Трамп потврди дека е убиен лидерот на Исламска држава
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во денешното обраќање потврди дека Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на екстремистичката група Исламска држава е убиен во рација на САД во северозападна Сирија.
Трамп на конференција за новинарите во Белата куќа изјави дека ал Багдади е убиен во операција на американската војска.
Претседателот Доналд Трамп денеска ќе има „важно обраќање“ најави синоќа портпаролот на Белата куќа Хоган Гидли, по извештаите дека американската војска спроведе рација врз локацијата на водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади.
Пред објавата на Гидли, Трамп напиша на Твитер: „Нешто многу големо штотуку се случи!