Помпео во Атина ќе потпише договор за одбранбена соработка
Во фокусот на посетата и средбите на американскиот државен секретар Мајк Помпео во Атина ќе биде потпишувањето на договорот за одбранбена соработка САД- Грција. Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изјави дека разговорите ќе ги покријат и сите останати теми од грчки интерес, Турција, Кипар, како и ситуацијата на Балканот.
Помпео најпрвин ќе оствари средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, потоа со министерот за одбрана, Никос Панајотопулос, а на средбата со Дендиас ќе биде потпишан договорот. Во понеделник, откако Помпео ќе замине од Атина, ќе се одржи вториот стратешки дијалог меѓу САД и Грција.