Германија го забрани извозот на оружје за Турција
Германија го забрани извозот на оружје во Турција како реакција по нападот на турските воени сили врз курдската полициска станица во североисточниот дел на Сирија, соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи.Турција ја започна воената акција во средата откако американските војници се повлекоа од областа. Турската војска со воздушни напади и артилерија изврши напад врз курдската полиција во близина на границата.
Акцијата на Турција предизвика меѓународна критика како и предупредување од САД и ЕУ за евентуални санкции.
„Наспроти позадината на турската воена офанзива, Федералната влада нема да издаде нови дозволи за целата воена опрема што може да ја искористи Турција во Сирија“, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи.