Можен фински компромис за македонски преговори со ЕУ
Финското претседателство со нов обид за отворање преговори со Северна Македонија пред самитот на лидерите на ЕУ. Премиерот Зоран Заев е оптимист дека ќе биде донесена позитивна одлука. Франција, вели тој, не е против преговорите, туку само се залага за нова методологија на преговорите.