Американските сили под турски артилерски оган во Сирија
Американските воени трупи во северно- источна Сирија се најдоа под артилериски оган од турските позиции, додека силите на Анкара продолжија со офанзивната битка против сириските Курди кои до неодамна беа сојузници на САД. Пентагон на 11 октомври потврди дека екплозија го потресла местото кај градот Кобани, илустрирајќи го ризикот американските и турските воени сили да навлезат ненамерно во конфликт во тензичен регион.
„Експлозијата настанала на само неколку стотина метри од локацијата каде што е познато дека се стационирани американски сили“, се вели во соопштението од Пентагон. Во продолжение е наведено дека ниту еден војник не е повреден и дека американските воени сили нема да се повлечат од Кобани по инцидентот. Пентагон побара од Анкара да не ги става во опасност американските војници кои се уште се во Сирија додека продолжува со своите напади врз сириските Курди кои се поддржани од САД во регионот.