Заев и ВМРО-ДПМНЕ за датумот и предвремени избори
Премиерот Зоран Заев вели дека без разлика на тоа какви ќе бидат одлуките во Брисел, тој не гледа причина за вонредни избори. Тој одговараше на новинарско прашање што ако не добиеме датум за почеток на преговори. Но, како што вели тој е само еден, а има и други политичари и политички партии.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мора да има предвремени парламентарни избори, без разлика на тоа дали земјата ќе добие датум за преговори. Од партијата велат дека и да има датум и да треба да се почнат преговори, Заев и тие околу него немаат капацитет да ги водат преговорите.