинг пред Владата во Скопје. За утрешната агенда на Силјановска се најавени митинзи во Свети Николе и Велес. Кандидатот за иден шеф на државата, кој ја има поддршката од СДСМ и коалицијата, Пендаровски централниот настан во оваа претседателска кампања ќе го одржи... Читать дальше...

Река - Да не ме гласаат само затоа што сум Албанец

SlobodnaEvropa.mk 

Ако јас не им дадам добра понуда, ако мислат дека не сум доволно способен со моето знаење, со моето искуство да ја водам државата напред, нека не ме гласаат, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, мене не ми е потреба позитивна дискриминација, вели претседателскиот кандидат Блерим Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој зборува и за својата идеја за Балкански Бенелукс, избирачкиот список и меѓуетничките односи.

Река - Повеќе проблеми нè чекаат на патот кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Со зачленување во НАТО, ние сме земја членка и сега треба да се концентрираме на другиот стратешки дел од мојата кампања, а тоа е започнување на преговорите за членство во ЕУ. Tука ќе имаме повеќе проблеми, вели претседателскиот кандидат Блерим Река.

Спорт в России и мире
Москва

Трехкратный обладатель Кубка Гагарина уволил тренера и назначил нового


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Большой шлем

Эшли Барти посетила третий этап Формулы-1 в Австралии


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о строительстве очистных сооружений на побережье Азовского моря





Путин в России и мире
Москва

Глава МЧС России Александр Куренков представил начальника московского подразделения ведомства


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

СМИ: Байден и Шольц не успели предложить Москве обменять Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

Рэпер Тимати: целостность России расколоть не удастся никогда и никому



Москва

Спортсменка из Хакасии – бронзовый призёр Кубка России по борьбе на поясах

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net