Тројца загинати во експлозија во фабрика за барут во Италија
Во експлозија во фабрика за барут во јужна Италија загинаа тројца луѓе, пренесуваат италијанските медиуми.
Агенцијата Анса пренесува дека од градоначалникот на Казалбордино добиле информација за бројот на загинати, додавајќи дека пожарникарите помагаат на местото на експлозијата.
Жител на Казалбордино, во провинцијата Кијета, за РаиЊуз24 изјави дека на некои граѓани им било кажано да се евакуираат од домовите поради претпазливост.
Причините за експлозијата се истражуваат.