Македонска премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски
Со гала во Филхармонија и проекции во кината „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје и со паралелни прикажувања во Битола, Охрид и Штип, на 1 ноември во 20 часот, ќе се случи македонската премиера на „Врба“, шестиот долгометражен филм на режисерот Милчо Манчевски.