Чавушоглу: Сите ќе ги известиме за офанзивата во Сирија
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека Турција ќе ги извести сите релевантни држави, вклучително и владата во Дамаск, за планираната офанзива во североисточна Сирија, пренесе новинската агенција Ројтерс.
„Операцијата ќе биде спроведена согласно меѓународниот закон. Единствената цел на офанзивата ќе бидат екстремистите во регионот“, рече Чавушоглу на прес-конференција во Алжир.
Чавушоглу додаде дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го информирал американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот дека Анкара ќе покрене офанзива откако Вашингтон ги прекина „напорите да создаде безбедносна зона во тој регион“.