Црна Гора екстрадираше поранешен сведок во обидот за пуч во 2016
Црна Гора го екстрадираше поранешниот сведок во случајот за обид за државен удар, Саша Синѓелиќ во Хрватска, каде тој треба да отслужи 21 годишна затворска казна за убиство и кражби. Тој беше уапсен во Црна Гора во јули по потерница од Интерпол.
Синѓелиќ беше клучен сведок во судењето за обидот за државен удар за време на парламентарните избори во земјата во 2016 година. Во мај 13 обвинети за случајот, меѓу кои и двајца руски разузнавачи и двајца црногорски опозициски лидери добија затворски казни од траење до 15 години.