Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2020

Новости за 21.12.2020

Русија распоредува војници во Централноафриканската Република по заканите од пуч

SlobodnaEvropa.mk 

Централноафриканската Република соопшти дека Русија и Руанда распоредиле стотици војници во оваа нестабилна земја, по заканите за можен државен удар во пресрет на претседателските и парламентарни избори. Владата ова го соопшти денеска, два дена откако го обвини поранешниот претседател Франсоа Бозизе за заговор за државен удар, откако сојузот на бунтовнички групи почна марш кон главниот град Бангуи. Портпаролот на силите на ОН во земјата рече дека бунтовничките групи се потиснати и оти ситуацијата е „под контрола“. Читать дальше...

Уште пет години извоз на овошје и зеленчук од Македонија и Западен Балкан во ЕУ без царина

SlobodnaEvropa.mk 

Производителите и извозниците на овошје и зеленчук од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија и во следните пет години ќе продолжат да ја продаваат својата стока без царини на купувачите во Европската унија, јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката на Европската унија за Автономни трговски мерки (АТМ) со која до крајот на 2025 година се продолжуваат досегашните трговски повластици за извоз на производи што не се опфатени со Договорот за стабилизација и асоцијација (СПП), или за кои ССП е понеповолен... Читать дальше...

Тројца загинати во експлозија во фабрика за барут во Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Во експлозија во фабрика за барут во јужна Италија загинаа тројца луѓе, пренесуваат италијанските медиуми. Агенцијата Анса пренесува дека од градоначалникот на Казалбордино добиле информација за бројот на загинати, додавајќи дека пожарникарите помагаат на местото на експлозијата. Жител на Казалбордино, во провинцијата Кијета, за РаиЊуз24 изјави дека на некои граѓани им било кажано да се евакуираат од домовите поради претпазливост. Причините за експлозијата се истражуваат.



Пред празниците, Албанија го зголемува времетраењето на полицискиот час

SlobodnaEvropa.mk 

Албанија ги зајакнува мерките за претстојните празници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, информира Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита. Полицискиот час, кој од 11 ноември беше воведе од 22 до 6:00 часот, од 24 декември ќе почнува од 20:30. Оваа мерка ќе важи до 4 јануари, а од 5 јануари полицискиот час повторно ќе почнува од 22 часот. Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите Од 24 декември до четврти јануари во 20:30 завршува работното време и во угостителските и трговските објекти... Читать дальше...

Словенија утре почнува со масовно доброволно тестирање

SlobodnaEvropa.mk 

Доброволно масовно тестирање за ковид-19 почнува утре во Словенија во бројни општини, изјави денеска Марија Магајне од словенечкото Министерство за здравство. Делумно се укинуваат рестриктивните ковид мерки во Словенија Точните локации и време допрва ќе бидат објавени, а резултатите од брзите тестови што ќе се користат за време на тестирањето од денеска се сметаат за еквивалентни на резултатите добиени со ПЦР тестовите, јави СТА. Тестирањето ќе биде достапно во сите поголеми словенечки градови... Читать дальше...

На Табановце до 15 часот влегле над 2.200 граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Од полноќ до 15 часот на Граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, информираше денеска МВР. Во овој период, пак, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјани. Од денеска за влез во соседна Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија.

Регулаторот на ЕУ официјално ја одобри вакцината на Фајзер/БиоНТек

SlobodnaEvropa.mk 

Европската агенција за лекови(ЕМА) денеска ја одобри употербата на вакцината на компаниите Фајзер/БиоНТек против коронавирус, отворајќи можност за почеток на вакцинацијата во ЕУ пред крајот на годинава. „Воодушевена сум што ќе објавам дека научниот одбор на ЕМА денеска се состана и поддржа одобрување на условеното ставање на пазарот на ЕУ на вакцината која ја развија Фајзер и БиоНТек“, рече генералната директорка на Агенцијата Емер Кук на онлајн прес-конференција. Нова мутација на коронавирусот... Читать дальше...

Дел од украдената марихуана од Јосифово завршил во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Еден дел од украдената марихуана од Валандовско-гевгелискиот регион веќе е откриен во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Од украдените 2 тони марихуана од фабрика во валандовското село Јосифово, во полициска акција во село Мојанци, во општината Арачиново беа пронајдени 231 килограми. Шестмина осомничени за случајот со украдената... Читать дальше...



Израел забрани влез на странци и задолжителен карантин за Израелци кои се враќаат од странство

SlobodnaEvropa.mk 

Израелските власти денеска одлучија сите Израелци кои се враќаат од странство мора да одат во изолација од најмалку десет дена во хотели кои ќе ги одреди државата, поради загриженост од новиот, позаразен сој на коронавирусот кој се појави во Велика Британија. Странците нема да можат да влезат во земјата во наредните 14 дена, освен во исклучителни случаи. Мерките стапуваат на сила од среда. Израелците кои се враќаат во земјата ќе одат во карантин до две неделни, но ќе може да излезат порано... Читать дальше...

ТРАУМАКУЛТУРА – концептуална рамка на болката

SlobodnaEvropa.mk 

Игор Сековски, Славица Јанешлиева, Гоце Наневски и Борис Шемов се уметниците кои го потпишуваат проектот ТРАУМАКУЛТУРА и во кој поединечно се бават со терминот на траума и болка. Десетина дена по мултимедијалната изложба тој го започна својот онлајн живот.

Корона-кризата го чинеше хрватското здравство над 120 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Корона-кризата досега го чинеше хрватското здравство вкупно 927,4 милиони куни, односно околу 123 милиони евра, објави денеска тамошниот министер за здравство Вили Берош. Според податоците, 76 милиони евра биле потрошени на тестирање до 18 ноември, трошоците за лекување се 36 милиони евра, а трошоците за боледување се над 11 милиони евра, изјави Берош на прес-конференција. Тој додаде дека во Министерството за здравство се одржува состанок со претставници на веледрогерии за состојбата на долгот... Читать дальше...

Напаѓачот од синагогата во Хале доби доживотен затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Екстремниот десничар Стефан Балиет е осуден на доживотен затвор за смртоносниот напад што го изведе врз синагога во источниот германски град Хале минатата година. Судот во Магдебург денеска го прогласи 28-годишниот Балиет за „сериозно виновен“ за злосторството, што значи дека ќе му биде забрането да биде предвремено ослободен по 15 години, што е максимална казна според германскиот закон, пренесе ДПА. Балиер призна дека се обидел да влезе во синагогата каде десетици еврејски верници го одбележуваа... Читать дальше...

Направени 591 ковид тестови - 129 нови случаи и 22 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последното деноноќие починале 22 пациенти со ковид-19, сите во болнички услови, биле направени 591 тестирање и регистрирани 129 нови случаи на коронавирус, објави Министерството за здравство (МЗ). „Пријавени се девет починати пациенти од Прилеп, од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68). Другите починати се тројца пациенти од Скопје (44, 61 и 67), еден од Куманово (88), еден од Дебар (43), од Штип (64), двајца од Струга (86 и 78), еден пациент од Велес (75)... Читать дальше...

Османи од Виена: Не се откажуваме од евроинтеграцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, за време на денешната работа посета на Австрија, во Виена се сретнал со австрискиот сојузен министер за Европа и надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, кому му се заблагодарил за континуираната и безрезервна поддршка на Австрија за европската перспектива на Македонија, вклучително и започнување на преговорите за членство во ЕУ без никакво одложување, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). „Оваа моја посета денес претставува... Читать дальше...

Заев најави европски план во 10 точки, за ВМРО-ДПМНЕ тоа се стари ветувања

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев најави план именуван Акција 21- за европски стандарди дома. Овие најави кои следуваат по неуспехот на европскиот интеграциски пат, за ВМРО-ДПМНЕ се стари четири години.

ВМРО-ДПМНЕ за Буџетот 2021: Од шупливо во празно

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини Владата и премиерот Зоран Заев дека Буџетот за 2021 година е неразвоен, не е насочен кон граѓаните и создава додадена вредност. Реакцијата следува по синоќешното усвојување на Буџетот за следната година во Собранието, кој, според владејачкиот СДСМ е „континуитет на одговорните, домаќински политики на СДСМ во управувањето со јавните финансии“. „СДСМ планира да троши стотици милиони без да каже на што. Владата ќе потроши историски највисоки средства само за плати... Читать дальше...

Да ја кренеме „будноста“ поради новиот корона вирус, побара Макрон

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на француската држава, Емануел Макрон, денеска изјави дека Франција треба да ја зголеми својата будност во врска со состојбата со Ковид-19, со оглед на појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија. Тој ова го побара за време на претседавањето со онлајн министерскиот состанок на владата, чии делови беа пренесени од француската телевизија БФМТВ. Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите Франција претходно ги прекина воздушните и железничките врски со Велика Британија во врска со новиот вид на коронавирус... Читать дальше...

Заев до Каракачанов: Македонци сме со векови, а не од 1944

SlobodnaEvropa.mk 

1943-та, на 31 декември, македонските граѓани не си легнаа како Бугари, а се разбудија на 1 јануари 1944-та како Македонци. Тие се Македонци низ вековите наназад. Се чувствувале Македонци и се чувствуваат Македонци. Тоа е нашиот директен одговор. Вака премиерот Зоран Заев денеска одговори на изјавата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој рече дека „пред 1944 година македонската нација не постоела“ и дека „сме се разбудиле во 1944 со мисла дека сме Македонци“. „Тажна балканска сказна“... Читать дальше...

МОН: Не се укинува предметот историја туку се интегрира

SlobodnaEvropa.mk 

Воведувањето на наставниот предмет општествени науки не значи дека се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него стануваат задолжителен дел од интегрираната наставна програма, реагираше денеска Монистерството за образование и наука (МОН), по минатонеделните информации и рекации дека се укинува предметот историја, како едно од решенијата за спорот со Бугарија и нејзиното вето на преговарачката рамка на Европската унија и Македонија. „Преку интегрирање на содржини од историја, граѓанско образование и географија... Читать дальше...


Музыкальные новости
Вячеслав Бутусов

Вячеслав Бутусов и Юлия Пересильд выступят фестивале «Дикая Мята» с 14 по 16 июня





Персональные новости
#123ru.net

Тема дня: «Известия»: число работающих граждан в РФ вырастет на 1,4 млн за три года





Во болниците во Македонија има 1197 ковид пациенти и 280 слободни места

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1197 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид центрите, информираше МЗ. Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите По однос на мерката за носење лична заштита на лице... Читать дальше...

Одложена расправата за пензионирање на 64 години

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска не ја почна расправата по амандманите на измените и дополнувањата на Законот за работни односи, кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници, бидејќи не биле преведени сите амандмани. Новите мерки за пензиите товар или релаксирање на буџетот? Како што информира претседателот на Комисијата Хусни Исмаили, службите не успеале да ги преведат сите амандмани. Тој најави... Читать дальше...

Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите

SlobodnaEvropa.mk 

По појавата на нова мутација на коронавирусот се зголемува бројот на земји кои забранија патување од или во Британија. Македонската влада ги забрани летовите од Британија, и воведе 14-дневна самоизолација за патниците што директно или индиректно пристигнуваат од таа земја.

Владина „Акција 21“: Борба со корупција, енергетика, попис...

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска на прес -конференција ги промовираше, како што рече, 10-те приоритети на Владата за следната 2021 година, наречени „Акција 21“. Според премиерот, се работи за големи и важни македонски, домашни проекти, чија цел е постигнување на европските стандарди дома. „Сите заедно продолжуваме да ја правиме Северна Македонија европска подготвени во секое време да ги почнеме преговорите за членство“, рече Заев. 10-те приотитети, рече Заев, се: 1.Прочистување на правосудството... Читать дальше...

На последните протести во Белорусија уапсени 151 лице

SlobodnaEvropa.mk 

Безбедносните сили во Белорусија приведоа повеќе од 150 лица за време на синоќешните протести на кои го повикаа Александар Лукашенка да се повлече, соопшти Групата за човекови права Вјасна. Групата објави имиња на 151 лице за кои рече дека биле приведени во главниот град Минск и градовите Барисау, Хомел, Хродна, Салихорск, Смиловичи, Наваполацк, Брест и други локации. Беа пријавени маршеви и митинзи во неколку области во Минск, јави Белоруската редакција на РСЕ, а многумина носеа црвено-бели знамиња или транспаренти на опозицијата. Читать дальше...

Од денеска во Србија само со негативен ПЦР тест, освен за транзит

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска за влез во Србија е задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија, јави МИА од Белград. По денешната седница на Кризниот штаб, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се усвоени предлозите да се дозволи работа на трговски центри до 20 часот, како и дека сите услужни дејности ќе работат до 20 часот во работните денови. По случајот на мутација на Ковид-19, забранети сите летови од Британија во... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

РОСГВАРДИЯ ОБЕСПЕЧИЛА ПРАВОПОРЯДОК ВО ВРЕМЯ ФУТБОЛЬНОГО МАТЧА «ЦСКА» - «СПАРТАК» В МОСКВЕ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Линетт сыграет против Соболенко во втором круге турнира WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

При каких обстоятельствах может затопить Петербург и Москву? Отвечает гидролог





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время в пути от Москвы до курортов Черного моря


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: на территории Польши и Прибалтики готовят атаки на восток




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Ирина Серегина

Сотрудники Росгвардии Московской области написали «Диктант Победы»



Москва

Полковник Макгрегор: США ждет жесткий ответ в случае конфискации активов России

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net