123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2020

Новости за 01.12.2020

Нови 1.069 позитивни на коронавирус, 29 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 1.069 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.012 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 62.945. Починати се 29 пациенти во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 1.792 лица. Во моментов во земјава има 20.965 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје,  соопшти Министерството за здравство. Читать дальше...

Борел - Решението за Србија и Косово во рамки на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел порача дека решението за нормализација на односите меѓу Косово и Србија треба да се бара во европски рамки. „Драго ни е што САД се подготвени да помогнат, но ЕУ е таа која го води и одговара за овој процес. Само ЕУ може да даде важна понуда за луѓето таму, а тоа е европска перспектива. Во рамки на европската перспектива мора да се решава овој проблем“, изјави Борел. Шефот на европската дипломатија, кој пред точно една година ја презема функцијата, нагласи... Читать дальше...

Кина успешно слета летало на Месечината

SlobodnaEvropa.mk 

Во историска мисија за собирање на примероци од прашина од површината на Месечината, Кина денеска успешно слета влеселнско летало на Месечината, јавија кинеските државни медиуми, пренесува Ројтерс. Кина ја лансираше својата сонда „Chang’e-5“ на 24 ноември. Мисијата, именувана по митската кинеска божица на Месечината, има за цел да собере материјал од нејзината површина за да можат научниците да дознаат повеќе за потеклото на Месечината. За време на мисијата, ќе бидат направени обиди да се соберат... Читать дальше...



„BioNTech“ и „Pfizer“ поднесоа барање за одобрување на вакцини во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Германската фармацевстка компанија „BioNTech“ и нивниот американски партнер „Pfizer“ соопштија дека поднеле барање за регулаторно одобрување на нивната вакцина против Ковид-19 во Европската унија, еден ден откако американската компанија „Moderna“ соопшти дека преземале слични чекори. Во денешна изјава „Pfizer“и „BioNTech“ соопштија дека поднеле барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за „условно одобрување и ставање во промет“ на нивната вакцина по тестирањата кои покажале дека е 95 отсто... Читать дальше...

Бучковски именуван за специјален претставник за Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Владо Бучковски е именуван за специјален претставник за Бугарија, соопшти владината прес-служба. „Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство“, соопшти Владата.  Потегот доаѓа во услови кога почетокот... Читать дальше...

Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не ги продава државата и историјата

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓани, со транспаренти „Долу влада“, „Да ја одбраниме последната црвена линија“ и „Заев, ќе си одиш сам или да дојде народ“, велат дека сакаат да го спречат распродавањето на земјата.

Владата со предлог за продолжување на кризната состојба за шест месеци

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ќе достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба во земјава за уште шест месеци, односно до јуни следната година, соопшти Владата. „Со оваа предлог-одлука се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година“, се вели во соопштението.  Владата на седница на 20 ноември прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија заради заштита на јавното здравје од пандемијата на Ковид-19... Читать дальше...

Возач со џип влетал во пешачка зона во германски Трир, 2 мртви

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку две лица загинаа денеска, а неколку други се повредени, кога ги удри автомобил во пешачка зона во градот Трир, во западна Германија, соопшти полицијата, јави новинската агенција Ројтерс. "Уапсивме едно лице. Две лица починаа, според прелиминарните индикации. Ве молиме, продолжете да го избегнувате централното градско подрачје", објави полицијата на Твитер. Локалниот весник „Триришер Фолксфрунд“ цитираше очевидец дека темно-сив џип „рејнџ ровер“ се движел со голема брзина и од ударот луѓето биле фрлени во воздух. Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Заев - СДСМ: Нема иднина со блокирана партија

SlobodnaEvropa.mk 

Мора да се стави крај на распродажбата на се што е македонско од страна на Зоран Заев, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски, во обраќањето на протестот пред Владата во Скопје, организиран поради, како што велат, изјавите напремиерот Зоран Заев и „разнебитувањето на Македонија“. Денешниот протест и блокадите на Владата и Министерството за надворешни работи се дел од протестите што ги најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на премиерот Заев за бугарската агенција БГНЕС... Читать дальше...

КСС: Недела ден за одмор, а за тие што ќе работат поголема дневница

SlobodnaEvropa.mk 

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), во врска со предлогот за прогласување на недела за неработен ден, предлага недела да биде ден за одмор, а секоја работа во недела да се пресметува како прекувремена работа и да се исплаќа дневница зголемена за 50 отсто. „Сегашното Законско решение само треба да се дополни и тоа: Во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50%... Читать дальше...

Османи: Рецептот за Западен Балкан е ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Кога зборуваме за европската иднина на Северна Македонија – најпрво мислиме на младите генерации кои имаат право на подобар живот и пристојни услови да останат да творат во својата земја. Европската индина е единствен рецепт за превенција од ретроградните политички тенденции на Балканот – единствениот одговор на предизвиците за помирување и градење на просперитет и стабилност, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на неформалниот состанок за Советот на Европската Унија (ЕУ) за општи работи – ГАК. Читать дальше...

Во скопските ковид центри има 489 пациенти, за 4 дена дадени 7.500 решенија за изолација

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 56 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 489 луѓе сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, велат од Министерството и додаваат дека во последното деноночие дома се пуштени 27 оздравени пациенти. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места... Читать дальше...

„Размислувај поразлично“ со 11-от регионален Мобил филм фестивал

SlobodnaEvropa.mk 

Деведесет филма од светот ја чинат програмата на годинешното 11-то и прво онлајн издание на Мобил филм фестивал што во организација на продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“ од Скопје и под мотото „Размислувај поразлично“ се одржува од 30 ноември до 6 декември.

Врховниот суд ја укина казната за Атанбаев, ќе има ново судење

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот суд на Киргистан ја укина осудителната пресуда и затворската казна за поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, кои му беа изречени во јуни. Тој беше осуден поради неговата вмешаност во нелегалното ослободување на озлогласениот кринимален шеф Азиз Батукаев во 2013 година. Адвокатот на Атамбаев изјави дека Врховниот суд донесе одлука да го врати случајто на повторно судење, но не се познати причините за таквата одлука. Претходно во август, Градскиот суд во Бишкек ја потврди пресудата... Читать дальше...

Иранскиот безбедносен апарат под удар по атентатот врз нуклеарниот научник

SlobodnaEvropa.mk 

Атентатот врз врвниот ирански нуклеарен научник предизвика критики кон безбедносниот апарат на земјата. Овој напад резултираше со повици до властите да ги пронајдат странските агенти кои се чини дека се инфилтрирале во безбедносниот систем на земјата.

ЕСЕ: Транспарентноста на тендерите во јавното здравство намалена

SlobodnaEvropa.mk 

Намалена е транспарентност во објавувањето информации за спроведените постапки за јавни набавки во здравствени институции, покажува мониторингот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), кое во периодот од 2016 до 2019 година континуирано го следеше процесот на јавни набавки во 62 здравствени институции. Институциите за овие четири години, соопштија од ЕСЕ, склучиле повеќе од 18.000 договори за набавка на стоки и услуги и за извршување работи, за кои потрошиле над 300 милиони евра. Читать дальше...

Ќе им биде ли исплатен К-15 на буџетските корисници?

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикалците не знаат дали властите на буџетските корисници ќе им исплатат К-15 до крајот на годината, но се надеваат на позитивен исходот од разговорите. Пандемијата го погоди и приватниот сектор. Синдикалци велат дека и фирми кои имаат загуби се обврзани да исплатат К-15, но во помал износ.

Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев

SlobodnaEvropa.mk 

Од 6 декември се воведува редовна авиолинија на релацијата Скопје-Киев, соопшти Амбасадата на Украина во Скопје. Првпат се воспоставуваат летови меѓу Украина и Северна Македонија, а ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летови ќе има секој четврток и недела. „Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија“... Читать дальше...

Луис Хамилтон e позитивен на ковид- 19

SlobodnaEvropa.mk 

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон e позитивен на ковид- 19 и ќе ја пропушти трката во Бахреин викендов, објави денеска неговиот тим. Хамилтон минатата недела беше тестиран три пати и секогаш резултатот беше негативен. Последниот тест беше направен на 29 ноември. Но на 30 ноември му се појавиле лесни симптоми, по што повторно бил тестиран и излегол позитивен. И повторниот тест е позитивен. Триесет и петгодишниот Хамилтон е во изолација во согласност со здравствените протоколи во Бахреин.


Музыкальные новости
Тимати

Блогер Ксения Собчак показала рисунок сына Тимати, где он изобразил свою мать





Персональные новости
Спартак

Московский «Спартак» разгромил «Ростов» со счетом 5:1





Како последица на ковид-19 почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи почина од компликации предизвикани од вирусот ковид-19. Енвер Малиќи беше избран за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година, од советничката листа на Демократската унија за интеграција. Во декември 2017 година беше избран за заменик градоначалник на Скопје. Енвер Малиќи назначен за заменик-градоначалник на Скопје Малиќи беше долгогодишен стопанственик на компанијата „ГЕМАК Трејд“, како и на хотелот „Парк Хотел и Спа“.

ВМРО–ДПМНЕ со блокада пред Владата и МНР ќе бара оставка од Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест со блокада пред зградите на  Владата и на Министерството за надворешни работи, почнувајќи од 12:30 часот завршувајќи во 14:00 часот, соопшти опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев и тој јавно да каже за што тајно се преговарало овој викенд во Софија. „Заев продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО... Читать дальше...

Научниот советник на Трамп, Скот Атлас ја напушта Белата куќа

SlobodnaEvropa.mk 

Научниот советник на претседателот Доналд Трамп, д-р Скот Атлас, кој беше скептичен во однос на мерките за контрола на ширењето на коронавирусот, го напушта своето место во Белата куќа. Неврорадиологот од Универзитетот Стенфорд кој немал официјално искуство во јавно здравје или заразни болести Атлас и се приклучи на Белата куќа пред неколку месеци, каде што се судри со врвни владини научници, вклучувајќи ги Антонио Фаучи и Дебора Бирк, бидејќи се спротивставуваше на посилните напори да се запре пандемијата... Читать дальше...

Македонското собрание пред онлајн испит

SlobodnaEvropa.mk 

Додека во земјава се уште се води дебата за тоа дали онлајн работата на македонското собрание е според устав, во некои европски земји пленарните онлајн седници се реалност. Поранешниот спикер Стојан Андов вели дека собранието мора да работи, па дури и онлајн во услови на криза

Русија ги отфрли барањата за повлекување на своите сили од Трансдњестар

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ ги отфрли повиците на идната претседателка на Молдавија, Маја Санду, за повлекување на руските трупи од сепаратистичкиот регион Трансдњестар, велејќи дека ваквиот потег може да доведе до „сериозна дестабилизација“. Санду, која е за поблиски врски со Европската унија, вети балансирани врски со Западот и Русија откако уверливо го победи прорускиот актуелен претседател Игор Додон во вториот круг на претседателските избори во Молдавија пред две недели. Остануваат или заминуваат? Руски мировници во постсоветскиот простор Но... Читать дальше...

Турција воведе полициски час преку неделата и целосна блокада за викендот

SlobodnaEvropa.mk 

Турција од денеска воведе полициски час преку неделата и целосна блокада за време на викендите за борба против ширењето на коронавирусот, откако смртните случаи достигнаа рекордно ниво. „На граѓаните нема да им биде дозволено да го напуштаат домот помеѓу 21 часот и 5 часот наутро во работните денови и воопшто за време на викендите“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Некои сектори, вклучувајќи ги синџирите на снабдување и производството, ќе бидат ослободени од мерките. „Ние внимателно преземаме... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Cуперфинал Кубка России планируют провести в «Лужниках», сообщил источник


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Рыбакина назвала свое преимущество над Швентек


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперты рассказали, как вести себя при встрече с летучей мышью





Путин в России и мире
Москва

Президент Азербайджана Ильхам Алиев прибыл в Москву по приглашению Путина


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

В Минске прошла рабочая встреча Александра Лукашенко и Александра Цыбульского




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: "формулой Зеленского" США отвлекали внимание от нового транша Киеву


Навальный в России и мире
Москва

Мосгорсуд оставил в СИЗО журналистку Фаворскую, обвиняемую в экстремизме за репортажи о Навальном



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Вячеслав Бутусов

Вячеслав Бутусов и Юлия Пересильд выступят фестивале «Дикая Мята» с 14 по 16 июня



Москва

Танцоры из Лобни выиграли Гран-при международного фестиваля

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net