Лајен: Жали што нема сигнали за проширување на ЕУ
Новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави пред почетокот на ЕУ самитот, дека нема сигнал оти на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на ЕУ. Таа изрази жалење.
„Длабоко жалам поради тоа, бидејќи верувам дека овие земји направија значителни напори за да се приближат кон ЕУ и затоа многу е важно да им се даде вистински сигнал, изјави Фон дер Лајен при доаѓањето на Самитот на лидерите на ЕУ.
Лидерите на ЕУ за време на вечерата во Брисел треба да разговараат за можностите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова прашање дојде на агендата на Самитот на лидерите на ЕУ, откако за тоа не беше постигнат консензус на ниво на министри за надворешни работи.