Нобелова за економија за истражувањето за ублажување на сиромаштијата
Тројца економисти за нивната работа за ублажување на глобалната економија се добитници на Нобеловата награда за економија.
Кралската шведска академија им ја додели Нобеловата награда за економија за 2019 на Абхит Бенерџи, Естер Дуфло и Мајкл Кремер. Во објаснувањето од Академијата велат дека истражувањето на годинешните лауреати значително ја подобрува способност да се бориме против глобалната сиромаштија. Наградата формално е наречена „Свериг Риксбанк“ за економски науки во спомен на Алфред Нобел.
„За само две декади, нивните истражувања, базирани на експерименти, ја трансформираа развојната економија, која сега е плодно поле за истражување“, велат од Академијата.