Нова „бомба“ на Ел Чека: Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори
Таа вели дека одлучувачки е гласот на Јакупи, и доколку има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија и ќе донесе нова политичка криза, затоа што потоа како штовели прашање на време ќе биде кога ќе го напуштат Парламентот.
Во тој период сепак имаше прегласување во Центар и во третиот круг победата ја доби Андреј Жерновски.
Денеска на социјалните мрежи за објавата на медиумите за „бомбата“ реагираше и Шекеринска.
„И самите покажаа колку не сме исти. ,,бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа“, напиша на својот официјален профил на Фејсбук Шекеринска.
