Нетанјаху се откажува од напорите за формирање нова влада
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека се откажува од напорите за формирање нова влада, откако не успеа да формира коалиција по неубедливите парламентарни избори. Нетанјаху, кој ја предводи десничарската партија Ликуд истакна дека го враќа мандатот назад кон израелскиот претседател Реувен Ривлин.
Ривлин порача дека сега ќе одржи консултации со политичките партии за да им каже оти има намера мандатот да му го додели на ривалот на Нетанјаху, Бени Ганц.