САД остануваат посветени на Авганистан
Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека САД остануваат посветени на Авганистан во обид да ги смири авганистанските власти кои стравуваат дека Вашингтон ќе ги повлече своите трупи, како што тоа го стори во Сирија.
Еспер при денешната посета на Кабул рече дека САД се уште се соочуваат со терористичката закана што започна во Авганистан со Ал Каеда и продолжува со талибанците, Исламската држава и со други групи. Тој вели дека авганистански сојузници не треба да ги толкуваат погрешно последните американски постапки. Во посета на Авганистан се и претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и други високи членови на Конгресот.