Поројни дождови го зафатија Токио, одложена Ф1 трката
Силни ветрови и поројни дождови со брзина од над 100 километри на час го зафатија Токио. Ова е најсилниот тајфун кој го зафати Токио по последниот пред 6 децении. Власти повикаа на евакуација на 1,6 милиони луѓе во тој регион. Тајфунот именуван како Хагибис, оценет како еден од најголемите и најсилните во Јапонија, ги откажа двата натпревари на Светскиот куп во рагби, го одложи јапонското Гран – При и приземји над 1600 летиви.
Досега 30.000 домови се уништени или оштетени, а 16.000 домаќинства останале без електрична енергија. Продавниците и фабриките се затворени, железничкиот сообраќај е прекинат.
Поради силниот тајфун организаторот го помести квалификациите за Формула 1заутре и се закажани на неколку часа пред главниот настан на патеката „Сузука“, доколку, се разбира, го дозволат тоа временските прилики. Временската прогноза -за Јапонија е слична и за утрешниот ден што ја доведува во прашање трката.