123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2020

Новости за 22.12.2020

Заев лично му се заблагодарил на Борисов за вакцините против ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Зоран Заев вечерва на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека по одлуката за донации на вакцини, изразил благодарност лично до бугарскиот премиер Бојко Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија. „Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада... Читать дальше...

Финансова полиција- на добар пат сме да докажеме каде завршиле парите од „Еуростандард банка“

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми вечерва изјави дека се на добар пат да докажат каде завршиле парите од „Еуростандард банка“. "На добар пат сме да ја докажеме одговорноста на сите вмешани страни кои се дел од оваа алка“, рече Муареми во гостувањето во Телевизија 24, а пренесува МИА. Тој истакна дека за „Еуростандард банка“ постапуваат по неколку добиени наредби од Обвинителство за организиран криминал и корупција. „Во почеток мислевме дека не е толку организирано, но кога... Читать дальше...

Влада- по исцрпна јавна расправа до најдобрите решение за основното образование

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на македонската влада денеска на седницата на која била презентирана Нацрт - концепцијата за основно образование заеднички заклучиле дека е неопходно да се спроведе исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование, соопштија од владината прес служба. Во соопштението... Читать дальше...



Кабинет на Додик- иконата подарок за Лавров не е украдена

SlobodnaEvropa.mk 

Иконата која претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик му ја подари на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров не е украдена и е од редот на семејните осветени икони, соопштија денеска од кабинетот на Додик. Амбасадата на Украина во БиХ му врачи на босанското министерство за надворешни работи нота во која замолуваат за дополнителни информации за потеклото на иконата од украинското културно наследство, а која Додик му ја врачи на Лавров при посетата на 14 декември. Читать дальше...

Хоти ja прифаќа одлуката на косовскиот Уставен суд

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека беспоговорно ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за прогласување за нелегитимна на Владата која тој ја води и организирање вонредни парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Хоти попладнево на прес-конференција побара Собранието да не се расушти пред да се изгласа буџетот на државата за 2021 година. Уставниот суд на Косово синоќа го прифати барањето на опозициското Движење самоопределување (ВВ) за прогласување за неважечки... Читать дальше...

Нови 758 заразени со ковид19, 26 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19. Oд нив најмногу во Скопје-324, а потоа следуваат Прилеп-46, Куманово-43, Кавадарци-36, Гостивар-32, Охрид-28,Струга-27, Велес-26, Струмица-26, Битола-23, Штип-22, Тетово-21, Кочани-19, Гевгелија-17, Кичево-14 и Неготино-11. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје, двајца од Куманово , еден од Дебар... Читать дальше...

Поштенска марка за 25 години македонско-американски дипломатски односи

SlobodnaEvropa.mk 

Специјално издание на поштенска марка по повод 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и САД беше промовирано денеска во Министерството за надворешни работи. На промоцијата преку видеоконференциска врска се обрати помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Филип Рикер кој е поранешен американски амбасадор во Северна Македонија навраќајќи се на почетоците од воспоставувањето на односите и придонесот на неговите колеги од првиот амбасадор Кристофер Хил... Читать дальше...

Османи за изјавата на Захариева-имаме јасна поддршка од останатите 26 членки на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Апсолутно е јасна поддршката за нас од страна на сите преостанти 26 земји членки на ЕУ. Комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение, имаме волја да продолжиме понатаму, да не изгубиме ниту еден ден, ниту билатералните прашања не треба да бидат пречка за европските процеси, па ниту изборите да бидат пречка за решавање на билатералните разлики, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Коментирајќи ја изјавата на неговата бугарска колешка Екатерина... Читать дальше...



Додик позитивен на коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик е позитивен на коронавирусот, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Република Српска (УКЦ РС). Како што е наведено, конзилиум лекари се состана во УКЦ РС  ја разгледа здравствената состојба на Додик. Констатирано е дека има потешкотии со дишењето и болки во желудникот. Дијагностицирана е пневмонија, а третиот тест за вирусот е позитивен, пренесува РТРС. „Здравствената состојба на Милорад Додик е стабилна, тој се чувствува добро и прима соодветна терапија“... Читать дальше...

Русковска- одбраната не докажа дека Василевски не бил во седиште на политичката партија

SlobodnaEvropa.mk 

Сметам дека одбраната не успеа во намерата да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија, изјави обвинителката Вилма Русковска, по денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април. Вештото лице кое го ангажирале, посочи Русковска, требаше да ги земе оригиналните цедиња од мобилните оператори и врз база на тоа да извеши вештачење, а не да вештачи врз основа на скенирани докази на обвинителството. „Ако се погледат листинзите од движењето... Читать дальше...

Амбасадорите на Чешка и Словачка- никој од С.Македонија не влијаеше врз нашата одлука во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадарот на Словачка и заменик амбасадорот на Чешка во Скопје реагираа наведувајќи дека никој од Северна Македонија не влијаел врз нивната одлука да ги блокираат предлог заклучоците на ЕУ. Македонските партии продолжуваат со расправијата- кој шири лажни вести.

Дачиќ: Изборите на Косово се изговор за одложување на дијалогот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека одлуката на Уставниот суд на Косово за нови избори е нов изговор за одложување на дијалогот со Белград, јави МИА од Белград. Дачиќ додал дека брзината на евроинтеграциите на Србија зависи од преговорите со Приштина, која „секогаш бара изговор“. „На Косово се се повторува, секогаш кога во дијалогот треба да се договори нешто, има некои проблеми во Приштина. Додека им траат изборите, нема преговори, и тоа постојано се повторува“, кажа Дачиќ за ТВ Хепи, пренесе МИА. Читать дальше...

ДКСК ќе испита дали градоначалникот Шилегов има договор со адвокатот Шилегов

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе ги испита наводите дали Град Скопје има склучено договор со адвокатското друштво на градоначалникот Петре Шилегов, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. „Во врска со наводите што ги слушнавме преку медиумите, дека Градот Скопје има склучено договор со адвокатското друштво, ДКСК одлучи да го испита овој случај и да ги потврдиме или отфрлиме наводите и за тоа ќе ја известиме јавноста, бидејќи станува збор за сензитивно прашање. Читать дальше...

МОН: Пари за новата реформа има

SlobodnaEvropa.mk 

Над 200 милиони евра се планира со новиот буџет да се инвестира во основното образование за реформи и капитални инвестици. Според одговорот од МОН во тој буџет спаѓаат инвестиции за изградба на училишта, за плати, но и пари за новата реформа, за обуки на наставници и за наставни програми.

Кремљ „казни“ нови ЕУ функционери поради санкциите во врска со Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Русија соопшти дека го проширила списокот на официјални претставници на Европската унија (ЕУ) на кои им се забранува влез во земјата како одговор на „неприфатливата“ одлука на блокот да воведе забрани за патување на руски официјални лица во врска со труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални. „Министерството за надворешни работи (МНР) во Москва одлучи да го прошири списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ и институциите на кои ќе им биде забранет влез во Руската Федерација“, се вели во денешното соопштение на руското МНР... Читать дальше...

Неделен извештај на ИЈЗ: Помалку позитивни и починати

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на новодијагностицирани и починати, како и на процентот на позитивни од тестирани за Ковид-19, во периодот од 14 до 20 месецов, споредено со претходната недела, е намален, покажуваат податоците од денеска објавениот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тоа, како што посочуваат оттаму, е тренд во изминатите три недели. Според извештајот, во тој период се пријавени 159 смртни случаи од 25 града, што е намалување од 8,6 проценти во однос на минатата недела. Во однос на возраста... Читать дальше...

Нуредини: Итен план за Преспанско, со аерозагадувањето чекор по чекор

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, денеска информираше дека е изработен итен акциски план за заштита на Преспанското Езеро кој е придружен и со финансиска конструкција, и дека планот е во владина процедура за усвојување. Нуредини рече дека се надева оти активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат и на таков начин, како што рече, ќе се намалат антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации... Читать дальше...

Филхармонија за збогување со 2020 со концерт „Нова Година – нов почеток!“

SlobodnaEvropa.mk 

Со идеја да креира несекојдневен настан кој ќе ги спои традицијата, класиката и џезот, Филхармонија во соработка со Здружението на џез музичари, в четврток на 24 декември, ќе го одржи својот последен годинашен концерт насловен „Нова Година – нов почеток!“. Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин.

Анкара бара елиминација на структурите на Фето во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, кој е во официјална посета на Македонија, на денешната средба со новинарите, побара елиминирање на структурите на организацијата Фето во Македонија. Тој рече дека ги пренесува пораките што се однесуваат на организацијата Фето, што турските власти ја прогласија за терористичка, по обидот за преврат во Турција во 2016 година. Темата за Фето, како што кажа тој, е актуелна во односите на Турција со сите балкански земји. Од Скопје... Читать дальше...


Музыкальные новости
Григорий Лепс

Лепс ударил по телефону фанатки на концерте в Костроме





Персональные новости
ММА

Праздник космических масштабов: ММА для каждого





Борисов: Решение за евроинтеграциите догодина

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, на денешната владина седница изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, пренесе МИА. Изјавата на бугарскиот премиер следува еден ден откако и македонскиот премиер, Зоран Заев, изјави дека верува оти ќе се најде решение за спорот во првата половина од следната година. Бугарија ја блокираше преговарачката рамка на Европската унија и Македонија со образложение дека... Читать дальше...

Косово пред нови избори, владата била изгласана незаконски

SlobodnaEvropa.mk 

Највисокиот суд на Косово пресуди дека гласање во парламентот за избор на нова влада во јуни годинава беше неуставно, што значи дека сега се неопходни нови парламентарни избори. На тоа е посветена денешната средба на ВД претседателката на Косово Вјоса Османи со претставници на партиите.

Членките на СЗО ќе се состанат заради новиот коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организација (СЗО) ќе свика состанок на членките да ги разгледа стратегиите за борба против новиот, позаразен вид на коронавирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска шефот на СЗО за Европа,Ханс Клуге, не прецизирајќи го датумот на состанокот. „Ограничувањето на патувањата со цел да се сузбие ширењето на вирусот е мудро се додека немаме повеќе информации. Синџирите за снабдување со основни прозиводи и нужните патувања треба да останат можни“, напиша Клуге на Твитер... Читать дальше...

Мицкоски не дојде да сведочи за Организатори на 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето на обвинетите за организирање на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Денешното рочиште е за сослушување на сведоци предложени од одбраната, меѓу кои и поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски. Како сведок на денешното рочиште бил повикани и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не дошол во судот поради приватни причини. Од партијата соопштија дека нивниот претседател имал однапред закажани обврски и затоа бил спречен... Читать дальше...

Лоша година за странските инвестиции

SlobodnaEvropa.mk 

Странските директни инвестиции се во минус и во третиот квартал годинава, објави Народната банка. Бележат нето-одлив од 5,4 милиони евра. За првите девет месеци од годината се забележани 119,5 милини евра странски инвестиции, што е еден од најслабите резултатите во последните години.

Бугарија дел од своите вакцини ќе ѝ ги донира на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира на Северна Македонија, одлучила утрово бугарската Влада, на чија денешна седница обраќање имал и македонскиот министер за здравство, Венко Филипче. Министерот оваа информација утрово ја објави на неговиот официјален фејсбук профил. „Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија (ЕУ). Благодарение на овој пријателски чин... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Парашютный Фестиваль «Небофест 2024» состоится 26 мая в Нижнем Новгороде


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Касаткина вошла в десятку Чемпионской гонки WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

KP.RU: в Москву после зимы вернулись грачи, скворцы, белые трясогузки и жаворонки





Путин в России и мире
Москва

Политолог Чешов объяснил, почему Путин поддерживает Андрея Бочарова


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко подписал указ по реализации до 2028 года нового с РФ проекта в сфере космоса




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленского выпороли ультиматумом: США жестко ответили на наглость и поучения Киева


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Моргенштерн

Моргенштерн* сделал Лизе Василенко предложение — она ответила



Москва

Для потенциальных участников программы «Время героев» в Ростове-на-Дону откроют постоянно действующий пункт

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net